YouVersion Logo
Search Icon

Јеремија 51

51
На Јудејците им се дозволува повраток.
1Така вели Господ: еве, Јас ќе подигнам уривачки ветар против Вавилон и против Моите противници, што живеат во него;
2и ќе испратам против Вавилон веачи, што ќе го развеат, и ќе ја опустошат земјата негова, бидејќи во денот на неговата беда ќе нападнат врз него од сите страни;
3стрелец нека оптегне лак на стрелец, и против оној, што се гордее со својот оклоп; не штедете ги младите негови, сотрете ја целата војска негова.
4Удрените нека паднат на Халдејската земја и стреланите – по патиштата нејзини.
5Зашто, не е оставен Израилот сам, ниту Јуда, од својот Бог, Господа Саваота, иако им е земјата полна со гревови пред Светецот Израилев.
6Бегајте од Вавилон и секој нека ја спасува душата своја, за да не загине од беззаконијата негови, зашто тоа е време на одмазда за Господа: Он му отплатува како што заслужил.
7Вавилон беше во раката Господова како златна чаша, што ја опиваше целата земја; народите пиеја од неа вино, и обезумуваа.
8Ненадејно падна Вавилон и се скрши; плачете за него, земете балсам за раните негови, можеби тој и ќе оздрави.
9Го лекувавме Вавилон, но не оздраве; оставете го, и да си одиме секој во земајта своја, бидејќи пресудата за него стигна до небесата и се дигна до облаците.
10Господ ја изведе на видело нашата правда; да појдеме и да го соопштиме во Сион делото на нашиот Господ Бог.
11Острете ги стрелите, ставете ги во торбите за нив; Господ го возбуди духот на царевите од Мидија; бидејќи Он замисли нешто против Вавилон, за да го уништи, оти тоа е одмазда од Господа, одмазда за Неговото живеалиште.
12На вавилонските ѕидови дигнете знамиња, засилете го надзорот, поставете стражи, пригответе заседи, зашто, како што замислил Господ, така и ќе го направи она што го изрече против жителите вавилонски.
13О, ти, што живееш покрај големите води, кој изобилуваш со ризници, дојде крајот твој, и на твојата лакомост!
14Господ Саваот се заколна Сам во Себе: вистина велам, дека ќе те исполнам со луѓе како со скакулци, и ќе подигнам повик против тебе.
15Он ја создаде земјата со силата Своја, и ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата.
16Според гласот Негов шумат водите небесни, и Он ги подига облаците од краиштата земни, пушта светкавици со дожд и изведува ветер од клетовите Свои.
17Безумен е човекот во своето знаење, секој леар се срамува со идолите свои, зашто идолот е лага, и нема дух во него.
18Тоа е чиста суета, дела на заблуда; во времето на нивната казна тие ќе исчезнат.
19Делот на Јакова не е како делот нивни, зашто Бог е Создателот на сѐ, и Израил е жезал на неговото наследство, името негово е Господ Саваот.
20Ти беше Мој чекан, бојно оружје; со тебе народите ги победував и со тебе царства сосипував;
21со тебе поразував коњ и неговиот јавач, и со тебе поразував кола и нејзиниот возач;
22со тебе сотирав маж и жена, со тебе убивав и стар и млад, со тебе уништував и момче и мома;
23со тебе уништував пастир и неговото стадо, со тебе го убивав земјоделецот и неговиот добиток за работа, со тебе поразував и обласни началници и градски управители.
24И ќе му отплатам на Вавилон и на сите жители халдејски за сето она зло, што му го направија на Сион пред очите ваши, вели Господ.
25Еве, Јас сум против тебе погубна горо, вели Господ, што ја разорува целата земја; и ќе ја протегнам против тебе раката Своја, ќе те сметнам од карпите и ќе те направам обгорена планина.
26И од тебе нема да земат камен за агол, ниту камен за темели, туку ќе бидеш вечна пустелија, вели Господ.
27Подигнете знаме на земјата, трубете со труба меѓу народите, вооружете ги против него народите, повикајте против него царства араратски, миниски и аскенаски, изберете водач против него, збоднете ги коњите како страшни скакулци.
28Вооружете ги народите против него, царевите на Мидија, нејзините обласни началници и сите нејзини градски управители и целата земја, што ѝ е потчинета.
29Земјата се тресе и потреперува, оти над Вавилон се извршуваат замислите на Господа, за да ја направи земјата Вавилонска пустиња без жители.
30Вавилонските борци престанаа да се борат, седат во свите тврдини; се исцрпи силата нивна, станаа како жени, живеалиштата нивни се изгорени, резињата нивни се скршени;
31гласник брза по гласник, известувач спроти известувач, за да му кажат на вавилонскиот цар дека му е градот од сите страни освоен;
32и дека бродовите му се земени, а оградите изгорени со оган, и дека војниците од страв се поразени.
33Оти, вака вели Господ Саваот, Бог Израилев: ќерката вавилонска е како на гумно, кога се врши на него; уште малку и ќе дојде време за нејзината жетва.
34Ме јадеше и ме гризеше Навуходоносор, царот вавилонски; ме направи празен сад; ме проголта како змеј; ја наполни својата утроба со сладостите мои, и ме фрли.
35Неправдата над мене и над телото мое нека биде врз Вавилон, ќе рече жителката Сионова, и крвта моја – врз жителите халдејски, ќе рече Ерусалим.
36Затоа вака вели Господ: еве, Јас ќе се застапам за твоето дело и ќе отплатам за тебе, па ќе го пресушам морето негово и ќе ги исушам каналите негови.
37И Вавилон ќе стане купиште на урнатини, живеалиште на шакали, за ужас и за потсмев, без жители.
38Како лавови ќе завиваат сите тие и како мали лавчиња ќе 'ржат.
39А кога ќе се загреат, ќе им дадам гозба и ќе ги опијам, за да се развеселат, за да заспијат со вечен сон и да не се разбудат, вели Господ.
40Ќе ги потерам како јаганца на клање, како овни заедно со козли.
41Како се презеде Сесах, и беше победена славата на целата земја! Како стана Вавилон за ужас меѓу народите!
42Морето го проголта Вавилон; тој е сега покриен од брановите.
43Градовите негови станаа пустиња, сува земја, пустелија, земја каде што не живее ниту еден човек и каде што не поминува син човечки.
44И ќе го посетам Вил во Вавилон и ќе истргнам од устата негова сѐ што проголтал, и народите нема веќе да брзаат кон него, дури и ѕидовите вавилонски ќе паднат.
45Излези од него, народе Мој, и секој нека ја спасува душата своја од јаросниот гнев Господен.
46Нека не ослабува срцето ваше и не бојте се од гласот, што ќе се чуе по земјата; гласот ќе дојде во една година и потоа во друга година, и на земјата ќе се појави насилство, властодржец ќе стане против властодржец.
47Затоа, еве, идат денови, кога ќе ги посетам идолите на Вавилон и целата негова земја ќе се засрами и сите негови поразени ќе паднат во него.
48И ќе ликуваат над Вавилон небото и земјата и сѐ друго што е во нив; зашто од север ќе му дојдат сотирачите, вели Господ.
49Како што Вавилон направи да паднат на земја поразените Израилци, така во Вавилон ќе бидат соборени поразените по целата земја.
50Вие, кои се спасивте од меч, бегајте и не запирајте се, сетете се од далеку за Господа, и на срцето ваше нека ви дојде Ерусалим.
51Ни беше срам, кога ги чувме поругите; бесчестие ги покриваше лицата наши, кога туѓинци влегоа во светилиштето на домот Господен.
52Затоа, еве, идат дни, вели Господ, кога ќе ги посетам идолите негови, и по целата негова земја ќе офкаат ранетите.
53Кога би се дигнал Вавилон и до небесата и кога високо би си ја зацврстил тврдината своја, од Мене ќе му дојдат опустошителите, вели Господ.
54Екот и пискот ќе се подигнат од Вавилон, и рушење големо – од земјата Халдејска;
55зашто Господ ќе го опустоши Вавилон, и ќе стави крај на неговиот горделив глас. Ќе зашумат брановите кеко на големи води, ќе заечи неговиот шумен глас.
56Оти ќе дојде врз него, врз Вавилон, опустошителот и ќе бидат фатени војниците негови, ќе бидат скршени лаковите негови; бидејќи Господ, Бог на отплатата, ќе отплати.
57И ќе се опијат кнезовите негови и мудреците негови, неговите обласни началници и неговите градски управители, и војниците негови, па ќе заспијат со вечен сон и нема да се разбудат, вели Царот, Господ Саваот името е Негово.
58Така вели Господ Саваот: дебелите ѕидови вавилонски ќе бидат разрушени до темели, и портите негови високи ќе бидат изгорени со оган; па така, залудно се трудеа народите, и племињата се грижеа за огнот.
59Слово што пророк Јеремиј му го заповеда на Сераија, синот на Нирија, Масеев син, кога тој појде за Вавилон со Седекија, царот јудејски, во четвртата година од неговото царување; Сераија беше главен коморник.
60Јеремиј ги запиша во една книга сите зла, што требаше да го снајдат Вавилон, сите тие зборови, што беа напишани против Вавилон.
61И му рече Јеремија на Сераија: кога ќе влезеш во Вавилон, тогаш погледај и прочитај ги сите овие зборови,
62и кажи: Господи, Ти рече за ова место, дека ќе го уништиш така, што да не остане во него ни човек, ни добиток, туку ќе стане вечна пустиња.
63И кога ќе завршиш со читањето на оваа книга, врзи за неа камен, па фрли ја среде Ефрат,
64и кажи: така ќе потоне Вавилон и да не се подигне од оваа беда, која Јас ќе ја испратам врз него, и тие наполно нека папсаат.

Currently Selected:

Јеремија 51: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy