YouVersion Logo
Search Icon

Лука 14

14
Исус исцелува човек со водена болест во сабота
1 # 6,6; 7,36; 11,37 Еднаш во сабота влезе кај еден од фарисејските старешини и јадеше леб; а тие Го надгледуваа. 2Одеднаш застана пред Него еден човек болен од водена болест. 3#6,9; 7,30; Мк 3,4Исус ги запраша закониците и фарисеите, велејќи: „Дозволено ли е да се лекува во сабота?“ 4#Мт 8,3А тие молчеа. Тогаш Исус го допре, го излекува и го пушти. 5#13,15; 5 Мојс 22,4; Мт 12,11Потоа им рече: „Кој од вас ако му падне в бунар вол или син, нема да го извади веднаш, иако е сабота?“ 6#Мт 22,46Не можеа ништо да Му одговорат на тоа.
Кое место да се одбере и кој да биде поканет
7 # 20,46; Мт 23,6 А кога забележа како поканетите ги одбираат почесните места, им кажа па­рабола и рече: 8#Изреки 25,6-7„Ако те покани некој на свадба, не седнувај на почесно место, зашто, ако случајно е поканет некој со поголема чест од тебе, 9тогаш би можел да дојде оној што ве поканил и тебе и него, па да рече: ‚От­стапи го местото на овој!‘ и тогаш, засрамен ќе седнеш на последното место. 10Но, кога ќе бидеш поканет, оди и седни на последното место, та оној што те поканил, штом дојде, да ти каже: ‚Пријателе, премести се погоре!‘ Тогаш ќе имаш чест пред сите оние што седат заедно со тебе на трпезата. 11#16,15; 18,14; Изреки 29,23; Мт 18,4; 23,12; 1 Птр 5,6Зашто, секој што се возвишува, ќе биде понизен; а тој што се понизува, ќе биде возвишен.“
Повикај ги сиромашните!
12 # Јк 2,2-4 А и на оној што го беше поканил, му рече: „Кога даваш ручек или вечера, не кани ги пријателите свои, ниту бра­ќата свои, ни роднините свои, ниту бо­гатите соседи, за да не те поканат и тие некогаш и да ти биде возвратено. 13#6,20; 14,21; 5 Мојс 14,29Но, кога даваш гозба, повикај ги сиромасите, куците, слепите. 14#6,34-35; Јн 5,29И ќе бидеш блажен, зашто тие не­ма­ат со што да ти возвратат, и затоа ќе ти биде возвратено при воскресението на праведните.“
Парабола за големата вечера
(Мт 22,1-10)
15 # Мт 5,3; 8,11; Откр 19,9 А кога го слушна тоа еден од оние што седеа со Него на трпезата, Му ре­че: „Блажен е оној кој ќе јаде леб во царството Божјо!“ 16А Тој му одговори: „Еден човек приготви голема вечера и покани мно­зи­на; 17и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на по­ка­нетите: ‚Дојдете, зашто веќе сѐ е подготвено!‘ 18И почнаа сите, како договорени, да откажуваат; првиот му рече: ‚Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те мо­лам, извини ме!‘ 19Вториот рече: ‚Купив пет ѕевгари волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!‘ 20#14,26; 5 Мојс 24,5; 1 Кор 7,33Третиот рече: ‚Се оженив и затоа не можам да дојдам.‘ 21#6,20; 14,13Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: ‚Оди бргу по плоштадите и улиците градски и донеси ги тука бедните, слабите, куците и слепите!‘ 22И рече слугата: ‚Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.‘ 23#24,29; Дела 16,15И му рече господарот на слугата: ‚Излези по патиштата и меѓу оградите и убеди ги да дојдат за да ми се наполни куќата!‘ 24Зашто, ви велам: никој од оние што беа повикани нема да вкуси од вечерата Моја.“#14,24 Во некои ракописи кон овој стих е додадено: „Зашто мнозина се по­канети, но малкумина се избрани.“
Неопходни услови да се стане ученик
(Мт 10,37-38)
25Со Него одеше многу народ; и Тој се заврте и им рече: 26#18,29; Јн 12,25„Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик. 27#9,23И, кој не го носи својот крст, и не оди по Мене, не може да биде Мој уче­ник. 28Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да на­прави сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за нејзиното довр­шу­вање? 29Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат, 30и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘ 31Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, нема да седне најна­пред да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади? 32Ако не може, додека е другиот уш­те далеку, ќе прати пратеници и ќе мо­ли за мир. 33#5,11; 12,33; 18,29-30; Фил 3,7Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сѐ што има, не може да биде Мој ученик.“
Неполезна сол
(Мт 5,13; Мк 9,50)
34„Солта е добро нешто, но ако таа облутави, со што ќе се соли? 35#Мт 11,15; Мк 4,9.23Ниту на земјата, ниту на ѓубрето нема да му е потребна; па затоа ја фр­ла­ат надвор. Кој има уши да слуша, нека чуе!“

Currently Selected:

Лука 14: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy