YouVersion Logo
Search Icon

Дела 11

11
Петар се оправдува пред Црквата во Ерусалим
1 # 8,14; 10,45; 15,7 Апостолите и браќата во Јудеја, слушнаа дека и незнабошците го примиле словото Божјо. 2И кога Петар влезе во Ерусалим, обрезаните што беа со него го укорија, 3#Гал 2,12велејќи: „Ти си бил кај необрезани луѓе и си јадел со нив.“ 4#10,28.48А Петар почна да им расправа за сѐ по ред, велејќи: 5#10,11„Јас бев во градот Јопија, и, додека се молев, во занес здогледав видение: од небото слегуваше некаков сад, како не­кое платниште, врзано за четирите кра­ишта, и дојде дури до мене. 6#1 Мојс 7,14Откако погледав во него и го разгле­дав, видов четириножни земни животни, ѕверови, влекачи и птици небески. 7#10,13-16И чув глас што ми зборуваше: ‚Ста­ни Петре, заколи и јади!‘ 8Јас, пак, реков: ‚Не, Господи, зашто ништо погано или нечисто никогаш не влегло во устата моја.‘ 9А гласот од небото повторно прого­вори и рече: ‚Она што Бог го очистил, ти не го сметај за погано!‘ 10Тоа се повтори трипати; и пак се крена на небото. 11И ете, во тој час застанаа тројца лу­ѓе, испратени кај мене од Кесарија. 12#10,19-20.45А Духот ми рече да појдам со нив, без двоумење. Со мене дојдоа и овие шестмина браќа, и влеговме во куќата на оној човек. 13#10,3.22.30-33Тој ни раскажа како видел ангел во куќата своја, кој застанал и му рекол: ‚Прати во Јопија луѓе и повикај го Си­мон, наречен Петар. 14Тој ќе ти каже зборови, преку кои ќе бидеш спасен ти и целиот твој дом.‘ 15#2,1-4; 10,44И кога почнав јас да зборувам, над нив слезе Духот Свети, како и над нас во почетокот. 16#1,5; Лк 3,16; Јн 14,26Тогаш се сетив на зборовите Гос­по­дови: ‚Јован крштаваше со вода, а вие ќе бидете крстени со Дух Свети.‘ 17#15,8-9; Рим 9,24Ако, Бог им даде еднаков дар, како и нам, кои поверувавме во Господ Исус Христос, тогаш кој сум јас да Му се спротивставам на Бога?“ 18#13,46; 14,27; Рим 15,7-13Откако го ислушаа тоа, тие се ус­по­ко­ија и Го прославуваа Бога, велејќи: „Значи и на незнабошците Бог им даде покајание за живот.“
Црквата во Антиохија
19 # 8,1.4 А оние, што се беа распрснале по­ради гонењето до кое дојде по убиството на Стефан, стигнаа сѐ до Феникија, Кипар и Антиохија, и никому не му го проповедаа словото, освен на Јудејците. 20#13,1А некои од нив – Кипрани и Ки­ри­нејци, штом пристигнаа во Антиохија, почнаа да им проповедаат и на Ели­ни­те, навестувајќи го Евангелието на Гос­под Исус. 21#4,4; 6,7; 16,5И раката Господова беше со нив, та голем број луѓе поверуваа и се обратија кон Господ. 22#11,1Веста за тоа дојде до ушите на црквата ерусалимска. И тогаш го испратија Варнава да оди во Антиохија. 23#13,43; 14,22А тој, кога пристигна, ја виде благодатта Господова, се зарадува, и ги бод­реше сите да пребиваат во Господ со не­поколебливо срце. 24#2,47; 5,14Тој беше добар човек и исполнет со Дух Свети и вера. И значително мнош­тво луѓе се припои кон Господ. 25Потоа, Варнава тргна за Тарс да го бара Савле. 26#9,27-30И кога го најде, го доведе во Анти­о­хија. И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво луѓе. Во Антиохија за прв пат ги на­ре­коа учениците христијани. 27А во тоа време слегоа од Ерусалим во Антиохија некои пророци. 28#21,10-14И еден од нив, по име Агав, претскажа преку Духот дека по целата вселе­на ќе настане голем глад. И токму так­ва голема и настана во времето на ца­рот Клавдиј. 29#Рим 15,26.31; 2 Кор 9,1-13Тогаш учениците решија, секој, колку што има, да испрати за поткрепа на браќата, што живееја во Јудеја. 30Тоа го направија, така што го пра­тија собраното до старешините преку Варнава и Савле.

Currently Selected:

Дела 11: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy