Марко 6

6
Исус отфрлен во Назарет
(Мт 13,53-58; Лк 4,16-30)
1Па излезе оттаму и дојде во Својот роден крај; а по Него одеа и Неговите ученици. 2#1,22; Лк 6,6; Јн 7,15И кога дојде сабота, Тој почна да поучува во синагогата и мнозина од оние што Го слушаа, се чудеа и говореа: „Од каде Му е ова? И каква е оваа мудрост што Му е дадена, та такви чуда стануваат преку Неговите раце? 3#3,31; Мт 12,46; Јн 6,42Нели е Овој дрводелецот, Синот на Марија, брат на Јаков, Јосија, Јуда и на Симон? И нели Неговите сестри се овде, меѓу нас?“ И се соблазнија поради Него. 4#Јн 4,44А Исус им рече: „Ниеден пророк не е без чест, освен во својот роден крај, меѓу роднините и во својот дом.“ 5#2,5; Лк 4,40И таму не можеше да направи ниту едно чудо; освен што излекува неколкумина бол­ни, полагајќи ги рацете врз нив.
Исус ги испраќа дванаесеттемина апостоли
(Мт 10,5-15; Лк 9,1-6)
6И се чудеше на нивното неверие. Па одеше по околните села и поучу­ваше. 7#3,14-15; Лк 10,1И ги повика дванаесеттемина, и почна да ги праќа по двајца и им даде власт над нечистите духови. 8#Лк 10,4Па им заповеда да не земаат ништо за по пат, освен по еден стап: ниту торба, ниту леб, ниту пари во појасот. 9Туку да се обуени во сандали и да не облекуваат по две облеки. 10#Лк 10,7И им рече: „Ако влезете во некоја куќа, останете во неа сѐ додека не си отидете од тоа место. 11#Мт 10,14.18А ако некаде не ве примат, ниту ве послушаат, излегувајќи оттаму, истресете го правот од своите нозе, за ним да им се посведочи. Вистина ви велам: полесно ќе им биде на Содом и на Гомор во судниот ден, отколку на тој град.“ 12#Мт 3,2Тие појдоа и проповедаа покајание. 13#Мт 14,14; Јк 5,14-15Изгонуваа многу демони, и многумина болни помазуваа со масло и лекуваа.
Ирод и Исус
(Мт 14,1-2; Лк 9,7-9)
14 # Мт 16,14 И царот Ирод слушна за Исус, зашто се прочу Неговото име, па рече: „Јован Крстител воскреснал од мртвите и затоа се случуваат чуда преку него.“ 15#Мал 3,23; Мт 21,11Едни велеа: „Илија е!“, а други: „Пророк е, или како еден од проро­ци­те.“ 16А Ирод, штом чу, рече: „Тоа е Јо­ван, на кого јас му ја отсеков главата; тој воскреснал од мртвите!“
Смртта на Јован Крстител
(Мт 14,3-12; Лк 3,19-20)
17 # Лк 3,19-20 Бидејќи самиот Ирод беше пратил да го фатат Јован, го врза и го фрли во затвор, поради Иродијада, жената на брат му Фи­лип, со која Ирод се беше оженил. 18#3 Мојс 18,16; 20,21Зашто Јован му велеше на Ирод: „Не ти е дозволено да ја имаш жената на твојот брат!“ 19А Иродијада се озлоби против него и сакаше да го убие, но не можеше. 20Зашто Ирод се плашеше од Јован, знаејќи дека тој е праведен и свет човек, и го штитеше; многу работи вршеше откако ќе го слушнеше, а со задоволство го слу­ша­ше. 21#1 Мојс 40,20И настана погоден ден кога Ирод, за својот роденден, им приготви вечера на своите кнезови, началници и галилејски старешини; 22и влезе ќерката на Иродијада, иг­ра­ше и им угоди на Ирод и на гостите. То­гаш царот ѝ рече на девојката: „Барај од мене што сакаш и ќе ти дадам!“ 23#Ест 5,3.6; 7,2И ѝ се заколна: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, дури и половината од моето царство.“ 24А таа излезе и ја праша својата мајка: „Што да побарам?“ Таа ѝ одговори: „Главата на Јован Крстител!“ 25И веднаш со брзање влезе кај царот и по­бара, говорејќи: „Сакам уште сега на чинија да ми ја дадеш главата на Јован Крстител!“ 26Царот се натажи, но заради заклетвата и гостите не сакаше да от­каже. 27И царот веднаш испрати џелат и му нареди да ја донесат неговата глава. 28А тој отиде во затворот, го обезглави и ја донесе неговата глава на чинија, па ѝ ја предаде на девојката, а девојката ја даде на својата мајка. 29#Мт 27,59-60Кога неговите ученици слушнаа, дојдоа, го зедоа неговото тело и го положија во гроб.
Исус нахранува пет илјади луѓе
(Мт 14,13-21; Лк 9,10-17; Јн 6,1-14)
30 # Лк 6,13; 10,17 И се собраа апостолите кај Исус, па Го известија за сѐ што направиле и поу­чувале. 31#2 Мојс 16; 5 Мојс 8,3.16; Пс 77,24-25.29; 105,40; Мудр 16,20-26; 1 Кор 10,3#2,2; 3,20А Тој им рече: „Дојдете вие самите во пусто место и одморете се малку.“ Зашто мнозина доаѓаа и си одеа, така што немаа време ни да јадат. 32И отидоа со кораб во пусто место, насамо. 33И народот ги виде кога си одеа; и мнозина Го познаа, па од сите гра­дови пеш поитаа таму; и ги претекнаа и се собраа околу Него. 34#4 Мојс 27,17; 3 Цар 22,17; Ез 34,5.15.23; 37,24; Зах 10,2; Пс 22,1; 76,20; 2 Цар 18,16; Мт 9,36А Исус, излегувајќи, виде многу на­род и се смилува над нив, зашто беа ка­ко овци без пастир; и почна да ги по­учу­ва за многу нешта. 35#8,1-9И бидејќи веќе стана доцна, Неговите ученици пристапија кон Него и рекоа: „Местово е пусто, а и доц­на е; 36распушти ги за да отидат по окол­ни­те села и населби и да си купат леб, зашто нема што да јадат.“ 37Тој им одговори и рече: „Дајте им вие да јадат!“ А тие Му рекоа: „Да пој­деме ли да купиме за двесте денарии леб, па да им дадеме да јадат?“ 38Потоа Тој ги праша: „Колку лебови имате? Отидете и видете!“ И кога видоа рекоа: „Пет леба и две риби.“ 39Тогаш Исус им рече на сите да седнат во групи по зелената трева. 40И седнаа во групи по сто и по пе­десет. 41#Мт 14,19; Лк 9,16; 22,19; 24,30Тој ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови и ги раскрши лебовите, и им ги даде на Своите ученици, за да им ги стават пред нив; исто така им ги раздели и двете риби на сите. 42#Ис 25,6-8; 55,1-2; Мт 8,11И јадеа сите и се наситија. 43#8,19И собраа дванаесет кошеви полни со парчиња од лебот и од рибите. 44А оние што јадеа од лебовите, беа околу пет илјади мажи.
Исус чекори по вода
(Мт 14,22-33; Јн 6,15-21)
45И веднаш ги натера Своите ученици да влезат во коработ и да отидат пред Него на другата страна, кон Витсаида, додека Тој да го распушти на­ро­дот. 46#1,35; 3,13; Лк 6,12; 9,28; Јн 6,15А Тој, одделувајќи се од нив, отиде во гората за да се помоли. 47Кога се стемни, коработ беше среде мо­рето, а Тој сам на копното. 48#2 Мојс 33,19.22; 34,6; Пс 76,19; Јов 9,8И ги виде како се мачат веслајќи, зашто ветрот беше спротивен; а околу четвртата ноќна стража#6,48 четвртата ноќна стража т.е. ра­но наутро, меѓу 4 и 6 часот. дојде кај нив, одејќи по морето, и сакаше да ги одмине. 49#Лк 24,37А тие, кога Го видоа како оди по морето, помислија дека тоа е привидение, и почнаа да викаат; 50#16,6; 2 Мојс 3,14; 5 Мојс 32,39; Ис 41,4; 43,10; Јн 8,24.28.58зашто сите Го видоа и се уплашија. Тој веднаш почна да говори со нив и им рече: „Бидете храбри! Јас сум, не плашете се!“ 51#4,39; Мт 14,32И се качи кај нив во коработ и ветрот стивна. А тие беа силно запрепастени во себе и зачудени. 52#3,5; 4,13; 8,17; Мт 16,9Зашто не го сфатија чудото со лебовите, бидејќи срцето им беше ска­менето. 53И кога преминаа, дојдоа во генисаретската земја и се задржаа таму. 54А штом излегоа од коработ, веднаш Го познаа. 55#Дела 5,15#1,32Брзо ја обиколија целата таа околија и почнаа на постела да ги носат болните таму каде што слушаа дека е Тој. 56#5,27-28; Лк 6,19; 8,44И каде и да влегуваше: во села, во градови или во населби – на крстопатите по­лагаа болни и Го молеа да се допрат барем до краевите од Неговата облека. И сите што се допираа до Него, оздравуваа.

اکنون انتخاب شده:

Марко 6: MAK2023

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید