2 Макавејска 14

14
Првосвештеникот Алким одново разгорува непријателство
1 # 13,1 По три години, до Јуда и оние што беа со него, стигна вест дека Димитриј, синот на Селевк, допловил до пристаништето Триполис со голема сувоземна и поморска војска; 2тој, откако ја завладеал земјата, ги убил Антиох и неговиот настојник Ли­сиј. 3А некојси Алким, кој порано бил првосвештеник, а потоа, во текот на бунтот, самоволно се осквернил, гле­дајќи дека за него нема никаков спас и дека засекогаш му е оневозможено приближувањето до светиот жртвеник, 4#1 Мак 10,29-30; 11,35; 13,37во сто педесет и првата година појде кај царот Димитриј и му однесе златна круна и маслинова гранка, кои се сме­таа како сопственост на храмот; инаку тој ден Алким не стори ништо друго. 5Но при една погодна ситуација за неговата безумна замисла, кога потоа го повика Димитриј во собранието на советот и го запраша за расположението и намерите на Јудејците, тој одговори: 6#1 Мак 2,42„Јудејците, нарекувани Хасидеи, чиј водач е Јуда Макавејски, постојано во­јуваат и креваат востанија, не давајќи му мир на царството. 7Затоа и јас, кој сум лишен од честа на моите дедовци, односно од свеш­те­ничкото достоинство, сега дојдов кај те­бе; 8ги имам на ум, пред сѐ, царските права, ги имам предвид и моите со­гра­ѓани, зашто поради неразумноста на тие луѓе – сиот народ многу страда. 9А ти, царе, откако го слушна сето ова, според твојата љубов што ја имаш спрема сите луѓе, погрижи се и за на­ша­та земја и за нашиот измачен народ; 10сѐ додека е жив Јуда, во државата не може да има мир.“ 11#1 Мак 2,18Кога ги изрече овие зборови, дру­ги­те царски советници, кои беа неприја­тел­ски расположени спрема Јуда, поч­наа уште повеќе да го разгневуваат ца­рот против него. 12#8,9; 1 Мак 7,26Тој веднаш го повика Никанор, во чија надлежност беа слоновите и, от­ка­ко го постави за управител на Јудеја, 13го испрати со заповед да го убие Ју­да, и неговите луѓе да ги разгони, а Ал­ким да го постави за првосвештеник на големиот храм. 14Тогаш сите незнабошци, кои беа избегале од Јудеја поради Јуда, во голем број му се придружија на Никанор, на­де­вајќи се дека страдањата и незгодите на Јудејците ќе се свртат во нивна пол­за.
Никанор во бој со Јудејците
15 # 1,26; 10,25; 5 Мојс 32,9; 4 Цар 21,7 А Јудејците, кога чуја за походот на Никанор и за тоа дека кон него се при­дружиле и незнабошците, ги посипаа своите глави со пепел и почнаа да Му се молат на Оној, Кој го одбрал Својот народ засекогаш и постојано го бранел. 16#1 Мак 7,31По заповед на својот водач, тие трг­наа веднаш и се судрија со нив кај грат­чето Десау. 17Симон, братот на Јуда, влезе во бој со Никанор, но набргу потоа, поради ненадејниот напад од непријателите, претрпе пораз. 18Но Никанор, откако слушна за храброста на оние, што беа со Јуда во битките за татковината, се уплаши ис­ходот на војната да го реши со крвопро­левање. 19Затоа ги испрати Посидониј, Те­о­дот и Мататија да склучат мир со Ју­деј­ците. 20По сестрано разгледување на тие предлози, Јуда им ги соопшти на народот, па тогаш сите пројавија еднодушна желба да се согласат на преговорите. 21Штом го определија денот кога тре­баше да се сретнат и кога дојде тој ден, поставија почесен стол за секого. 22Јуда постави вооружени луѓе на по­годни места, за да може веднаш да се спречи секакво евентуално злодело од страна на непријателите. Разговорите се завршија мирно. 23Никанор остана извесно време во Ерусалим, и не направи никакво зло, а ги отпушти и луѓето што се беа собрале околу него. 24Јуда, пак, го имаше постојано пок­рај себеси, зашто духовно му беше нак­лонет; 25тој го убеди да се ожени и да има деца. Јуда потоа се ожени, живееше во благосостојба и му се радуваше на жи­вотот.
Алким и Никанор
26А Алким, кога ја виде нивната ме­ѓусебна наклоност и сфати дека се во сојуз, па појде кај Димитрија и му рече дека Никанор има непријателски наме­ри спрема царството, бидејќи го пос­та­ви Јуда, непријателот на царството, за свој наследник. 27Царот, разгневен од клеветите на тој лош човек, му напиша на Никанор писмо дека е многу незадоволен од так­виот договор и му заповеда веднаш да му го испрати Макавеј во окови во Ан­тиохија. 28Кога го прими писмото, Никанор се растажи многу што треба да го раскине склучениот сојуз со човекот, кој вооп­што не направил никаква неправда. 29Но бидејќи не можеше да не ја ис­полни царската наредба, чекаше погодни услови, тоа да го направи со лукав­ство. 30Кога забележа дека Никанор се од­несува студено со него, дека станува за време на средбите сѐ погруб, Макавеј заклучи дека таа грубост не доаѓа од нешто добро, па собра околу себе голем број свои приврзаници и почна да го одбегнува Никанор. 31А Никанор кога дозна дека овој маж итро го надмудрил, отиде во го­ле­миот и светиот храм, токму тогаш кога свештениците принесуваа вообичаени жртви и им нареди да му го предадат Јуда. 32Па, кога тие се заколнаа и му рекоа дека не знаат каде е човекот што го ба­ра, 33тој ја пружи десната рака кон хра­мот, се заколна и рече: „Ако не ми го предадете Јуда окован во вериги, овој Божји храм ќе го срамнам со земјата, ќе го разурнам жртвеникот и на ова место ќе му изградам храм на Дионис.“ 34И штом го рече тоа, си отиде. А свештениците, кревајќи ги своите раце кон небото, повикаа кон Оној, Кој от­се­когаш го заштитувал нашиот народ, велејќи: 35#2 Мојс 25,9; Ис.Н. 22,19; 2 Цар 7,6; 1 Лет 6,18„Господи, Ти Кој немаш потреба од ништо, Твоја волја беше овој храм да биде Твој дом меѓу нас. 36#2,16И сега, Господи, Ти си светоста на секоја светост, запази го засекогаш чист и неосквернет овој неодамна очистен дом и затвори ја неправедната уста.“
Смртта на Разис
37Тогаш кај Никанор беше обвинет некојси Разис, еден од ерусалимските старешини, човек што ги сакаше своите сограѓани и беше на многу добар глас, па поради неговата добрина го нарекуваа татко на Јудејците. 38И во претходните немирни времиња тој се беше истакнал во јудејското движење и од сѐ срце и со сета своја ду­ша постојано се жртвуваше за својот народ. 39Никанор, сакајќи да покаже колкава е неговата омраза спрема Јудејците, испрати повеќе од петстотини војници да го фатат, 40зашто си мислеше дека, ако го фа­ти, ќе им зададе тежок удар и ќе им на­прави непријатности. 41#1 Цар 31,4-5И кога народот јуреше кон кулата и речиси ја беше освоил, кршејќи ја портата, кога беше заповедано да донесат оган за да ја изгорат, тој, наоѓајќи се во неизбежна опасност, со меч се прободе, 42сакајќи повеќе храбро да умре, от­колку да падне во рацете на безбож­ни­ците, да поднесува навреди недостојни за неговата благородност. 43Но, бидејќи ударот поради брзината беше неуспешен, а народот навлегува­ше низ портата, смело се искачи на ѕи­дот и храбро се фрли врз народот. 44А кога сите што стоеја брзо се по­тргнаа, па остана празен простор, тој падна среде нив на земјата. 45Уште жив и пламнат од негодува­ње, не гледајќи ја сопствената крв, која течеше од него, ниту тешките рани, тој се исправи, потрча кон народот, па зас­та­на на една стрмна карпа. 46#7,11.14.22-23; 7,29.36И кога крвта речиси му беше веќе истекла, си ја извлече утробата со обете раце и ја фрли врз народот, молејќи Му се на Господарот на животот и на ду­хот, пак да му даде живот и дишење. Така го заврши тој својот земен живот.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2 Макавејска 14: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល