Псалми 90
90
ПСАЛМ 90
Бог е наш вечен заштитник
1Пофална песна на Давид.
Оној што живее под закрилата на Севишниот,
тој ќе се насели под покривот на небесниот Бог.
2 #
17,2
Ќе Му рече на Господа:
„Ти си мој застапник и мое прибежиште,
Бог мој, на Кого ќе се надевам“.
3Зашто Тој ќе те избави од замката на ловците
и од збор што збунува.
4 #
16,8; 5 Мојс 32,11; Рута 2,12; Мт 23,37 Со плеќите Свои ќе те осени
и под крилјата Негови ќе се надеваш;
како оружје ќе те опкружи вистината Негова.
5 #
Изреки 3,25; Песна 3,8 Нема да се исплашиш од ноќен страв,
од стрели што летаат дење,
6 #
5 Мојс 32,24; Ер 15,8; Ос 13,14; Сир 34,16 од напаст што демне во темнина,
од зараза и од демон пладневен.
7Покрај тебе ќе паднат илјада и десет илјади десно од тебе,
но до тебе нема да се приближат;
8сепак, со очите свои ќе гледаш
и отплатата на грешниците ќе ја видиш.
9Зашто, Ти си, Господи, надеж моја;
Севишниот Го постави за свое прибежиште.
10 #
5 Мојс 7,15; Изреки 12,21 Зло нема да те снајде
и камшик нема да се приближи до шаторот твој;
11 #
Мт 4,6; Евр 1,14 Зашто на ангелите Свои ќе им заповеда за тебе,
да те чуваат на сите патишта твои.
12 #
Изреки 3,23
На раце ќе те подигнат,
за да не си ја сопнеш на камен ногата своја.
13 #
Ис 11,8; Јов 5,19-22; Мк 16,18; Лк 10,19 На аспида и на змија отровница ќе стапнуваш
и лав и змеј ќе згазиш.
14 #
9,10
Зашто на Мене се надеваше и ќе го избавам;
ќе го покријам, зашто го позна името Мое.
15 #
Ис 43,2; Ер 33,3 Ќе повика кон Мене и ќе го услишам;
со него сум во маката,
ќе го избавам и ќе го прославам.
16 #
22,6; 49,23; Јов 5,26; Изреки 3,2; 10,27 Со долгоденствие ќе го исполнам
и ќе му го покажам спасението Мое.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Псалми 90: MAK2024PS
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
Македонско библиско здружение 2024

:
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
Македонско библиско здружение 2024