Матеј 9
9
Исус исцелува фатен човек
(Мк 2,1-12; Лк 5,17-26)
1Тогаш Тој влезе во еден кораб, премина и пристигна во Својот град. 2#Лк 5,18.20; 7,48 И ете, Му донесоа еден неподвижен, легнат на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, му рече на неподвижниот: „Биди храбар, чедо! Ти се простуваат гревовите!“ 3#12,31; 26,65; 3 Мојс 24,11-16; Јн 10,33-36; Дела 6,11И ете, некои од книжниците си рекоа во себе: „Овој богохули!“ 4#12,25; Пс 93,11; Јн 1,48; 2,25А Исус, знаејќи ги нивните мисли, им рече: „Зошто мислите лошо во вашите срца? 5Што е полесно да се каже: ’Ти се простуваат гревовите!‘ или да се каже: ’Стани и оди!?‘ 6#8,20; Дан 7,14; Лк 5,24; Јн 5,8; Дела 9,34Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштева гревови – тогаш му рече на неподвижниот – ’Стани, земи си ја постелата и оди си дома‘!“ 7И тој стана и си отиде дома. 8#15,31; Лк 5,26; Дела 4,21А народот, кога го виде тоа, се восхити и Го прослави Бога, Кој им даде таква власт на луѓето.
Исус го повикува Матеј
(Мк 2,13-17; Лк 5,27-32)
9 #
8,22; 10,3; Дела 1,13 И, заминувајќи оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи во даночницата и му рече: „Врви по Мене!“ И тој стана и тргна по Него. 10#5,46; Лк 15,1И кога седеше Исус на трпеза во куќата, ете, мнозина даночници и грешници дојдоа и седнаа со Него и со Неговите ученици. 11#3,7; Лк 15,2Но, штом го видоа тоа фарисеите, им рекоа на Неговите ученици: „Зошто вашиот Учител јаде со даночници и грешници?“ 12#1 Тим 1,15А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните; 13#12,7; Ос 6,6одете и научете се што значат зборовите: ’Милост сакам, а не жртва‘. Зашто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание.“
Прашања за постот. Старото и новото
(Мк 2,18-22; Лк 5,33-39)
14 #
Јн 3,25
Тогаш кај Него дојдоа Јовановите ученици и рекоа: „Зошто ние и фарисеите постиме многу, а Твоите ученици не постат!?“ 15#Ис 62,4-5; Ер 2,2; Ез 16; Ос 1–3; Јн 3,29; 16,20; 2 Кор 11,2; Откр 21,2А Исус им рече: „Зар можат сватовите да бидат нажалени додека младоженецот е со нив? Но ќе дојде време кога младоженецот ќе биде оттргнат од нив, па тогаш и тие ќе постат. 16#Јн 1,17; 2 Кор 5,17; Гал 4,9Никој не става ново парче ткаенина врз стара облека, бидејќи парчето ќе се скине од облеката и отворот ќе биде поголем; 17ниту, пак, се става ново вино во стари мевови; инаку, мевовите ќе напукнат, и виното ќе истече и мевовите ќе се упропастат; туку ново вино се става во нови мевови, па така ќе се запази и едното и другото.“
Чудата со болната жена и со ќерката на Јаир
(Мк 5,21-43; Лк 8,40-56)
18 #
19,15; Мк 5,23; 6,5; 7,32; Лк 13,13 Додека Тој им говореше за тоа, ете, еден началник Му пријде, падна ничкум пред Него и Му велеше: „Ќерка ми штотуку умре; но дојди, положи ја Својата рака над неа и таа ќе оживее.“ 19Исус стана и тргна по него, заедно со Своите ученици. 20#14,36; 3 Мојс 15,25; 5 Мојс 22,12; Мк 6,56; Лк 6,19И ете, една жена, која дванаесет години боледуваше од крвотечение, се приближи одзади и се допре до крајот на Неговата облека, 21зашто си велеше: „Само да се допрам до Неговата облека, и ќе оздравам.“ 22#8,10; 10,22; Лк 7,50; Дела 3,16; 16,31А Исус, штом се заврте и ја виде, рече: „Биди храбра, ќерко, твојата вера те спаси!“ И оздраве жената во тој час. 23И кога Исус дојде во куќата на началникот и ги виде свирачите и народот вознемирени, 24#Лк 8,52; Јн 11,11; 1 Кор 15,18-20им рече: „Излезете, зашто девојката не е умрена, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа. 25#8,15Но, штом го истераа народот, Тој влезе, ја фати девојката за рака и таа стана. 26#5,15; Лк 4,14.37И тоа се расчу по целата таа земја.
Исус лекува двајца слепи
27 #
1,1; 20,30-31; 2 Цар 7,12-17; Дела 2,30 А кога Исус си одеше оттаму, тргнаа по Него двајца слепи и викаа: „Смилувај ни се, Сине Давидов!“ 28#8,10А штом дојде в куќи, слепите Му пријдоа; и Исус им рече: „Верувате ли дека можам да го направам тоа?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“ 29#8,13; 15,28Тогаш им ги допре очите и рече: „Нека ви биде според вашата вера!“ 30#8,4И очите им се отворија; а Исус строго им заповеда: „Гледајте никој да не дознае за ова!“ 31Но тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата таа земја.
Исус лекува нем човек
(Лк 11,14-15)
32 #
12,22-24; Лк 11,14-15 #
Мк 7,32.35 Додека тие излегуваа, ете, Му доведоа еден човек нем и опседнат од демон. 33#Мк 2,12; 7,37И, откако демонот беше изгонет, немиот проговори. А народот се чудеше и говореше: „Никогаш такво нешто не се видело во Израил.“ 34#12,24; Мк 3,22А фарисеите велеа: „Тој ги изгонува демоните преку началникот на демоните.“
Исус сочувствува со народот
(Мк 6,6-34; Лк 10,2)
35 #
4,23
И Исус одеше по сите градови и села и поучуваше по нивните синагоги, проповедајќи го благовестието за царството и лекувајќи секаква болест и секаква немоќ во народот. 36#14,14; 4 Мојс 27,17; 3 Цар 22,17; Ез 34,5.23; Зах 13,7; 2 Цар 18,16А штом виде многу народ, се сожали над нив, зашто беа изморени и напуштени како овци без пастир. 37#3,12; Лк 10,2; Јн 4,35-37Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата е голема, а работниците се малку. 38#Јн 4,38Затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.“
اکنون انتخاب شده:
Матеј 9: MAK2023
هایلایت
به اشتراک گذاشتن
کپی
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023