Матеј 26
26
Заговор против Исус
(Мк 14,1-2; Лк 22,1-2; Јн 11,45-53)
1 #
11,1; 13,53 И, кога Исус ги заврши сите овие слова, им рече на Своите ученици: 2#16,21; 2 Мојс 12,1-27; Лк 24,7.20; Јн 19,16„Знаете дека по два дена ќе биде Пасха и Синот Човечки ќе биде предаден на распнување.“ 3#26,57; Пс 2,2; Дела 4,26-27Тогаш првосвештениците, книжниците и старешините на народот се собраа во дворот на првосвештеникот по име Кајафа, 4#Пс 30,13; Јн 11,53; Дела 9,23и се советуваа како да Го фатат Исус со измама и да Го убијат; 5#Јн 11,55но рекоа: „Само не на празникот, за да не настане бунт меѓу народот.“
Помазанието во Витанија
(Мк 14,3-9; Јн 12,1-8)
6 #
21,17
А кога Исус беше во Витанија, во куќата на Симон Лепрозниот, 7#Лк 7,36-38Му пријде една жена со алабастерен сад со скапоцено миро, и го изли врз Неговата глава, кога Тој седеше на трпезата. 8А кога го видоа тоа Неговите ученици, негодуваа и рекоа: „Какво е тоа растурање? 9#19,21; Јн 12,5Зашто тоа миро можеше да се продаде за многу пари и тие да им се раздадат на сиромасите.“ 10Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја обеспокојувате жената? Таа направи добро дело кон Мене! 11#5 Мојс 15,11Бидејќи сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш; 12#Јн 12,3таа, излевајќи го тоа миро врз Моето тело, Ме приготви за погреб. 13#24,14Вистина ви велам: каде и да биде проповедано ова благовестие, по цел свет, во нејзин спомен, ќе се раскажува и тоа што таа го направи.“
Договор за предавство на Исус
(Мк 14,10-11; Лк 22,3-6)
14 #
Јн 6,71
Тогаш еден од дванаесеттемина, по име Јуда Искариотски, отиде кај првосвештениците 15#1 Мојс 37,28; Зах 11,12и рече: „Што ќе ми дадете, за да ви Го предадам?“ А тие му предложија триесет сребреника. 16#21,46И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.
Подготовка на Пасхалната вечера
(Мк 14,12-16; Лк 22,7-13)
17 #
2 Мојс 12,1-14; 12,20; Мк 14,1.12; Јн 19,14; Дела 12,3; 1 Кор 5,7-8 А во првиот ден на празникот Бесквасници пристапија кон Исус учениците и Му рекоа: „Каде сакаш да Ти приготвиме да ја јадеш Пасхата?“ 18#Јн 2,4; 7,30; 13,1Тој им рече: „Отидете во градот кај тој и тој човек и кажете му: ’Учителот вели: времето Ми наближи, кај тебе ќе ја прославам Пасхата со Своите ученици.‘“ 19#21,6Учениците постапија како што им заповеда Исус и ја приготвија Пасхата.
Исус го посочува предавникот
(Мк 14,17-21; Лк 22,14.21-23; Јн 13,21-30)
20 #
Лк 22,14
А кога се стемни, Тој седна на трпезата со дванаесеттемина. 21#Јн 13,21И дури јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“ 22Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“ 23#Пс 40,9; Јн 13,18; 17,12А Тој им одговори: „Оној што макна со Мене во чинијата, тој ќе Ме предаде. 24#8,20; 18,6; Ис 53,9Синот Човечки си оди, како што е напишано за Него; но тешко на оној човек преку кого Синот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек да не се беше родил.“ 25#10,4А Јуда, што Го предаде, праша: „Да не сум јас, Рави?“ Исус му одговори: „Ти рече.“
Востановување на светата Евхаристија
(Мк 14,22-26; Лк 22,14-20; 1 Кор 11,23-25)
26 #
Јн 6,51-58; 1 Кор 10,16 #
14,19
И кога јадеа, Исус зеде леб и, откако заблагодари, го прекрши, и им даде на учениците и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“ 27Потоа ја зеде чашата, и откако заблагодари, им ја даде, велејќи: „Пијте од неа сите; 28#20,28; 2 Мојс 24,8; Ис 53,12; Ер 31,31; Зах 9,11; Мк 1,4; Лк 1,77; 24,47; Дела 2,38; 5,31; 10,43; 13,38; 26,18; Ефес 1,7; Кол 1,14; Евр 9,20.22; 10,18; 12,24зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите. 29#8,11; 1 Кор 11,26И ви велам дека отсега нема да пијам од овој лозов плод сѐ до оној ден кога ќе пијам нов со вас во царството на Мојот Отец.“ 30#Јн 18,1И, откако испеаја благодарствена песна, отидоа во Маслиновата Гора.
Навестување за Петровото одрекување
(Мк 14,27-31; Лк 22,31-34; Јн 13,36-38)
31 #
5,29; 11,6; Зах 13,7 Тогаш Исус им рече: „Сите вие ќе се соблазните поради Мене во оваа ноќ; зашто е напишано:
’Ќе удрам по пастирот
и овците од стадото ќе се разбегаат.‘
32 #
28,7
А по Моето воскресение ќе отидам пред вас во Галилеја.“ 33#4,18Тогаш Петар Му одговори и рече: „Дури и сите да се соблазнат поради Тебе, јас никогаш нема да се соблазнам.“ 34#26,69-75Исус му рече: „Вистина ти велам: оваа ноќ, уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“ 35Петар Му кажа: „Ако затреба дури и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе!“ Истото го рекоа сите ученици.
Исусовата молитва во Гетсиманија
(Мк 14,32-42; Лк 22,39-46)
36 #
14,23; 1 Мојс 22,5; Јн 18,1; Евр 5,7-8 Потоа Исус отиде со нив на едно место, наречено Гетсиманија, и им рече на учениците: „Поседете тука, додека отидам онаму да се помолам.“ 37#17,1И ги поведе со Себе Петар и двајцата Зеведееви синови, па се нажали и почна да тагува. 38#24,42; 3 Цар 19,4; Пс 41,5.11; 43,5; Јн 12,27Тогаш Исус им рече: „Смртно е нажалена Мојата душа; останете тука и бидете будни со Мене!“ 39#20,22; Јн 4,34; Рим 5,19 Па, откако малку се оддалечи, падна ничкум со лицето на земјата и се молеше, велејќи: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како што сакаш Ти.“ 40Па дојде кај учениците и ги затече како спијат, и му рече на Петар: „Толку ли не можевте еден час да останете со Мене будни!? 41#6,13; Лк 11,1-4; Рим 7,5Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение; духот е бодар, но телото е слабо.“ 42#Фил 2,8И отиде по вторпат и се помоли, говорејќи: „Оче Мој, ако не може да ме одмине оваа чаша без да ја пијам, нека биде волјата Твоја!“ 43#Лк 9,32Кога се врати, повторно ги затекна како спијат, зашто очите им беа натежнале. 44#2 Кор 12,8И повторно ги остави, па отиде и се помоли по третпат, изговарајќи ги истите зборови. 45#Лк 9,44; Јн 13,1; 14,30Тогаш дојде кај Своите ученици и им рече: „Сѐ уште спиете и одмарате! Ете, наближи часот и Синот Човечки се предава во рацете на грешници. 46#Јн 14,31Станете, да одиме! Ете, се приближува оној што Ме предава.“
Исусовото приведување
(Мк 14,43-50; Лк 22,47-53; Јн 18,3-12)
47 #
10,4
Додека Тој уште говореше, ете, дојде Јуда, еден од дванаесеттемина, и со него многу народ со мечеви и со стапови, испратени од првосвештениците и народните старешини. 48А оној што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: „Оној што ќе Го целивам, Тој е; Него фатете Го!“ 49#2 Цар 20,9-10И веднаш Му пријде на Исус и Му рече: „Те поздравувам, Рави!“ И Го целива. 50#1 Мојс 26,27А Исус му рече: „Пријателе, зошто си дошол?“ Тогаш пристапија, ги ставија раце врз Исус и Го фатија. 51#Јн 18,26И ете, еден од оние што беа со Исус, протегна рака и го извади својот нож, па го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече увото. 52#1 Мојс 9,6; Откр 13,10Тогаш Исус му рече: „Врати го ножот на неговото место. Зашто сите што се фаќаат за нож, од нож ќе загинат; 53#Јн 18,36или мислиш дека не можам да Го помолам сега Својот Отец да Ми прати повеќе од дванаесет легиони ангели? 54#Лк 24,26-27Но, како ќе се исполнат Писмата, ако ова не се случи?“ 55#Лк 19,47; 21,37; Јн 18,20Во тој час Исус му рече на народот: „Зар како на разбојник сте излегле со мечеви и стапови, за да Ме фатите? Секој ден седев со вас, поучувајќи во храмот, и не Ме фативте. 56#1,22; Зах 13,7; Јн 16,32Но сето тоа се случи за да се исполнат Писанијата на пророците.“ Тогаш сите ученици Го оставија и се разбегаа.
Исус пред Синедрионот#26,57 Големиот Совет
(Мк 14,53-65; Лк 22,54-55.63-71; Јн 18,13-14.19-24)
57 #
26,3; Лк 3,2; Јн 11,49; Дела 4,6 А оние што Го беа фатиле Исус, Го одведоа кај првосвештеникот Кајафа, каде што беа собрани книжниците и старешините. 58Петар, пак, одеше по Него оддалеку, до дворот на првосвештеникот; и влезе внатре, па седна со поданицте за да го види крајот. 59А првосвештениците и старешините и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исус, за да Го погубат 60#3 Цар 21,10; Пс 26,12; Дела 6,13и не најдоа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца лажни сведоци 61#24,2-3; 27,40; Јн 2,19; Дела 6,14и рекоа: „Овој кажа: ’Можам да го урнам Божјиот храм и за три дена да го соѕидам.‘“ 62Тогаш првосвештеникот стана и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“ 63#4,3; 14,33; 27,12.14; Ис 53,7Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Синот Божји?“ 64#8,20; 22,44; Пс 110,1; Дан 7,13; Евр 1,3Исус му одговори: „Ти рече! Но Јас ви велам:
отсега ќе Го гледате Синот Човечки
како седи оддесно на Силата
и како доаѓа на небесните облаци.“
65 #
3 Мојс 24,16
#
4 Мојс 14,6; 2 Цар 13,19; Ер 36,24; 1 Езд 9,3 Тогаш првосвештеникот ја раскина својата облека и рече: „Овој богохули! Каква потреба имаме веќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење! 66#Ер 26,11; Дела 2,23Што мислите?“ А тие одговорија: „Заслужува смрт!“ 67#Лк 22,64#27,30; Ис 50,6; 52,14Тогаш Го плукаа в лице и Го тепаа, а други Го удираа по образите, 68и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“
Петровото одрекување
(Мк 14,66-72; Лк 22,56-62; Јн 18,15-18.25-27)
69А Петар седеше надвор во дворот. И му пријде една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“ 70Но тој одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“ 71#2,23А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус Назареецот!“ 72И повторно одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“ 73А малку потоа пристапија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот те издава!“ 74#Јн 13,38Тогаш тој почна да се колне и заколнува: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел. 75#26,34; Лк 22,34; Јн 13,38И Петар се сети на Исусовите зборови: „Уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“ Па излезе надвор и горко плачеше.
اکنون انتخاب شده:
Матеј 26: MAK2023
هایلایت
به اشتراک گذاشتن
کپی
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023