И Ананиј отиде и влезе во куќата, и, откако ги положи рацете свои над него, рече: »Брате Савле, Господ Исус, Кој ти се јави по патот, по кој доаѓаше, ме прати, за да прогледаш и да се исполниш со Дух Свети.«
И одеднаш како лушпи да паднаа од очите негови, и тој прогледа и, кога стана, се покрсти.