3 Ездра 5
5
За луѓето многу вистини ќе останат тајна
1 #
5,13; 6,12; 7,26; 6,24; Лк 21,26; 14,18; Лк 18,8 „А што се однесува за знаците, ете, ќе настанат дни, кога многумина од жителите на земјата, кои многу знаат, ќе бидат грабнати, и патот на вистината ќе се сокрие и вселената ќе биде лишена од вера, 2#5,10; Мт 24,12и ќе се умножи неправдата, која сега ја гледаш и за која од порано си слушал. 3И земјата, која сега ја гледаш дека царува, ќе биде изложена на опустошување. 4#11,39.40; 12,11; Дан 7,7Ако, пак, Севишниот ти даде да доживееш, ќе видиш дека веднаш по третата труба – среде ноќ ќе огрее сонце, а месечината – трипати преку денот; 5#Авак 2,11; Лк 19,40и од дрво крв ќе капе, камен ќе проговори и народите ќе се раздвижат. 6Тогаш ќе царува оној, кого жителите на земјата не го очекуваат, а птиците ќе прелетаат на други места. 7Содомското море ќе исфрли риби, ќе пушти глас ноќно време за мнозина непознат, но сите ќе го чујат гласот негов. 8На многу места ќе има немири, често ќе биде пуштан оган од небото; полските ѕверови ќе ги сменат местата свои и нечисти жени ќе раѓаат чудовишта. 9#Јк 3,11.12; 3 Езд 6,24; Мт 10,21; Мк 13,12; Изреки 22,3Слатките води ќе станат солени, сите пријатели ќе станат еден против друг; тогаш умот ќе се сокрие и разумот ќе се повлече во своето пребивалиште. 10#5,2Многумина ќе го бараат, но нема да го најдат; на земјата ќе се намножат неправдата и невоздржливоста. 11Една земја ќе ја прашува соседната: дали низ тебе поминала правдата, што човекот го прави праведен? И таа ќе ѝ одговори дека не поминала. 12Луѓето тогаш ќе се надеваат, и нема да го добијат она што го сакаат; ќе се трудат, но нивните патишта нема да се исправат. 13#5,1; 4,52; 6,31.35За овие знаци ми е дозволено да ти кажам, и, ако пак ме помолиш и поплачеш како сега, и ако постиш седум дни, ќе чуеш и повеќе од ова.“ 14#5,22; 12,5И јас се свестив, телото мое трепереше силно, душата моја изнемоштуваше, како да исчезнуваше. 15#10,30; Дан 10,10.11Но ангелот дојде кај мене, ми говореше, ме поддржуваше, ме закрепна и ме исправи на нозе. 16#Неем 2,2Втората ноќ кај мене дојде Фалтиил, народниот водач, и ме запраша: „Каде си бил и зошто ти е лицето нажалено? 17Зар не знаеш дека тебе ти е доверен Израил, во земјата на неговото прогонство? 18#Јн 10,12Затоа стани, и касни леб и не нѐ оставај, како пастирот што стадото свое не го остава – во рацете на лукави волци.“ 19#6,31.35Тогаш му реков: „Оди си од мене и не приближувај се до мене.“ И тој, кога го слушна тоа, си отиде од мене.
ВТОРО ВИДЕНИЕ
Молитвата на Ездра и одговорот на Уриил
20 #
6,31.35; 4,1; 10,28 А јас, пак, постев седум дни, офкајќи и плачејќи, како што ми заповеда ангелот Уриил. 21#6,36.37; 7,15; 9,27По седум дни, помислите на моето срце пак ми беа многу тешки; 22#5,14но душата моја прими дух што може да разбира, и јас одново почнав да говорам пред Севишниот, 23#4,38; Пс 79,8; 9,21; Ис 5,1.7и реков: „О, Владетеле Господи, од сите гори на земјата и од сите дрвја на неа, Ти ја избра само лозата; 24#5 Мојс 11,12; Ис 51,1; Ос 14,5; Песна 2,1.2и од целиот земен круг – Ти ја избра само пештерата, а од сите цвеќиња во светот – Ти го избра само кринот; 25#Пс 45,4; 5 Мојс 12,11од сите морски бездни – Ти наполни само еден извор, а меѓу сите издигнати градови – само Сион го освети за Себе; 26#Пс 73,19; Пс 73,1; 78,13; 79,1од сите создадени птици – Ти ја наименува само гулабицата, и од сиот создаден добиток – Ти ја избра само овцата: 27#5 Мојс 7,8меѓу сите многубројни народи, Ти придоби само еден народ и него го возљуби, нему му даде закон совршен. 28#4,23; 6,57; 3 Мојс 26,33Но сега, Господи, зошто овој единствен народ го предаде на мнозина, зошто на еден корен накалеми други фиданки и Твојот единствен народ го расеја меѓу многу народи? 29Него го покорија оние, кои им се противеа на Твоите ветувања, и кои не веруваа во Твоите завети. 30#2 Цар 24,14; Сир 2,18И ако беше си го многу намразил, Твојот народ, нека беше тој казнет од Твојата рака.“ 31#4,1Кога ги говорев овие зборови, кај мене беше испратен пак ангелот, што беше дошол кај мене претходната ноќ, 32и ми рече: „Чуј ме, јас ќе те научам; слушај ме – јас ќе ти кажам уште повеќе.“ 33#8,47Јас му реков: „Говори, Господаре мој“, а тој ми рече: „Ти отиде со твојот љубопитен ум за Израил многу далеку; зар ти го сакаш повеќе отколку што го сака Оној, Кој го создал?“ 34#4,2; 12,4Јас му одговорив: „Не, Господаре мој, туку говорев од голема тага. Внатрешноста ме измачува секој час кога се измачувам да го разберам патот на Севишниот или да испитам барем еден дел од Неговиот суд.“ 35#Јов 3,11; Ер 20,17Тој ми рече: „Тоа не можеш да го постигнеш.“ – Јас го прашав: „А зошто не можам, Господаре мој? Подобро ќе беше ако не се родев и ако утробата на мојата мајка ми станеше гроб, отколку што го гледам измачувањето на Јаков и истоштувањето на израилскиот народ.“ 36#Сир 1,2Тој ми рече: „Изброј го она што уште го нема, собери ми ги распрснатите капки и оживеј ги исушените цвеќиња. 37#4,35Отвори ги заклучените хранилишта, изведи ги ветровите – што се затворени во нив и покажи ми ја сликата на гласот, – и тогаш ќе ти го покажам да го видиш она што те мачи.“ 38#4,38Јас одговорив: „Владетеле Господи, кој може тоа да го знае, освен Оној, Кој не живее со луѓето? 39#Ер 1,6А јас сум безумен, па како можам да говорам за она што ме праша?“ 40#Ис 64,4Тогаш Тој ми рече: „Како што не можеш да направиш ништо од ова што е речено, така не можеш да ги знаеш Моите намери, ниту можеш да ги знаеш границите на Мојата љубов, која сум му ја ветил на Мојот народ.“
Предци и потомци
41Јас реков: „Но, ете, Господи, Ти си близок до оние што се доближуваат до крајот, а што ќе прават оние што биле пред мене, или ние и оние што ќе бидат по нас?“ 42#1 Сол 4,15Тој ми рече: „Мојот суд Јас ќе го спроведам со венецот: како што нема задоцнување за последните, така нема побрзување за првите.“ 43#2,41; 4,36Јас одговорив и реков: „Зар Ти не би можел да ги соединиш во едно: и оние што се создадени порано, така и оние што се сега и кои ќе бидат, за да им го објавиш поскоро Твојот суд?“ 44#4,34; 6,34Тој ми одговори: „Творбата не може да оди побргу од својот Творец, како што овој век не може да ги опфати сите заедно во себе и оние што треба да бидат создадени.“ 45А јас реков: „Како тогаш Ти ми рече мене, Твојот слуга, дека си му дал заедно живот на сѐ што е создадено, и создаденото го издржало тоа, па и сега оние што постат заедно би можеле тоа да го издржат.“ 46Тој ми рече: „Прашај ја жената и речи ѝ: ако раѓаш десет деца, зошто ги раѓаш одвреме – навреме и замоли ја сите десет да ги роди одеднаш.“ 47Јас пак му реков: „Тоа не е можно; тоа може да станува само одвреме – навреме.“ 48#10,10-14Тогаш Тој ми рече: „И Јас ѝ дадов на земјината утроба способност да го произведува она што е посеано во неа одвреме – навреме. 49#1 Мојс 18,12.13; Лк 1,18Како што детето не може да го прави она што можат старците, така и го поставив светот, кој е создаден од Мене.“ 50#5,48; Сир 40,1Тогаш го запрашав и реков: „Штом веќе ми го откри патот, тогаш дозволи ми да Те прашам: мојата мајка, за која ми говореше, дали е уште млада или се приближува кон староста?“ 51Ми одговори и рече: „За тоа прашај ја онаа што раѓа, и таа ќе ти одговори. 52Речи ѝ: зошто оние што се раѓаат сега не прилегаат на оние што се родени порано, и зошто се тие помали на раст од другите? 53Таа ќе ти одговори: едните ги родив во цветот на мојата младост, а другите се родени на старост, кога утробата моја почна да ја губи својата сила. 54#1 Мојс 6,4; 4 Мојс 13,33Сега разбери: зошто сте вие помали на раст од оние што се родени пред вас; 55а оние што ќе се родат по вас, ќе бидат уште помали од вас; созданијата веќе остареа, младешката сила веќе им одминала.“ 56#4,44; 6,18; 9,2И реков: „Ти се молам, Господи, ако сум придобил милост пред Твоите очи, кажи му на Твојот слуга: преку кого го посетуваш Твоето создание?“
ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖
3 Ездра 5: MK2006D
គំនូសចំណាំ
ចែករំលែក
ចម្លង

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: