Марко 2

2
Исус исцелува неподвижен човек
(Мт 9,1-8; Лк 5,17-26)
1 # 1,29 По неколку дена, Тој повторно дојде во Капернаум; и се расчу дека е во куќата. 2#3,20; Дела 4,29.31; 8,25Веднаш се собраа мнозина, така што немаше место ни пред вратата; а Тој им го проповедаше словото. 3И дојдоа кај Него со еден неподвижен, кого го носеа четворица; 4па, бидејќи не можеа да пријдат до Него од народот, го открија и го пробија покривот од куќата, каде што беше Тој, и ја спуштија постелата, на која лежеше неподвижниот. 5#5,34.36; Лк 7,48А Исус, гледајќи ја нивната вера, му рече на неподвижниот: „Синко, ти се простуваат гревовите!“ 6Таму седеа некои од книжниците и си помислија во своите срца: 7#Ис 43,25; Пс 102,3; 1 Јн 1,9„Зошто Овој такви хули изговара?! Кој може да простува гревови, освен единиот Бог?“ 8#Мт 12,25Исус веднаш дозна со Својот дух дека тие така мислат во себе, па им ре­че: „Зошто го помислувате тоа во своите срца? 9Што е полесно – да му кажам на неподвижниот: ’Ти се простуваат гре­во­ви­те‘, или да кажам: ’Стани, земи си ја пос­телата и оди‘? 10#Мт 8,20Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт да проштева гревови на земјата“ – му рече на неподвижниот – 11„Тебе ти велам: стани, земи си ја пос­телата и оди си дома!“ 12#Мт 5,16; 9,8.33; Рим 15,6.9; 1 Кор 6,20; 1 Птр 2,12; Откр 15,4И тој веднаш стана, па, штом ја зеде постелата, излезе пред сите – така што сите се восхитуваа и Го славеа Бо­га, велејќи: „Никогаш вакво нешто не сме виделе!“
Исус го повикува Левиј и ги прифаќа грешниците
(Мт 9,9-13; Лк 5,27-32)
13 # 1,22; 3,7-8; 6,2 И Исус повторно излезе покрај морето, и сиот народ доаѓаше кај Него, и Тој ги поучуваше. 14#Мт 9,9; Лк 5,27-29; 9,59И минувајќи, го виде Левиј Ал­феев, кој седеше на местото за прибирање данок, и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него. 15#Мт 11,19; Лк 7,34#Мт 5,46А кога Исус седеше на трпезата во неговата куќа, заедно со Него седеа и Неговите ученици и многу даночници и грешници; зашто тие беа мно­зи­на и врвеа по Него. 16Книжниците и фарисеите, штом Го видоа како јаде со даночници и греш­ници, им рекоа на Не­го­вите ученици: „Зошто Тој јаде и пие со даночници и со грешници?“ 17#10,45Кога го чу тоа Исус, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, ту­ку болните. Не сум дошол да ги пови­кам праведниците, туку грешниците на покајание.“
За постот. Старото и новото
(Мт 9,14-17; Лк 5,33-39)
18 # Мт 6,16; 11,2 Учениците на Јован и на фарисеите постеа. И дојдоа некои, па Му велеа: „Зошто учениците на Јован и на фари­се­ите постат, а Твоите ученици не пос­тат?“ 19#Мт 23,15Исус им рече: „Зар можат свато­ви­те да постат кога младоженецот е со нив!? Додека е со нив младоженецот, тие не можат да постат; 20но ќе дојдат денови, кога ќе им го одземат младоженецот и тогаш, во тие денови, и тие ќе постат. 21Никој не крпи ново парче ткаенина врз стара облека; инаку, нејзиното ново парче ќе се откине од старото и отворот ќе биде уште поголем. 22#Јн 1,17; 2 Кор 5,17; Гал 1,6И никој не става ново вино во стари мевови; инаку, новото вино ќе ги расце­пи мевовите и виното ќе истече, а ме­во­вите ќе се упропастат; туку ново вино се става во нови мевови.“
За саботниот ден
(Мт 12,1-8; Лк 6,1-5)
23 # 5 Мојс 23,24 И се случи во саботен ден да ми­нува преку нивите, и врвејќи, Неговите ученици почнаа да кинат класје. 24#2 Мојс 34,21А фарисеите Му рекоа: „Гледај, зошто го прават во сабота тоа што не е допуштено?“ 25Но Тој им рече: „Зар никогаш не сте читале што направи Давид, кога имаше потреба и ог­ладне тој и оние што беа со него? 26#2 Мојс 25,30; 1 Цар 21,1-6; 2 Цар 15,35 Како, во вре­мето на првосвештеникот Авијатар, влезе во Божјиот дом и ги изеде лебовите на предложението, што не смееше да ги јаде никој друг освен свештениците, па им даде и на оние што беа со него!“ 27#2 Мојс 20,8-11; 31,14; 5 Мојс 5,12-14; 1 Мак 2,39-41; Мт 12,11-12Потоа продолжи: „Саботата е соз­да­дена за човекот, а не човекот за сабо­та­та. 28#Мт 8,20Па така, Синот Човечки е господар и на саботата.“

اکنون انتخاب شده:

Марко 2: MAK2023

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید