YouVersion Logo
Search Icon

Лука 13

13
Повик за покајување
1 # Дела 5,37 Во истото време беа присутни и некои, кои Го известија за настанот со Галилејците, чија крв Пи­лат ја смешал со нивните жртви. 2#Јн 9,2-3Исус им одговори и рече: „Мислите ли дека тие Галилејци биле најголемите грешници од сите Галилејци, па затоа така пострадаа? 3#Пс 7,11-12Не, ви велам: но, ако не се покаете, сите така ќе изгинете! 4Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни должници од си­те други што живеат во Ерусалим? 5Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“
Парабола за неплодната смоква
6 # 6,43-44; Мт 21,19 И ја кажа оваа парабола: „Некој чо­век имаше во своето лозје посадено ед­на смоква, па дојде да бара од неа плод, но не најде. 7#Мт 3,10; 7,19Тогаш му рече на лозарот: ‚Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата.‘ 8#2 Птр 3,9.15А тој му одговори и рече: ‚Гос­по­да­ре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и ѝ ставам ѓубре; 9па, ако роди, добро, а ако не даде плод, тогаш в година ќе ја пресечеш.‘“
Исцелувањето на згрчената жена
10 # 6,6 Во една од синагогите Тој поу­чу­ва­ше во сабота. 11#Мт 8,29.31И ете, дојде една жена која беше об­земена од дух што ѝ предизвикува­ше немоќ веќе осумнаесет години. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи; 12штом ја виде Исус, ја повика и ѝ ре­че: „Жено, ослободена си од болеста своја.“ 13#4,40; Мт 9,18И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога. 14#6,7; 2 Мојс 20,9-10; 5 Мојс 5,13-14; Мт 12,1; Јн 5,16; 7,23; 9,14.16А началникот на синагогата, негодувајќи што ја излекува Исус во сабота, одговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; то­гаш доаѓајте и лекувајте се, а не во са­бо­та!“ 15#14,5; Мт 12,11Но Господ му одговори и рече: „Ли­цемере, не го одврзува ли секој својот вол, или магаре, од јаслите во сабота и не го води ли да го напои? 16А оваа ќерка Авраамова, што ја вр­зал сатаната еве веќе осумнаесет години, зарем не требаше да се ослободи од тие ланци во сабота?“ 17#4,15И штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот на­род се радуваше за сите славни дела из­вршени од Него.
Парабола за синаповото зрно
(Мт 13,31-32; Мк 4,30-32)
18 # Мт 3,2; 6,10 А Тој рече: „На што прилега цар­ството Божјо и со што да го споредам? 19#Ез 17,23; 31,6; Пс 104,12; Дан 4,9.18Тоа е како синапово зрно, што го зема човек и го посадува во градината своја, каде што израстува и станува го­лемо дрво; па и птиците небески си прават гнезда на неговите гранки.“
Споредба со квасецот
(Мт 13,33)
20 # 1 Кор 5,6; Гал 5,9 И пак рече: „Со што да го споредам царството Божјо? 21Тоа прилега на квас што го зема жена и го става во три мери брашно, до­дека скисне сето.“
Тесната врата
(Мт 7,13-14.21-23)
22 # 9,51; 17,11; 19,28 И по патот за Ерусалим минеше низ градови и села и поучуваше. 23Некој, пак, Му рече: „Господи, мал­ку ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој рече: 24#16,16; Мк 10,25„Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат. 25#Мт 25,10-12Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, сто­еј­ќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ‚Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ‚Не ве знам од каде сте!‘ 26Тогаш ќе почнете да зборувате: ‚Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘ 27#Пс 6,9А Тој ќе рече: ‚Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘ 28#16,22; Мт 8,11-12Таму ќе настане плач и шкрипење со заби, кога ќе го видите Авраам, Исак и Јаков и сите пророци во царството Божјо, а себе – истерани надвор. 29#14,15-24; 22,16.18.30; Ис 2,2-5; 25,6-8; 66,18-21; Пс 107,3И ќе дојдат од исток и запад, и се­вер и југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо. 30#Мт 19,30; 20,16; Мк 10,31И така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“
Исус и Ерусалим
(Мт 23,37-39)
31 # 14,1 Во тој ден пристапија некои од фа­рисеите и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод сака да Те убие!“ 32И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: еве, истерувам демони и ис­целувам уште денес и утре – а на трети­от ден ќе завршам; 33#2,38; Мт 16,14но Јас треба да го проследам Своето патување уште денес, утре и задутре, бидејќи не доликува пророк да загине надвор од Ерусалим. 34Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш оние што ти се пратеници твои. Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте. 35#19,38; 21,6; Ер 7,1-15.26; 12,7; 22,5; Ез 8–11; Мих 3,12; Пс 69,25; 118,26; Мт 21,9И ете, домот ваш ќе ви биде на­пуш­тен. И Јас ви велам дека нема да Ме ви­дите сѐ додека не дојде времето да ка­жете: ‚Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово!‘“

Currently Selected:

Лука 13: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy