Лука 3:4-6

Лука 3:4-6 MK1990

како што е напишано во Книгата, според зборовите на пророкот Исаија, кој вели: »Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа и рамни правете ги патеките Негови; секоја долина нека се исполни и секоја планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат, и секое тело ќе го види спасението Божјо!«