Марко 11
11
Исус влегува во Ерусалим и ја проколнува смоквата, го чисти храмот, препорачува вера, молитва и проштавање. Ја брани Својата власт.
1И кога се приближија до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Елеонската Гора, испрати Исус двајца од учениците,
2и им рече: »Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом влезете во него, ќе најдете врзано осле, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го!
3И, ако ви рече некој: ‚Зошто го правите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господа; и тој веднаш ќе го прати тука.«
4Тие отидоа и го најдоа ослето, врзано за портата од надвор, на раскрсницата, и го одврзаа.
5И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: »Што правите? Зошто го одврзувате?«
6А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус, и тие ги оставија.
7И го одведоа ослето при Исуса, ги кладоа врз него алиштата свои, и Он седна на него.
8И мнозина ги постилаа своите облеки по патот.
9А оние, што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: »Осана! Благословен е, Кој иде во името Господово!
10Благословено е царството на нашиот татко Давида, кое иде во името Господово! Осана во висините!«
11И влезе Исус во Ерусалим, и во храмот; разгледа сѐ; па, како веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија.
12А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне;
13и кога оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уште не беше времето за смокви.
14И кога одговори Исус, ѝ рече: »Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!« И го чуја тоа учениците Негови.
15И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги пади оние, што продаваа и купуваа во храмот, и им ги преврти масите на менувачите и столовите на оние, што продаваа гулаби;
16и не позволуваше никој преку храмот да пренесе каков и да било сад.
17И ги поучуваше, велејќи: »Не е ли напишано: ‚Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече‘; а вие го направивте како разбојничко гнездо.«
18И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, зашто се боеја од Него, оти сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.
19А кога се стемни, Он излезе надвор од градот.
20Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.
21И кога се сети, Петар Му рече: »Рави, погледај! Смоквата, што ја проколна, се исушила.«
22А Исус им одговори и рече:
23»Имајте вера во Бога. Оти, вистина, ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомни во срцето свое, а поверува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.
24Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете: и ќе ви биде.
25И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.
26Ако ли, пак, вие не проштавате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши.«
27И пак дојдоа во Ерусалим; а кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците, и старешините,
28па Му рекоа: »Со каква власт го правиш тоа, и кој Ти ја дал таа власт, да го правиш тоа?«
29Исус им одговори и рече: »Ќе ве прашам и јас за нешто и одговорете Ми; тогаш и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа.
30Крштавањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!«
31А тие се мислеа во себе и велеа: »Ако кажеме ‚Од небото‘ – ќе рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘
32Но, ако кажеме, ‚Од луѓето‘« – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јована за вистински пророк.
33И кога Му одговорија на Исуса, рекоа: »Не знаеме.« А Исус им одговори и рече: »Ни Јас не ви кажувам со каква власт го вршам тоа.«
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Марко 11: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: