2 Макавејска 1

1
Писма
1До браќата Јудејци во Египет ис­праќаат поздрав нивните браќа Јудејци во Ерусалим и во целата јудеј­ска земја и им пожелуваат добар мир. 2Бог нека ви даде добро и нека си спомне за Својот завет со верните Свои слуги: Авраам, Исак и Јаков! 3Да ви даде на сите срце да Го почи­тувате и да ја исполнувате Неговата света волја великодушно и радосно. 4Да ви ги отвори вашите срца за Сво­јот Закон, за Своите повелби и да ви да­рува мир! 5Да ги чуе вашите молитви, да биде милостив спрема вас и да не ве напушта во време на неволја! 6Така се молиме сега за вас. 7#1 Мак 10,67Во времето кога царуваше Димит­риј, во сто шеесет и деветтата година, ние, Јудејците ви бевме напишале дека во тие години ни надојдоа скрб и стра­дања, кога Јасон и неговите истомисле­ници се беа одметнале од светата земја и од царството, 8#5,26; 8,33; 1 Мак 1,37; 4,36кога ја беа запалиле големата порта и пролеале невина крв. Тогаш Му се молевме на Господ и бевме слушнати; принесувавме жртви и брашнени при­но­си, ги палевме светилниците и принесувавме лебови. 9#10,6; 1 Мак 4,52-59А сега празнувајте го празникот Се­ници, во месецот кислев, во сто осумдесет и осмата година. 10„Поздрав од жителите на Ерусалим и Јудеја, старешините и Јуда до Арис­товул, советникот на царот Птоломеј, кој потекнува од родот на помазаните свештеници и до Јудејците што живеат во Египет. 11Избавени со Божја помош од многу опасности, Нему Му благодариме све­чено, затоа што ни помогна да тргнеме против царот, 12зашто Тој ги изгони оние што го беа нападнале светиот град. 13#1 Мак 6,1-16Бидејќи, кога царот дојде во Пер­сија и со него неговата војска, која се сметаше непобедлива, тие беа совла­да­ни во храмот на Нанеја преку измама, со која се послужија жреците на Нанеја. 14Односно, Антиох, под изговор дека има намера да се ожени со Нанеја, оти­де на она место, заедно со своите прија­тели, за да земе пари како мираз. 15#1 Мак 6,16Жреците на Нанеја ги изнесоа па­рите, а кога Антиох со неколкумина ма­жи влезе во храмот, свештениците го затворија светилиштето, 16па, штом ја отворија тајната врата од таванот, почнаа да фрлаат камења и го убија заповедникот и оние што беа со него, ги исекоа на парчиња и, откако им ги пресекоа главите, ги фрлија пред оние што беа надвор. 17За сето ова нека е благословен нашиот Господ, Кој ги предаде безбож­ниците на смрт. 18И така, бидејќи имаме намера на дваесет и петтиот ден од месецот кис­лев да го празнуваме очистувањето на храмот, сметавме дека е неопходно да ви јавиме, та и вие да го празнувате празникот Сеници како и празникот на огнот, кој го востанови Неемија, кога тој, отакако го изгради храмот и жрт­ве­никот, принесе жртва. 19#3 Мојс 6,6Зашто, кога нашите татковци биле одведени во Персија, тогаш побожните свештеници зеле тајно оган од жрт­ве­ни­кот, го сокриле во длабината на еден пресушен бунар и го покриле, така што никој не можел да го најде тоа скришно место. 20И, откако изминале многу години, кога Му било угодно на Бога, Неемија, испратен таму од персискиот цар, го побарал тој оган од потомците на оние свештеници што го сокриле. А кога го известиле дека таму не нашле оган, ту­ку само густа вода, 21#3 Цар 18,33-38тој им заповедал да нацрпат од таа вода и да му донесат. Кога ги пригот­ви­ле жртвите, Неемија им рекол на свеш­тениците со таа вода да ги поросат и др­вата и жртвите што биле ставени врз нив. 22Само што го направиле тоа, изгреа­ло сонцето, кое дотогаш било покриено со облак, вивнал силен оган, така што сите се зачудиле. 23#Неем 12,11Додека горел огнот, свештениците и сиот народ се молеле: молитвата ја започнувал Јонатан, а Неемија заедно со другите ја продолжувал. 24А еве ја содржината на молитвата: ‚Господи, Господи Боже, Создателе на сѐ, Ти си страшен и силен, праведен и милостив, единствен Цар и единствен Добротвор, 25единствен Дарител на сѐ, единствен праведен, сесилен и вечен, Ти го изба­ву­ваш Израил од секакво зло, Ти си ги из­брал нашите татковци и си ги осве­тил! 26#14,15; 5 Мојс 32,8-9Прими ја оваа жртва за сиот Твој израилски народ, запази го овој Твој дел и освети го; 27#5 Мојс 30,3-5; Ер 23,8; Пс 145,2собери нѐ нас распрснатите, ослободи ги оние што им робуваат на незна­бошците, милостиво погледај на пони­зените и презрените, та да разберат де­ка си Ти нашиот Бог; 28казни ги оние што нѐ измачуваат и дрско што нѐ навредуваат; 29#2 Мојс 15,17; 5 Мојс 30,3-5насели го народот Твој на Твоето свето место, како што рекол Мојсеј.‘ 30За тоа време свештениците пееле свечени песни. 31Кога жртвата ќе изгорела, Неемија заповедал со другата вода да ги полијат големите камења. 32А кога го направиле тоа, избувнал силен пламен, но од светлината, што из­греала од жртвеникот, тој исчезнал. 33Штом се разбрало за овој настан и кога за него бил известен и персискиот цар, бидејќи на тоа место, каде што преселените свештеници го сокриле огнот, се нашла водата, со која Неемија и оние што биле со него, го осветиле жртвени­кот, 34царот, откако ја испитал работата, наредил тоа место да се огради како свето. 35На оние, на кои им го дал, им оста­вил и дел од големите приходи што ги добивал од тоа место. 36Оние, пак, што биле со Неемија, тоа место го нарекле Нефтар, што зна­чи: Очистување; а многумина го на­ре­куваат и Нефтај.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

2 Макавејска 1: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល