Дела 19
19
Павле во Ефес. Бунт на златарот Димитриј.
1Во она време, додека Аполос беше во Коринт, Павле минуваше низ горните земји, па дојде во Ефес и, откако таму најде некои ученици,
2им рече: »Кога поверувавте, примивте ли Дух Свети?« А тие му одговорија: »Ние не сме ни чуле дека има Дух Свети.«
3Тој им рече: »А во што се крстивте?« Тие одговорија: »Во Јовановото крштавање.«
4Павле рече: »Јован крштаваше со покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исуса Христа.«
5А кога го чуја тоа, тие се крстија во името на Господа Исуса.
6И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив, и тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат.
7А вкупно беа околу дванаесет души.
8И кога влезе во синагогата, Павле проповедаше без страв и преку три месеци ги уверуваше за царството Божјо.
9Но, бидејќи некои се ожесточуваа беа многу упорни во лошото зборување за патот Господов пред народот, тој, откако ги остави, ги одвои учениците и секојдневно проповедаше во училиштето на некој си Тиран.
10Тоа траеше цели две години, така што сите жители на Азија, како Јудејците, така и Елините, го чуја словото за Господа Исуса.
11А Бог правеше не мали чудеса преку рацете Павлови,
12така што донесуваа и полагаа крпи и убруси врз болните од неговата испотена снага, и болестите ги напуштаа, злите духови излегуваа од нив.
13Некои, пак, од Јудејците скитници заколнувачи почнаа да го изговараат името на Господа Исуса над оние, кои имаа зли духови, и велеа: »Ве заколнуваме во Исуса, Кого Го проповеда Павле!«
14Тоа го правеа седумте синови на јудејскиот првосвештеник Скева.
15А лошиот дух одговори и рече: »Исуса Го познавам и Павла го знам; но кои сте вие?«
16И скокна на нив човекот, во кого имаше лош дух, и, откако ги совлада, покажа против нив таква сила, што тие, голи и ранети, побегнаа од таа куќа.
17За тоа разбраа сите Јудејци и Елини, кои живееја во Ефес, и сите нив ги спопадна страв; и името на Господа Исуса се величаше.
18И многумина од верниците доаѓаа, та се исповедуваа и ги откриваа своите дела.
19А мнозина од оние, кои правеа магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет илјади сребреници.
20Така моќно растеше и се засилуваше словото Господово.
21А кога се сврши тоа, Павле науми, откако ќе ја мине Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, па рече: »Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам и Рим.«
22И прати во Македонија двајца од оние, кои му служеа – Тимотеја и Ераста, а сам остана извесно време во Азија.
23Во тоа време настана голем смут за патот Господов:
24некој си златар, по име Димитриј, кој правеше сребрени храмови за Артемида и на занаетчиите им донесуваше со тоа не мала печалба,
25откако ги собра нив, а и други занаетчии на такви работи, рече: »Другари, познато ви е дека од таа работа зависи нашиот добар помин;
26а, пак, гледате и слушате дека не само во Ефес, туку скоро во цела Азија, тој Павле убеди и обрна доста народ, велејќи дека не се богови оние што се прават со човечки раце.
27Затоа постои опасност не само нашиот занает да биде презрен, туку и храмот на великата божица Артемида да се смета за ништо, и нејзиното величие да загине, која ја почитува цела Азија и вселената.«
28Кога го чуја тоа, се исполнија со јарост, почнаа да извикуваат велејќи: »Велика е Артемида Ефеска!«
29И целиот град се побуни; па како ги грабнаа Гаја и Аристарха, Македонци, Павлови придружници, еднодушно се втурнаа на нив.
30А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија.
31Исто така и некои од азиските началници, бидејќи му беа пријатели, испратија при него и го молеа да не се појавува на собиралиштето.
32И така, едни крескаа, други друго правеа; зашто во собранието владееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беше собрал народот.
33По предлог на Јудејците беше извикан меѓу народот Александар. Александар даде знак со рака и сакаше да каже заштитен збор пред народот.
34Но кога узнаа дека е Јудеец, сите извикаа во еден глас и крескаа околу два часа: »Велика е Артемида Ефеска!«
35А градскиот писар, кога го смири народот, рече: »Луѓе ефесци, кој човек не знае дека градот Ефес е служител на великата божица Артемида и нејзиниот паднат идол од Зевса?
36Штом е тоа, пак, беспорно, вие треба да бидете мирни и да не правите ништо непромислено.
37А вие сте ги довеле овие луѓе, кои ниту храмот на Артемида го обрале, ниту, пак, божицата ваша ја хулат.
38Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат нешто против некого, за тоа постојат судски собори, а има и проконсули: нека се тужат едни со други.
39Ако, пак, нешто друго барате, тоа ќе биде решено во законското собрание.
40Оти постои опасност да бидеме обвинети за бунт поради денешнава работа, бидејќи нема никаква причина, со која можеме да го оправдаме ова собрание.« Штом го рече тоа, собранието го распушти.
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
Дела 19: MK1990
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង
ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

: