Матеј 28
28
Исусовото воскресение
(Мк 16,1-10; Лк 24,1-12; Јн 20,1-10)
1 #
27,61; Дела 20,7 Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден од седмицата, Марија Магдалина и другата Марија дојдоа да го видат гробот. 2#1,20; 2 Мојс 19,18; Дела 16,26И ете, настана голем потрес, зашто ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него. 3#17,2; Лк 9,29; Дела 1,10Изгледот му беше како молња, а облеката – бела како снег. 4#17,6А стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви. 5#14,27; 1 Мојс 15,1; Ер 30,10; Откр 1,17Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исус распнатиот; 6#16,21; Дела 2,24не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, 7#26,32; Мк 14,28па отидете бргу и кажете им на Неговите ученици дека воскресна од мртвите. И ете, оди пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.“ 8#Мк 16,8И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на Неговите ученици. 9#2,2.8.11; 8,2; 14,33; 15,25; 28,17Кога одеа да ги известат Неговите ученици, ете, Исус ги пресретна, велејќи им: „Радувајте се!“ А тие се приближија, Му ги прегрнаа нозете и паднаа ничкум пред Него. 10#Јн 20,17Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на Моите браќа да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“ 11Кога тие заминуваа, ете, некои од стражарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало. 12#12,14И тие, откако се собраа со старешините и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците, 13#27,64велејќи: „Кажете: ’Неговите ученици дојдоа ноќе и Го украдоа додека ние спиевме;‘ 14и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го убедиме и вас ќе ве ослободиме од грижа.“ 15А тие ги зедоа парите и направија како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
Исус им се јавува на Своите ученици
(Мк 16,14-18; Лк 24,36-49; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)
16 #
26,32
А единаесеттемина ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус; 17па, штом Го видоа, паднаа ничкум пред Него; а некои се посомневаа. 18#4,9-10; 11,27; Дан 7,14; Јн 3,35; Ефес 1,20-22; Фил 2,9-11А Исус, пристапувајќи им, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. 19#10,6; 24,9.14; Ис 42,6; 49,6; Лк 24,47; Дела 1,8; 2,38; 19,5; Рим 6,3; Гал 3,27; Ефес 4,5Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, 20#1,23; 18,20; 1 Мојс 28,15; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Ис 41,10; 43,5; Ер 1,8; Агеј 1,13; Дан 7,13-14; Јн 14,18-21и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал. И ете, Јас сум со вас преку сите денови до крајот на светот.“ Амин!
اکنون انتخاب شده:
Матеј 28: MAK2023
هایلایت
به اشتراک گذاشتن
کپی
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023