2 Макавејска 11
11
Првата војна на Лисиј
(1 Мак 4,26-35)
1 #
10,11; 1 Мак 3,32-33 Сосема набргу Лисиј, царскиот роднина и намесник, поднесувајќи ги многу тешко и со голема огорченост последните настани, 2собра седумдесет илјади пешаци и коњаници и појде против Јудејците со намера Ерусалим да го направи елинска населба, 3и храмот слично на незнабожечките храмови да го подложи на данок, а првосвештенството да се продава секоја година. 4Никако не помислуваше на Божјата сила, бидејќи беше занесен од множеството пешаци и коњаници и од своите осумдесет слонови. 5#Неем 3,16; 1 Мак 14,33Кога навлезе во Јудеја и наближуваше до утврденото место Бет-Цур, кое се наоѓа на пет стадии од Ерусалим, тој го опседна. 6#15,23; 2 Мојс 23,20; 4 Цар 19,35Штом Макавеј и оние, кои беа со него, разбраа за опсадата на тврдината, почнаа да плачат и со солзи да Му се молат на Господ да им испрати добар ангел за да ги спаси. 7А самиот Макавеј прв го зграби оружјето и ги поттикна другите заедно со него, изложувајќи се на опасност за да им помогнат на браќата, и тие наеднаш доброволно со него заедно појдоа во поход. 8#Мт 17,2; 28,3; Јн 20,12Додека се наоѓаа уште близу до Ерусалим, веднаш им се покажа коњаник предводник, во бела облека, кој мафташе со своето златно оружје. 9Тогаш сите заедно Му заблагодарија на милосрдниот Бог и толку се охрабрија, спремни да уништат не само луѓе, туку и диви ѕверови, па дури и железни врати да искршат. 10Одеа напред под закрила на небесниот соборец, кои им дојде од небото по милоста на Господ. 11Јурнаа на непријателот како лавови, убија единаесет илјади пешаци и илјада и шестотини коњаници, а сите други ги натераа во бегство. 12Поголемиот дел од нив беа ранети, а се спасија голи и без оружје, а и самиот Лисиј се спаси со срамно бегство.
Мир со Јудејците
(1 Мак 6,57-61)
13Но, бидејќи сепак беше разумен, размислуваше за поразот што го претрпе, па сфати дека Јудејците се непобедливи, затоа што Сесилниот Бог е нивен соборец; 14затоа прати гласници до нив да ги увери дека се согласува под сите законски и праведни услови да склучи мир и дека ќе го убеди царот да им биде пријател. 15Макавеј, мислејќи за општото добро, се согласи со сѐ што му предложи Лисиј, а и самиот цар одобри сѐ што му предложи Макавеј на Лисиј за Јудејците во писмо. 16А писмото што им го испрати Лисиј на Јудејците гласеше вака: „Лисиј го поздравува јудејскиот народ! 17#1 Мак 2,2; 11,70; 13,11Вашите пратеници Јован и Авшалом ни го предадоа долу потпишаниот документ, застапувајќи се за тоа што беше напишано во него. 18Јас го известив за тоа царот, со што требаше да го запознаам, а тој го одобри сето она што беше прифатливо. 19Затоа, ако и понатаму имате добро расположение спрема државната управа, јас ќе настојувам да работам за ваша полза. 20А што се однесува за подробностите, јас им порачав и на нашите и на вашите пратеници да водат преговори со нас. 21Останете со здравје! Сто четириесет и осма година, дваесет и четврти ден од месецот диоскор.“ 22А писмото од царот имаше ваква содржина: „Поздрав од царот Антиох до братот Лисиј. 23Од времето, кога татко ми отиде при боговите, наша желба е, поданиците на нашето царство да не бидат вознемирувани, ако ги вршат своите работи. 24Слушнавме дека Јудејците не се согласуваат со елинските обичаи на мојот татко, туку го сакаат својот сопствен начин на живеење и бараат да се раководат според своите посебни закони. 25Затоа, сакајќи тој народ да не биде вознемируван, заповедам нивниот храм да им биде вратен, така што ќе можат да живеат според обичаите на своите предци. 26#14,19Затоа добро ќе направиш, ако испратиш кај нив пратеници, кои ќе склучат со нив договор, па така, откако ќе ги дознаат нашите намери, да бидат спокојни и да се занимаваат со своите работи.“ 27А царското писмо до јудејскиот народ имаше ваква содржина: „Царот Антиох до јудејските старешини и до сите Јудејци – поздрав. 28Се надеваме дека сте здрави, како што ви посакуваме, а ние сме здрави. 29#4,24; 13,3-8Менелај ни соопшти дека сакате да се вратите во своите домови. 30Затоа на оние што ќе дојдат до триесеттиот ден од месецот ксантик, им ја подавам мојата десна рака за да им ја потврдам нивната неповредливост. 31Јудејците можат да се хранат со својата посебна храна и да се управуваат по своите закони, како и порано, никој веќе нема да ги вознемирува за грешките од минатото. 32Јас го пратив кај вас Менелај за да ве успокои. 33Бидете здрави! Во сто четириесет и осмата година, на петнаесеттиот ден од месецот ксантик.“ 34На Јудејците им испратија писмо и Римјаните со следнава содржина: „Квинт Мемиј и Тит Манилиј, римски старешини, поздрав до јудејскиот народ. 35Она што ви го дозволил Лисиј, царевиот роднина, тоа ви го потврдуваме и ние. 36А за она што тој сметал да му предложи на царот, размислете и вие добро, па испратете некого што побрзо за да можеме да го изложиме тоа онака како што е потребно, бидејќи ние веќе тргнуваме за Антиохија. 37Затоа побрзајте и испратете некого за да знаеме и ние што мислите. 38Да сте живи и здрави! Во сто четириесет и шестата година, на петнаесеттиот ден од месецот ксантик.“
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
2 Макавејска 11: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: