Псалми 56

56
ПСАЛМ 56
Молитва за избавување од гонителите
1За крајот. Не погубувај!
Од Давид, за натпис на столб, кога побегна во пештерата од Сауловото лице.
2 # 16,8 Помилуј ме, Боже, помилуј ме,
зашто Тебе Ти се довери душата моја
и во сенката на Твоите крилја ќе се надевам,
додека не помине беззаконието.
3 # 137,8 Ќе повикам кон Бога Вишниот,
кон Бога Кој ми направи добро.
4 # 42,3 Тој испрати од небото и ме спаси,
ги предаде на срам оние што ме газат.
Ја испрати Бог милоста Своја и вистината Своја
5 # 7,2; 9,29; 16,12; 21,13.21; Ис 38,13; Јов 10,16; Дан 6,16; Пс 63,3 и од среде млади лавчиња ја избави душата моја.
Заспав растреперен; синовите човечки – забите нивни се оружје и стрели
и нивниот јазик е остар меч.
6 # 71,19; 101,15; 107,5; 4 Мојс 14,21 Возвиси се на небесата, Боже,
и на целата земја да се возвиси славата Твоја.
7 # Плач 1,13; Пс 7,15 Подготвија замка за нозете мои
и ја покорија душата моја;
ископаа пред лицето мое јама
и паднаа во неа.
8 # 107,1-5 Спремно е срцето мое, Боже,
спремно е срцето мое;
ќе пеам и ќе воспевам!#56,8 Разбуди се, душо моја, разбудете се харфо и лиро! Јас ќе ја разбудам и зората.
9 # Јов 38,12 Стани, славо моја;
стани харфо и лиро,
ќе станам во зорите!
10 # 9,11; 17,49 Ќе Те исповедам и фалам меѓу луѓето, Господи,
ќе Те воспевам меѓу народите.
11 # 35,5 Зашто се возвеличи до небесата милоста Твоја
и до облаците вистината Твоја.
12Возвиси се на небесата, Боже,
и на целата земја да се возвиси славата Твоја.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

Псалми 56: MAK2024PS

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល