Битие 28
28
1 #
26,35; 2 Мојс 34,15-16; 5 Мојс 7,3-4; 1 Езд 10; Неем 13,23-30 Затоа Исак го повика Јаков, го благослови, и му заповеда, велејќи: „Немој да земеш жена од ќерките ханански! 2#27,41-45Стани, па оди во рамнината Арам, во домот на Ветуил, таткото на твојата мајка, и оттаму земи си жена, од ќерките на Лаван, братот на мајка ти. 3#17,4-5И семоќниот Бог нека те благослови, и нека те издигне и нека те умножи, та од тебе да настанат многу народи. 4Да ти го даде благословот на Авраам, мојот татко, тебе и на потомството твое по тебе, за да ја наследиш земјата, во која си придојден, а која Бог му ја даде на Авраам!“ 5Така Исак го испрати Јаков, и тој отиде во рамнината Арам кај Лаван, синот на Ветуил Арамеецот, кај братот на Ревека, мајката на Јаков и Исав. 6Кога Исав виде како Исак го благослови Јаков и го испрати во рамнината Арам оттаму да си земе жена, и како благословувајќи го, му заповеда: „Не земај жена од ќерките ханански“, 7и дека Јаков го послуша таткото свој и мајка си, и замина за рамнината Арам; 8Исав разбра дека ќерките ханански не му се по волја на Исак, таткото негов. 9#25,12И отиде Исав кај Исмаил, и ја зеде за жена Махалата, ќерката на Исмаил, синот Авраамов, сестра Навајотова.
Сонот на Јаков
10 #
Ос 12,4; Мудр 10,10 Јаков, пак, ја напушти Вирсавија и отиде во Харан, 11па најде едно место, и таму преноќева, бидејќи сонцето беше зашло. И зеде еден камен од тоа место, и си го кладе под главата, па заспа на тоа место. 12#Јн 1,51И виде сон: ете, скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и ангели Божји се качуваа по неа и слегуваа. 13А ете, Господ стоеше на неа, Кој му рече: „Јас сум Господ Бог на таткото твој Авраам и Бог Исаков. Оваа земја, на која лежиш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое; (не плаши се). 14#12,3; 13,14-15; 14,5-6; 18,18; 22,17-18; 26,4А потомството твое ќе биде колку песокот на земјата; ти ќе се рашириш на запад и на исток, и на север и на југ, и сите племиња на земјата ќе бидат благословени поради тебе и поради потомството твое. 15#26,3; 31,3-5И еве, Јас сум со тебе, и ќе те чувам насекаде каде и да појдеш, и ќе те вратам во оваа земја, и нема да те оставам сѐ додека не го извршам она што сум ти рекол.“ 16А кога се разбуди Јаков од сонот, си рече: „Сигурно е Господ на ова место; а јас не знаев!“ 17#2 Мојс 3,5; 19,12Се уплаши и рече: „Колку е страшно ова место! Ова е дом Божји, ова е вратата небеска!“ 18#35,14; 2 Цар 18,18И стана Јаков утредента рано, го зеде каменот, што го беше ставил под глава, и го постави како спомен, па го прелеа со масло. 19#35,6; 48,3; Суд 1,23И тоа место го нарече Ветил; а порано името на овој град му беше Луз. 20#31,13И се зарече Јаков, велејќи: „Ако Господ Бог биде со мене и ме зачува на овој пат, по кој одам, и ако ми даде леб да јадам и облека да се облекувам, 21и се вратам мирно во домот на таткото мој, и ми биде Господ мој Бог, 22#14,20; Амос 4,4тогаш овој камен што го поставив како споменик ќе биде (за мене) дом Божји. И од сѐ, што ќе ми дадеш, Тебе ќе Ти давам една десетина.“
اکنون انتخاب شده:
Битие 28: MK2006D
هایلایت
کپی
مقایسه
به اشتراک گذاشتن
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006