YouVersion Logo
Search Icon

Матеј 22

22
Парабола за свадбата на царевиот син. Данокот ќесарски. Воскресението. Најголемата заповед. Христос како Давидов син и Господ.
1И одговарајќи, Исус пак им говореше во параболи и рече:
2»Царството небесно прилега на човек цар, кој направи свадба на сина си,
3и ги испрати своите слуги да ги повикаат поканетите на свадба; а тие нејќеа да дојдат.
4Потоа испрати други слуги и им рече: кажете им на поканетите: ‚Ете, приготвив јадење; јунците мои и сѐ што е угоено се заклани, и сѐ е готово; дојдете на свадба!‘
5Но тие не сакаа да знаат за тоа, а си отидоа: кој на нива, кој по трговија;
6а некои, пак, ги фатија неговите слуги, ги исмеаја и ги убија.
7Штом чу за тоа царот, се налути, испрати своја војска и ги погуби убијците и им го изгоре нивниот град.
8Тогаш им рече на слугите свои: ‚Свадбата е готова, но поканетите не беа достојни.
9Затоа одете по раскрсниците и, колку души ќе најдете, поканете ги на свадба!‘
10И како излегоа слугите на раскрсниците, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши и добри; и се наполни свадбениот дом со гости.
11Кога влезе, пак, царот да ги види гостите, забележа еден необлечен во свадбени алишта.
12Па му рече: ‚Пријателе, како влезе овде, необлечен во свадбена руба?‘ А тој молчеше.
13Тогаш царот им рече на слугите: ‚Врзете му ги рацете и нозете, земете го и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и крцкање со заби;
14зашто, мнозина се повикани, а малцина избрани‘.«
15Тогаш фарисеите отидоа и се договорија како да Го фатат во некој збор.
16И ги испраќаа при Него своите ученици, заедно со некои Иродовци, говорејќи: »Учителе, знаеме дека си правичен и навистина ги учиш луѓето на патот Божји, и не се боиш ни од кого, зашто не гледаш кој е кој;
17затоа кажи ни, како Ти се чини: треба ли да се дава данок на царот или не?«
18Но Исус го разбра лукавството нивно и рече: »Што Ме искушувате, лицемери?
19Покажете Ми една даночна пара!« Тие Му донесоа еден динариј.
20И им рече: »Чиј е овој лик и натпис?«
21Тие одговорија: »На царот.« Тогаш им рече: »Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!«
22И штом го чуја тоа, тие се зачудија и, оставајќи Го, си отидоа.
23Во истиот ден пристапија кон Него и садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа, говорејќи:
24»Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако умре некој без деца, тогаш брат му нека ја земе жената негова и нека го воздигне потомството на брата си!‘
25При нас беа седуммина браќа; првиот се ожени и умре; па, бидејќи немаше пород, ја остави жената своја на брата си;
26исто така направи и вториот, и третиот, дури и седмиот;
27а по сите нив умре и жената.
28При воскресението, на кого од седуммината ќе биде таа жена, бидејќи со сите живеела?«
29Исус им одговори: »Се лажете, оти не ги познавате Писмата, ниту силата Божја;
30зашто при воскресението луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а ќе живеат како ангели Божји на небесата.
31А за воскресението на мртвите не сте ли читале, што ви рекол Бог, Кој вели:
32‚Јас сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов‘. Бог не е Бог на мртвите, туку на живите.«
33И народот, слушајќи го тоа, се восхитуваше на неговата наука.
34А фарисеите, кога чуја дека ги посрами садукеите, се здружија со нив.
35И еден од нив, законик, искушувајќи Го, запраша и рече:
36Учителе, која заповед е најголема во Законот?
37А Исус му одговори: »Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;
38тоа е прва и најголема заповед;
39а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси!
40На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците.«
41И кога се собраа фарисеите, Исус ги праша и рече:
42Што мислите за Христа? Чиј е син? Му одговорија: Давидов.
43Им рече: »Како тогаш Давид, надахнат од Духот, Го нарече Господ, велејќи:
44‚Му рече Господ на Мојот Господ: Седи од Мојата десна страна, додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои.‘
45И така, ако Давид Го нарече Господ, како тогаш да Му е Он син?«
46И никој не можеше да му одговори ниту збор, и од тој ден никој веќе не се осмели да Го праша.

Currently Selected:

Матеј 22: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy