Битие 35

35
Јаков го напушта Сихем и заминува за Ветил
1 # 28,10-22; 31,13 И му рече Бог на Јаков: „Стани, оди горе во Ветил и живеј таму; и направи таму жртвеник на Бога, Кој ти се јави, кога бегаше од лицето на Исав, братот твој.“ 2#31,19; 2 Мојс 19,13; 20,3; Ис.Н. 24,15.23Тогаш Јаков им рече на своите домашни и на сите, кои беа со него: „Исфрлете ги туѓите богови, што се кај вас, па исчистете се и преоблечете се. 3#28,20; 31,3.42; 48,15Да се кренеме и да отидеме во Ве­тил; таму ќе направам жртвеник на Бо­га, Кој ме чу во денот на неволјата моја, и беше со мене на патот, по кој одев.“ 4#Ис.Н. 24,26; Суд 9,6И му ги дадоа на Јаков сите туѓи богови, што беа во нивни раце, и обет­ките, што ги имаа на ушите; и ги закопа Јаков под дабот кај Сихем. 5#34,30Потоа тргнаа. А страв Божји ги беше снашол околните градови, та не се кренаа во потера по синовите на Јаков. 6#12,6; 28,19И Јаков дојде во Луз, во земјата хананска, а тоа е Ветил, самиот тој и луѓето што беа со него, 7и подигна таму жртвеник, и го на­рече тоа место: Ел-Ветил, зашто таму му се беше јавил Бог, кога бегаше од лицето на својот брат. 8#24,59Тогаш умре Девора, доилката на Ревека, и ја погребаа подолу од Ветил, под дабот, кого Јаков го нарече Плач­ниот даб. 9И му се јави Бог на Јаков (во Луз), откако се врати од рамнината Арам, и го благослови. 10#32,29И Бог му рече: „Името ти е Јаков, но отсега нема да се именуваш Јаков; името ќе ти биде Израил.“ И го нарече Израил. 11#17,1.5-9И уште му рече Бог: „Јас сум Ел-Шадај – Семоќниот Бог; плоди се и множи се; народ и многу народи ќе настанат од тебе и цареви ќе излезат од твоето колено. 12#12,7И ти ја давам земјата, што му ја дадов на Авраам и на Исак, твоја да биде, а и на потомството твое ќе му ја дадам оваа земја.“ 13Потоа Бог се вознесе од местото, каде што му зборуваше. 14А Јаков подигна споменик на истото место, каде што му зборуваше Бог; споменик од камен, па изврши преливање и го прелеа со масло. 15И Јаков го нарече тоа место, каде што му зборуваше Бог, Ветил.
Раѓањето на Венијамин и смртта на Рахила
16Заминаа од Ветил (и тој го распна шаторот зад кулата Гадер). А кога им преостана уште малку пат до Ефрат, Рахила роди, и породувањето ѝ беше тешко. 17#30,24А кога таа се мачеше при раѓањето, бабицата ѝ рече: „Не плаши се, зашто и ова ќе ти биде син.“ 18#1 Цар 4,20-21; 1 Лет 4,9; 7,23А кога душата ја напушташе, бидејќи умираше, Рахила го нарече Бенони. Но таткото му даде име Венија­мин. 19#Мих 5,1; Рута 1,2; Мт 2,6И умре Рахила, и ја погребаа крај патот што води кон Ефрат, во Витлеем. 20И подигна Јаков споменик над гробот нејзин. Тоа е споменикот на гробот Рахилин до денешен ден. 21А кога замина оттаму, Израил го распна шаторот свој зад кулата Едер. 22#49,3-4; 3 Мојс 18,8И кога Израил живееше во таа земја, отиде Рувим, та легна со Билха, наложницата на неговиот татко. И тоа го дочу Израил (и го прифати со огор­ченост). А Јаков имаше дванаесет синови. 23#29,31-35; 30,24Синовите на Лија беа: Рувим, првенецот Јаковов, Симеон, Левиј, Јуда, Исахар и Завулон. 24А синовите на Рахила беа: Јосиф и Венијамин. 25Синови, пак, на Билха, слугинката на Рахила, беа Дан и Нефталим. 26А синови на Зелфа, слугинката на Лија, се: Гад и Асир. Тоа се синови Ја­ковови, кои му се родија во рамнината Арам. 27#13,18И дојде Јаков кај Исак, таткото свој, во Мамре, во Кирјат-Арба, односно во Хеврон, каде што Авраам и Исак беа доселеници. 28А Исак имаше сто и осумдесет го­дини. 29#25,8И издивна Исак и умре, се прибра кај родот свој, стар и сит од животот. И го погребаа синовите негови Исав и Јаков.

اکنون انتخاب شده:

Битие 35: MK2006D

های‌لایت

کپی

مقایسه

به اشتراک گذاشتن

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید