YouVersion Logo
Search Icon

Мудрост Сирахова 51

51
Благодарствена химна.
1Господи Царе, Тебе ќе Те воспевам, Тебе ќе Те фалам – мојот Бог и Спасител, Твоето име ќе Го прославувам;
2Ти беше мој закрилник и помошник;
3Ти го спаси моето тело од пропаст и од примките на јазик клеветнички и уста лажлива; Ти беше мој помошник против оние што стануваа против мене.
4Ти ме избави според Твојата голема милост и заради името Свое од заби што крцкаат спремни да ме изедат;
5и од рацете на оние штоја бараа мјата душа и од многу жалости што ги имав.
6Од оган, којшто ме задушуваше од сите страни и од пламенот што не ме изгоре;
7од длабината на адовата утроба, од нечист јазик и лажливи зборови, од клевета на непрведен јазик пред цар.
8Душата моја близу до смртта беше.
9Животот мој – до дното на пеколот:
10од сите страни ме опкружуваа и немаше кој да ми помогне; од луѓе помош со поглед барав, но ја немаше.
11Тогаш си спомнав за милоста Твоја, Господи, и за делата Твои уште од почеток,
12дека ги спасуваш оние што на тебе се надеваат, ги спасуваш од непријателски раце.
13Гласот на мојата молитва од земја го подигнав, Ти се молев од смрт да ме избавиш.
14Повикав кон Господа, кон Отецот на мојот Господ – да не ме остави во дни на неволја кога немам помош од горделиви луѓе.
15Името Твое непрестајно во славословие ќе го фалам, зашто молитвата моја ја послуша;
16од погибел ме спаси и во зло време ме избави.
17Затоа ќе Те воспевам и ќе Те фалам и името на Господа ќе го прославувам.
18Уште како момче, пред да почнам да патувам, во молитвата моја отворена мудрост барав;
19пред храмот се молев за неа и докрај ќе ја барам, како од цутот на грозјето до неговото узревање,
20така срцето мое се радува од неа; мојата нога по прав пат тргна, уште од младини по неа одам.
21Го наведнував по малку увото и неа ја примав; во неа наоѓав многу поуки за себе.
22Напредував во неа.
23Ќе го прославувам оној, Кој ми ја дарува мудроста.
24Одлучив да одам по неа; го следев доброто и нема да се посрамам.
25Душата моја неја ја бараше, а во делата мои бев исправен.
26Рацете мои ги подигнав кон висините и ја осознавав својата неукост.
27Кон неа душата моја ја управив и од самиот почеток ѝ го предадов срцето свое,
28и со чистота ја достигнав; затоа нема да бидам оставен од неа.
29Внатрешноста моја се подигна неа да ја бара; затоа придобив вредно богатство.
30За награда Гсспод јазик ми даде; со него ќе Го прославувам.
31Дојдете кај мене, вие ненаучените, во училиштето мое бидете.
32Зашто вам мудроста ви е потребна, душите ваши силно жеднеат за неа.
33Ја отворам устата своја и ви велам: »Купувајте ја без пари;«
34ставете го вратот свој во јаремот нејзин и душата ваша нека го прима ова учење; него можете близу да го најдете.
35Ете, со ваши очи гледате: јас малку се потрудив и голем спокој најдов.
36Придобивајте знаење колку за големо количество сребро, а со тоа ќе добиете богатство поголемо од злато.
37Нека се радува душата ваша за Неговата милост; и не срамете се да Го прославувате.
38Свршувајте ја работата своја навреме, и Тој навреме ќе ви ја даде вашата награда.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy