Псалми 51

51
ПСАЛМ 51
Опомена за злите клеветници
1 # 1 Цар 21,6; 21,8-9 За крајот. За поучување, на Давид,
2кога дојде Доик Идумеецот и му јави на Саул велејќи му: „Дојде Давид во домот на Авимелех“.
3Зошто се фалиш со злобата, силнику,
со беззаконието по цел ден?
4Неправда смисли јазикот твој,
како изострен брич направи измама.
5 # Ер 4,22; 9,3; Јн 3,19-20 Ја засака злобата повеќе од добрината,
неправдата повеќе од говорењето правда.
6Ги засака сите зборови погубни
и јазикот лукав.
7 # 27,5; Ис 22,17-19; Јов 18,14; Изреки 2,22 Затоа Бог целосно ќе те порази;
ќе те истргне и ќе те пресели од живеалиштето твое
и коренот твој од земјата на живите.
8 # 39,3 Ќе види праведникот, и ќе се исплаши,
и над него ќе се насмее и ќе рече:
9 # 1,3; 91,12; Изреки 11,28; Ер 11,16; Зах 4,14 „Еве човек што не Го постави Бога за помошник свој,
туку се понадева на големото богатство свое
и се осили во суетноста своја“.
10А јас сум како маслинка плодна во домот Божји;
се надевав на милоста Божја довека и во вечни векови.
11Ќе Ти се исповедам довека бидејќи тоа го стори
и трпеливо ќе го чекам името Твое,
зашто е добро кон светиите Твои.

اکنون انتخاب شده:

Псалми 51: MAK2024PS

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید