Псалми 78

78
ПСАЛМ 78
Плач поради разорувањето на Ерусалим
1 # 4 Цар 25,9-10; Плач 1,10 # Ис 17,1; 24,2; Ер 26,18; Мих 1,6; 3,11 Псалм на Асаф.
Боже, дојдоа незнабошците во наследството Твое,
го осквернија светиот храм Твој,
го направија Ерусалим како кошара за зеленчук.
2 # 79,12-13; Ер 7,33; 18,6 Мртвите тела на слугите Твои ги поставија за храна на птиците небесни,
месото на светиите Твои – на ѕверовите земни;
3 # Ер 14,16; Соф 1,17; 1 Мак 7,17 ја пролеаја крвта нивна како вода околу Ерусалим
и немаше кој да погребува.
4 # 43,13-14; 79,6; 5 Мојс 28,37; 3 Цар 9,7; Ер 24,9; 48,26; Ез 14,8; Соф 2,8 Станавме за подбив на соседите наши,
потсмев и срам за оние околу нас.
5 # 43,23; 73,1; 88,46; 5 Мојс 4,24 До кога, Господи, докрај ќе се гневиш
и како оган ќе се распалува ревноста Твоја?
6 # 13,4; Ер 10,25; Сир 36,1-5; 1 Сол 4,5 Излеј го гневот Свој на незнабошците кои не Те знаат
и на царствата што името Твое не го повикаа;
7 # Ер 50,7 зашто го изедоа Јакова
и местото негово го запустија.
8 # 141,6 Не спомнувај ги нашите стари беззаконија;
брзо нека нѐ пресретнат милостите Твои, Господи,
зашто осиромашивме многу.
9 # 2 Мојс 32,12; Ез 20,44; 36,21 Помогни ни, Боже, Спасителу наш;
заради славата на името Твое, Господи, избави нѐ;
и очисти ги гревовите наши заради името Твое,
10 # 41,3; 101,20; 114,2; 125,2; 5 Мојс 32,43; Јоил 2,17; 3,20; Јов 16,18 да не речат некогаш народите: „Каде е нивниот Бог?“
И пред нашите очи нека се обзнани меѓу народите
осветата за пролеаната крв на слугите Твои.
11Пред Тебе нека стигне воздишката на окованите;
со силата на мишката Твоја сочувај ги синовите на убиените.
12 # 88,50 Прекорот, со кој Те прекоруваа, Господи,
возврати им го на нашите соседи седумкратно во пазувите нивни.
13 # 73,1; 79,1; 94,7; 99,3; Ер 23,1; Ез 34,31 А ние, народот Твој и овците од пасиштето Твое,
ќе Те славиме довека,
од поколение во поколение ќе ја објавуваме пофалбата Твоја.

اکنون انتخاب شده:

Псалми 78: MAK2024PS

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید