Исход 8

8
Втора казна: страдање од жаби
1 # 3,12; 4,23; 5,1; 9,1 Потоа Господ пак му рече на Мојсеј: „Оди кај фараонот, и речи му – вака вели Господ: ‚Пушти го народот Мој, да Ми изврши служба.‘ 2А ако не се согласиш да го пуштиш, еве, Јас ќе ја казнам целата земја твоја со жаби; 3#10,16; 12,34; Мудр 19,10и реката ќе се исполни со многу жаби, и тие ќе излезат и ќе влезат кај тебе дома, и во твојата спална, и во постелата твоја, и во куќите на слугите твои и народот твој, и во печките твои, и во ноќвите твои. 4Врз тебе ќе скокаат жаби и врз на­родот твој и врз слугите твои.“ 5#4,2.17; 7,9-20; 9,23; 10,13И му рече Господ на Мојсеј: „Кажи му на Арон: Пружи ја раката твоја со стапот свој врз реките, врз потоците и врз езерата, и направи жаби да излезат по земјата египетска.“ 6#Пс 77,45; 105,30; Откр 16,13И ја пружи Арон раката своја врз водите египетски, и произлегоа жаби; и ја покрија земјата египетска. 7Но и врачевите го направија истото со своето вражање, па изведоа жаби по земјата египетска. 8#8,25.29; 9,28; 10,8.17.24; 12,31; 4 Мојс 21,7; 1 Цар 12,19; Ер 42,2; Дела 8,24Тогаш фараонот ги повика Мојсеј и Арон и им рече: „Помолете Му се на Господ, да ги отстрани жабите од мене и од народот мој, и јас ќе го пуштам народот да Му принесе жртва на Господ.“ 9#9,5А Мојсеј му рече на фараонот: „Определи кога сакаш да Му се помолам за тебе, за слугите твои и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од куќите ваши, а само во реката да останат.“ 10И рече: „Утре.“ А Мојсеј рече: „Не­ка биде како што рече ти, за да познаеш дека нема друг како Господ, нашиот Бог. 11Ќе отидат жабите од тебе, од ку­ќите твои (и од нивните), од слугите твои и од народот твој; само во реката ќе останат.“ 12Потоа Мојсеј и Арон излегоа откај фараонот. И Мојсеј Му се помоли на Господ за жабите, што Тој ги беше испратил врз фараонот. 13И Господ направи како што измоли Мојсеј: жабите изгинаа по куќите, по дворовите и по нивите. 14#9,14И ги собраа на купишта, така што земјата засмрде. 15А кога фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги пос­луша нив, како што беше рекол Господ.
Трета казна: страдања од мушички
16 # 7,3-4 Тогаш Господ му рече на Мојсеј: „Кажи му на Арон: ‚Пружи го стапот свој, и удри по земјата‘ – и ќе се појават мушички по целата земја египетска.“ 17#Пс 104,31Така и направија: Арон го пружи со раката стапот свој, и удри по правот на земјата, и се појавија мушички по луѓе­то и по добитокот; сиот песок на земјата се претвори во мушички, по целата земја египетска. 18#7,11; 9,11; Дан 5,8Се обидоа и вражачите со вража­њето свое да произведат мушички, но не можеа. И имаше мушички по луѓето и по добитокот. 19#7,4.5.22; 31,18; Пс 8,3; Лк 11,20И му рекоа вражачите на фараонот: „Ова е знак Божји!“ Но срцето на фа­раонот пак се стврдна, и не ги послуша, како што беше рекол Господ.
Четврта казна: страдања од бубачки
20 # 3,18; 7,15; 9,13 И Господ му рече на Мојсеј: „Стани утре рано и појди кај фараонот. Тогаш тој ќе излезе кај реката, а ти кажи му: ‚Вака вели Господ: пушти го народот Мој, да Ми изврши служба (во пустината).‘ 21#Пс 77,45А ако не сакаш да го пуштиш на­родот Мој, еве, Јас ќе пуштам врз тебе и врз слугите твои, и врз народот твој и во домовите твои бубачки, и ќе се исполнат со бубачки куќите египетски, и земјата на која стојат. 22#9,4.6.26; 10,23; 11,7; 1 Мојс 45,10; 47,1-6; Пс 110,9А во оној ден ќе ја одделам земјата Гошен, каде што живее Мојот народ, и таму нема да има бубачки, за да познаеш дека Јас сум Господ (Бог) на (целата) земја. 23#9,4.6; 10,23; 11,7И ќе направам разлика меѓу народот Мој и народот твој. Утре ќе го има тој знак (на земјата).“ 24#Пс 77,45; 105,31И направи Господ така: и се појавија многу бубачки во куќата фараонова, во куќите на слугите негови и во целата земја египетска; земјата настрада од бубачките. 25#8,4; 9,27; 10,16; 12,31Фараонот ги повика Мојсеј и Арон, и им рече: „Отидете, принесете Му жртва на Господ, вашиот Бог во оваа земја!“ 26#1 Мојс 43,32Но Мојсеј рече: „Не е можно така да биде, зашто принесувањето жртва на Господ, нашиот Бог, е нечисто за Егип­ќаните; ако ние принесеме нечиста за Египќаните жртва пред нивните очи, нема ли тие да нѐ убијат со камења? 27#3,18; 5,3; 1 Мојс 30,36Три дена пат ќе одиме во пустината, за да Му принесеме жртва на Господ, нашиот Бог, како што Тој ќе нѝ каже.“ 28#8,15; 9,30; 10,11И фараонот рече: „Ќе ве пуштам да Му принесете жртва на Господ, вашиот Бог, во пустината; но не одете пода­леку, и помолете се и за мене!“ 29А Мојсеј рече: „Еве, јас одам од тебе и ќе Му се помолам на Господ, и бубачките утре ќе исчезнат од тебе и од слугите твои, а и од народот твој. Но престани, фараоне, да нѐ мамиш, не пуштајќи го народот да Му принесе жртва на Господ!“ 30#8,12; 9,33; 10,18И отиде Мојсеј од фараонот, и Му се помоли на Господ. 31И Господ направи како што измоли Мојсеј, и си отидоа бубачките од фара­онот, и од слугите негови, и од народот негов; не остана ниедна. 32#7,12Но пак се ожесточи срцето фа­раоново, и пак не го пушти народот.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

Исход 8: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល