Матеј 19
19
За разводот
(Мк 10,1-12; Лк 16,18)
1 #
7,28
Кога Исус ги заврши тие зборови, замина од Галилеја и дојде во Јудејските краишта, отаде Јордан. 2#12,15По Него одеше многу народ и Тој ги излечи таму. 3#16,1; Лк 11,54; Јн 8,6И Му пристапија фарисеите за да Го искушуваат, па Му рекоа: „Дали му е допуштено на човек да ја остави својата жена за каква и да било причина?“ 4#1 Мојс 1,27; 5,2 А Тој, одговарајќи, им рече: „Зар не сте читале дека Оној што ги создаде, во почетокот машко и женско ги создаде, 5#1 Мојс 2,24; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31и рече: ’Затоа, ќе ги остави човек својот татко и својата мајка и ќе се прилепи до својата жена и обајцата ќе бидат едно тело.‘ 6#1 Кор 7,10Па така, тие веќе не се двајца, туку се едно тело. А тоа што го соединил Бог, човек да не го разделува.“ 7#5,31; 5 Мојс 24,1Тие Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ се даде разводно писмо и да се отпушти?“ 8Тој им рече: „Поради тврдокорноста на вашите срца Мојсеј ви дозволи да ги оставите своите жени; но во почетокот не беше така. 9#5,32; Лк 16,18; 1 Кор 7,10-11 А Јас ви велам: оној што ќе ја остави својата жена, освен поради прељуба, и се ожени со друга, тој прави прељуба; и оној, што ќе се ожени со оставена, исто така, прави прељуба.“
Брак и безбрачност
10 #
1 Кор 7,1
Неговите ученици Му рекоа: „Ако е таква положбата на човекот кон жената, подобро да не се жени!“ 11#1 Кор 7,17 А Тој им рече: „Не може секој да го прифати кажаново, туку само оние на кои им е дадено; 12#1 Кор 7,1.7-8.32-34зашто има скопени кои се така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и скопени, кои самите си се скопиле заради царството небесно. Кој може да прифати, нека прифати.“
Исус ги благословува децата
(Мк 10,13-16; Лк 18,15-17)
13 #
Лк 9,47; 1 Тим 4,14 Тогаш Му доведоа деца, за да ги положи рацете на нив и да се помоли, а учениците им забрануваа. 14#18,3-4Но Исус рече: „Оставете ги децата и не бранете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно.“ 15#Мк 10,16И, откако ги положи рацете на нив, си отиде оттаму.
За богатиот млад човек
(Мк 10,17-31; Лк 13,30; 18,18-30)
16 #
Лк 10,25
И ете, еден Му пристапи и Му рече: „Добар Учителе, каква добрина да направам за да имам живот вечен?“ 17#3 Мојс 18,5; Ез 18,21; Лк 10,28; Јк 2,10А Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги заповедите.“ 18#15,4; 2 Мојс 20,12-16; 3 Мојс 19,18; 5 Мојс 5,16-20; Рим 13,9Тој Му рече: „Кои?“ А Исус одговори: „Не убивај, не прави прељуба, не кради, не сведочи лажно; 19почитувај ги својот татко и својата мајка; љуби го својот ближен како себеси!“ 20Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил уште од својата младост; што уште ми недостасува?“ 21#5,3.48; 6,20; Кол 3,1-2Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и раздај го на сиромаси, и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене!“ 22#Лк 12,15-21Штом го чу младиот човек кажаново, си отиде натажен, бидејќи имаше многу имот. 23#Мк 10,23-27; Лк 18,24-27А Исус им рече на Своите ученици: „Вистина ви велам, богат тешко ќе влезе во царството небесно; 24#1 Кор 1,26и уште ви велам: полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“ 25Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ 26#1 Мојс 18,14; Ер 32,17; Зах 8,6; Јов 42,2; Лк 1,37А Исус ги погледна и им рече: „За луѓето тоа е невозможно, но за Бога сѐ е можно.“ 27#4,20.22Тогаш Петар Му одговори и рече: „Ете, ние оставивме сѐ и појдовме по Тебе: што ќе стане, со нас?“ 28#8,20; Дан 7,22; Лк 22,30; 1 Кор 6,2; Откр 3,21; 21,1.12А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие што врвите по Мене, при повторното раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на Својата слава, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви племиња; 29#Лк 14,26и секој што ќе остави куќи, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца или ниви, заради Моето име, ќе добие стопати повеќе и ќе наследи вечен живот. 30#20,16; Лк 13,30Но мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.“
اکنون انتخاب شده:
Матеј 19: MAK2023
هایلایت
به اشتراک گذاشتن
کپی
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023