Матеј 17
17
Христовото преображение
(Мк 9,2-9; Лк 9,28-36)
1 #
26,37; Јн 21,2 А по шест дена Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и брат му Јован и ги одведе само нив на една висока гора; 2#28,3; Дан 7,9; 2 Птр 1,16-18и се преобрази пред нив; и Неговото лице светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина. 3#11,14; 2 Мојс 33; 5 Мојс 18,15.18; 3 Цар 19,9-14И ете, им се јавија Мојсеј и Илија и разговараа со Него. 4#5 Мојс 16,13Тогаш Петар проговори и Му рече на Исус: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“ 5#3,17; 2 Мојс 13,21; 19,16; 24,15-16; 40,34-35; 3 Цар 8,10-12; Ис 42,1; Дела 1,9; 2 Птр 1,17Додека уште говореше, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!“ 6#27,54И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија. 7Но Исус им пријде, се допре до нив и им рече: „Станете и не плашете се!“ 8А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа никој друг освен Исус. 9#8,4; 8,20А кога слегуваа од гората, Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!“
За Илија
(Мк 9,11-13)
10 #
Мал 3,23-24; Сир 48,10 И Неговите ученици Го запрашаа: „Зошто, пак, книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“ 11#19,28А Исус, одговорајќи им, рече: „Навистина, Илија ќе дојде претходно и ќе уреди сѐ; 12#11,14; 20,17-19; Лк 1,17но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија сѐ што сакаа. Така и Синот Човечки ќе пострада од нив.“ 13#11,10-14Тогаш учениците разбраа дека Тој им зборува за Јован Крстител.
Исус ослободува од демони
(Мк 9,14-29; Лк 9,37-43)
14 #
Мк 1,40; 10,17 Кога дојдоа кај народот, Му пристапи еден човек, падна на колена пред Него 15и рече: „Господи, смилувај се на син ми, зашто е месечар и ужасно страда; често паѓа во оган и често – во вода; 16го доведов кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“ 17#12,39; 5 Мојс 32,5.20; Дела 2,40; Фил 2,15А Исус одговори и рече: „О, неверно и развратно поколение! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!“ 18#8,29; 15,28; Мк 1,25; 5,8; Јн 4,52-53И му нареди Исус и демонот излезе од него; и момчето оздраве во истиот час. 19Тогаш учениците пристапија кон Исус насамо и Му рекоа: „Зошто ние не можевме да го истераме?“ 20#13,58; 21,21; Мк 11,22-23; 1 Кор 13,2А Исус им рече: „Поради вашето неверие: зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа планина: ’Премести се одовде таму‘ и таа ќе се премести, и за вас ништо нема да биде невозможно. 21#Мк 9,29А овој род се истерува само со молитва и со пост.“
Исус повторно ги најавува Својата смрт и Своето воскресение
(Мк 9,30-32; Лк 9,43-45)
22 #
17,12; 20,17-19; 2 Цар 24,14 #
Дела 10,40
А кога беа во Галилеја, Исус им рече: „Синот Човечки ќе биде предаден во човечки раце 23и ќе Го убијат; и на третиот ден ќе воскресне.“ И тие многу се нажалија.
За храмовниот данок
24 #
2 Мојс 38,26
А кога пристигнаа во Капернаум, му пристапија на Петар оние што собираа дидрахми и му рекоа: „Зар вашиот Учител не плаќа дидрахми#17,24 дидрахми – данок што се плаќал за одржување на храмот.?“ 25Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го претекна и рече: „Што мислиш, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓите?“ 26Петар Му одговори: „Од туѓите.“ Исус му рече: „Значи, синовите се ослободени; 27#5,29; Рим 14,13; 1 Кор 8,13но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и земи ја првата риба што ќе ја уловиш; и, кога ќе ѝ ја отвориш устата, ќе најдеш статир#17,27 статир – монета вредна две дидрахми.; земи го и дај им го за Мене и за себе!“
اکنون انتخاب شده:
Матеј 17: MAK2023
هایلایت
به اشتراک گذاشتن
کپی
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023