Молитви за пост од Светото Писмо: МозаикПримерок

Џон Касијан (Египет, 365-435)
Ова е нешто што ни е дадено од страна на раните црковни отци и е нешто што можеме да им го предадеме само на мал број луѓе кои сакаат да ги знаат овие нешта:
За да ја задржите Божјата мисла секогаш во вашиот ум, мора целосно да се приврзете кон оваа побожна изјава: „Дојди помогни ми Боже, Господе, побрзај и избави ме" [Псалм 70: 1].
Не е случајно што овој стих е избран како суштински од целото Писмо. Во себе ги носи сите чувства за кои човечката природа е способна. Истиот може да се прилагоди на секоја состојба и може да биде корисно употребен против секое искушение. Во себе носи крик на помош кон Бога во време на опасност. Ја изразува понизноста на една побожна исповед. Ја пренесува претпазливоста родена од бескрајните грижи и стравот. Ни ја покажува нашата слабост, сигурноста дека сме слушнати од Бог и довербата во помошта што секогаш и секаде ни е достапна. Некој што постојано го повикува својот заштитник и е многу сигурен дека тој е блиску. Ова е гласот исполнет со водушевување, љубов и потреба. Ова е преплашениот крик на некој што ги гледа замките на непријателот, крикот на некој кој е под опсада дење и ноќе и извикува дека не може да избега ако неговиот заштитник не дојде да го спаси.
Овој краток стих е непробоен ѕид за сите оние кои се борат против нападот од демони. Тоа е непробоен оклоп за градите и најсилен штит. Без оглед на маката, болката или темнината во нашите мисли, овој стих нè одвраќа од разочарувањето за нашето спасение, бидејќи ни го открива Оној Кого го повикуваме, Оној Кој ги гледа нашите борби и Кој никогаш не е далеку од оние кои Му се молат. Ако нештата во духовната сфера одат добро за нас, ако има радост во нашите срца, овој стих е предупредување за нас да не се гордееме, да не се надувуваме затоа што сме во добра состојба која, како што се вели, не може да се задржи без Божјата заштита која постојано треба да ја бараме во молитва. Верувам дека овој краток стих се покажува како неопходен и корисен за секој од нас и во сите околности. За некој на кого му е потребна помош во сите нешта е јасно дека тој бара помош од Бога, не само во тешки и тажни ситуации, туку подеднакво и во среќни и радосни услови. Тој знае дека Бог нè спасува од неволји и ни дава постојана радост и дека во ниту една ситуација човечката слабост не може да преживее без Неговата помош.

Свето Писмо
Опис за овој план

Овие секојдневни (46 дневни) читања за Постот, адаптирани од Светото Писмо: Мозаик, на едно место ти нудат цитати, четива и стихови кои ќе ти помогнат да го насочиш умот кон Христос. Без разлика дали немаш никакво познавање поврзано со периодот на Постот или можеби го практикуваш Постот цел живот, од голема корист ќе ти бидат библиските стихови но и четивата напишани од христијаните од целиот свет и од целата историја. Придружи ни се нам и на црквата низ светот додека го насочуваме вниманието кон Исус во периодот кој му претходи на Велигден.
More
Би сакале да им се заблагодариме на Tyndale House Publishers за нивната великодушност во обезбедувањето на Преданијата за Велигденскиот пост извадени од Светото Писмо: Мозаик. За да дознаете повеќе за Библијата: Мозаик, посетете ја страницата: www.tyndale.com/p/holy-bible-mosaic-nlt/9781414322056