Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Потпри се на Мене (Карен Слоан)
„Потпри се на Мене“. Бог ја упатува оваа покана до тебе и мене во секој момент од нашиот живот. Можеме да одговориме со: „Те молам, Боже, спаси ме! Дојди брзо, Господи, и помогни ми“. Но, во мојот случај, фокусот често е насочен кон мене. Заглавен сум во нештата кои сум ги постигнал или оние кои сум ги оставил незавршени. Верувам дека околностите се или резултат на моите способности или на моите ограничувања. Кога во животот ми оди добро, јас сум заслепен од реалноста дека целосно сум зависен од мојот Создател. Звукот на ароганцијата и вознемиреноста го збунува повикот кој ми вели да се потпрам врз Неговите вечни раце.
Ние сме создадени од Бог за да бидеме зависни. Тоа е двојна зависност - прво, директно од Бог, и второ, индиректно од Бог преку луѓето кои Тој ги носи во нашите животи. Постоиме за да бидеме меѓусебно поврзани, а не изолирани.
Кога Исус живеел на Земјата, како и Бог и човек, тој живеел живот на постојана зависност од својот Татко; но, исто така, Тој зависел од грижата на својот Татко преку другите луѓе. Бог му дал човечки живот преку Марија. Марија прво го носела Исус во нејзиното тело, а потоа и во нејзините раце. Грижата која Марија му ја покажала била првата грижа која тој ја примил. Таа секојдневно му подготвувала храна и се грижела за него со сето срце - исполнувајќи ја една од најдлабоките потреби на човечката душа.
Како возрасен, Исус зависел од поголема заедница за да го изврши делото за кое бил повикан. Едно момче обезбедило пет лебови и две риби со што се нахраниле пет илјади луѓе. Исус кај бунарот побарал вода од жената - и зависел од нејзиниот збор со кои таа го евангелизирала целиот Самаријански град, водејќи многумина до вера во Него. Преплавен од тага во градината во Гетсиманија, Исус побарал утеха во друштвото на Петар, Јаков и Јован, иако заспале кога му биле најпотребни. Кога умрел на крстот, Марија била таму со другите жени и Јован, можеби подготвени да го држат телото негово за последен пат. Исус го повикал својот ученик да направи уште нешто за Него - да се грижи за Неговата мајка (Јован 19: 26-27). Дури и неговиот гроб бил подарок од еден од неговите следбеници (Матеј 27: 59-60).
Но Исус не остана во оваа гробница повеќе од три дена. Оној од Кого Тој најмногу зависел го воскресна од смрт во живот.
Постои слобода во зависноста од Бог. Таа ни овозможува на секој од нас да ја прифати својата ранливост. Ние веќе не треба да се криеме во срам или самодоволност. Ти и јас можеме да избереме да се потпираме на нашиот Татко во услови на целосен спектар на катастрофални и пријатни настани, молејќи: „Те молам, Боже, спаси ме! Дојди брзо, Господи, и помогни ми" (Псалм 70:1).
Ние зависиме од Господ, зависиме од оние што се најблиски до нас, и да се потпреме на светиите кои пред нас го оделе патот на верата. Пред 16 години, европскиот христијански лидер по име Џон Касијан објави извештај за неговите разговори со монаси кои живеат во пустината на Блискиот Исток. Еден постар монах, Исак, ја споделил оваа молитва од Псалм 70 со младиот Џон кога тој го посетил нивниот манастир. Книгата на Џон - и молитвата на Исак - имале такво влијание што дури и денес многу христијани низ целиот свет ги почнуваат своите молитви со библискиот стих кој Исак му го дал Џон Касијан. И во деновите кога сеуште ќе можам да го слушнам повикот: „Потпри се на Мене“ и јас, исто така ќе се придружам во оваа молитвена практика, делумно благодарејќи на Џон Касијан, Исак и неговите колеги монаси.

Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056