Псалми 75
75
ПСАЛМ 75
Големо е името на Бога во Израил
1За крајот, во химни. Псалм на Асаф, песна кон Асирецот.
2Познат е Бог во Јудеја,
големо е во Израилот името Негово.
3 #
121,6-7; 1 Мојс 14,18 И беше во мир местото Негово
и живеалиштето Негово во Сион;
4 #
45,9; 47,3-7 таму ги здроби силите на стрелите,
оружјето и мечот и војната.
5Ти чудесно светлиш од горите вечни.
6 #
4 Цар 19,35; Ер 51,39.57; Наум 3,18 Се збунија сите со неразумно срце,
богатите луѓе го сонија својот сон
и ништо не најдоа во рацете свои.
7Од заканата Твоја, Боже Јаковов,
задремаа јавачите на коњите.
8 #
5 Мојс 7,21; 10,17; Наум 1,6; Мал 3,2 Ти си страшен и кој ќе Ти се спротивстави?
Оттогаш е гневот Твој.
9Ти правиш да се чуе судот Твој од небото,
земјата се исплаши и се смири,
10кога Бог стана на суд
за да ги спаси сите кротки на земјата.
11Зашто мислата човечка ќе Те слави Тебе
и она што од мислата останува Тебе ќе Те празнува.
12Помолете се и возвратете Му на Господа нашиот Бог;
сите што се околу Него ќе Му принесат дарови 13на Страшниот,
Кој им ги одзема духовите на кнезовите и пострашен е од царевите земни.
اکنون انتخاب شده:
Псалми 75: MAK2024PS
هایلایت
کپی
مقایسه
به اشتراک گذاشتن
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
Македонско библиско здружение 2024