1 Јован 3

3
Божји чеда
1 # Јн 1,12; 16,3; 17,25; Рим 8,16; 1 Кор 1,21; Гал 4,4-5; Ефес 1,5 Гледајте колку голема љубов ни дал Отецот – да бидеме наречени чеда Божји, а тоа и сме! Затоа светот не нѐ знае, зашто не Го спозна Него. 2#2,8; Јн 17,24; Рим 8,29; Фил 3,21; Кол 3,4; Откр 22,4Возљубени, сега сме чеда Божји! Но уште не се покажа што ќе бидеме. Зна­еме само дека, кога ќе се покаже, ќе бидеме слични на Него, зашто ќе Го видиме каков што е. 3#2,6; 2 Кор 7,1И секој што ја има таа надеж во Не­го, се очистува самиот себе, како што е чист Тој. 4Секој што прави грев, прави и беззаконие; и гревот е беззаконие. 5#Ис 53,4.5.9; Јн 1,29; 8,46; 9,16.24.31; Евр 7,26; 9,26; 1 Птр 2,22-24А знаете дека Тој се јави за да ги зе­ме нашите гревови; а грев во Него нема. 6#Мт 7,18; Рим 6,14.17-18Секој, кој пребива во Него, не гре­ши; секој што греши, не Го видел, ниту Го познал. 7#2,29; 3,10Чеда, никој да не ве заблудува! Кој постапува праведно, праведен е, како што е праведен Тој. 8#3,12; 1 Мојс 3,15; Мк 1,24; Јн 8,34.44; 12,31Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Па затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски. 9#3,6Секој што е роден од Бога, грев не прави, зашто семето Негово пребива во него; и не може да греши, бидејќи е ро­ден од Бога. 10#2,29; 3,23Чедата Божји и чедата ѓаволски по тоа и се познаваат. Секој што не пос­та­пува праведно, и секој што не го љуби братот свој, не е од Бога.
Да се љубиме еден со друг
11 # 2,7; 3,23; Јн 13,34 Зашто тоа е пораката што ја чувте од почетокот – да се сакаме еден со друг. 12#1 Мојс 4,8; Јн 8,44; Евр 11,4Но не како Каин, кој беше од лу­ка­виот и го уби брата си. А зошто го уби? Затоа што неговите дела беа лоши, а на неговиот брат – праведни. 13#Мт 24,9; Лк 6,22; Јн 15,18-21Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази. 14#Јн 5,24Ние знаеме дека преминавме од смрт во живот, бидејќи ги љубиме бра­ќата свои; оној што не го љуби братот свој, тој останува во смртта. 15#Мт 5,21-22; Јн 8,44Секој што го мрази братот свој, е човекоубиец; и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе остане во него. 16#4,16; Мт 20,28; Јн 15,13Љубовта ја познаваме по тоа што Тој ја положи за нас душата Своја; но и ние сме должни да ги полагаме душите свои за браќата. 17#5 Мојс 15,7.11; Лк 10,33; Јк 2,15-16Ако некој има световни блага, па кога ќе го види својот брат во немаш­ти­ја, та го затвори срцето свое од него – како тогаш ќе може да остане во таков Божјата љубов? 18#Мт 7,21; Гал 5,6; Јк 1,22; 2,14-17Чеда мои, да не се сакаме со збо­ро­ви или со јазик, туку со дела и вистина!
Увереност пред Бога
19 # Изреки 10,12; Евр 4,16; 1 Птр 4,8 И по тоа ќе знаеме дека сме од вис­тината, и пред Него ќе го увериме своето срце; 20#4,4; 3 Цар 8,39; Пс 7,9; Лк 18,13; Дела 15,8бидејќи, ако срцето наше нѐ осуди, Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ. 21#5,14; Евр 4,16Возљубени, кога нашето срце не нѐ осудува, тогаш ние имаме слобода пред Бога, 22#Ер 29,12-13; Мт 7,7-8; Јн 8,29; 15,7и, што и да побараме, добиваме од Него, бидејќи ги чуваме Неговите за­по­веди и правиме што е благоугодно пред Него. 23#4,21; Јн 6,29; 13,34; 15,12; Рим 10,14; 1 Сол 4,9; 1 Птр 1,22А заповедта Негова е таа, да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал. 24#2,24; 4,13; Јн 14,23; Рим 8,9И оној, што ги чува заповедите Не­гови, пребива во Него, и Тој – во него. А дека Тој пребива во нас, знаеме по Ду­хот што ни Го дал.

ទើបបានជ្រើសរើសហើយ៖

1 Јован 3: MK2006D

គំនូស​ចំណាំ

ចែក​រំលែក

ចម្លង

None

ចង់ឱ្យគំនូសពណ៌ដែលបានរក្សាទុករបស់អ្នក មាននៅលើគ្រប់ឧបករណ៍ទាំងអស់មែនទេ? ចុះឈ្មោះប្រើ ឬចុះឈ្មោះចូល