YouVersion Logo
Search Icon

Дела 10

10
Видението на војникот Корнилиј во Кесарија
1Во Кесарија имаше еден човек, по име Корнилиј, стотник од таканаречената Италска чета. 2#10,22; 13,16.26.50; 16,14Тој беше благочестив и богобојазлив човек, заедно со целиот негов дом; изобилно му даваше милостина на народот и секогаш Му се молеше на Бога. 3#18,9Еднаш околу деветтиот час#10,3 Околу 15 часот. од де­нот, тој виде најаве ангел Божји, како доаѓа кај него и му вели: „Корнилиј!“ 4А тој го впери погледот во него и си­от уплашен рече: „Што е Господи?“ Тој му рече: „Бог си спомна за молитвите твои и милостините твои. 5#Мт 16,18; Јн 1,42И сега, прати луѓе во Јопија и по­викај го Симон, кого го викаат Петар. 6#10,18.23.32Тој престојува таму како гостин кај некој си кожар Симон, чија куќа се на­оѓа покрај морето#10,6 Во некои ракописи кон овој стих е додадено: Тој ќе ти каже зборови преку кои ќе се спасиш ти и целиот твој дом..“ 7Кога си отиде ангелот што му зборуваше, Корнилиј повика двајца од своите слуги и еден благочестив војник, кои постојано се наоѓаа кај него; 8па, откако им кажа сѐ, ги прати во Јопија.
Видението на Петар во Јопија
9Утредента, додека тие патуваа и на­ближуваа до градот, Петар околу шес­тиот час#10,9 Околу 12 часот. се качи на рамниот пок­рив од куќата да се помоли. 10#22,6И бидејќи беше огладнел, сакаше нешто да јаде; а додека му приготвуваа, тој падна во занес, 11#Мт 3,16; Јн 1,51и го виде небото отворено и некаков сад како слегува кон него, сличен на не­кое големо платниште, врзано за че­ти­рите краишта, и се спушташе на земјата. 12#Рим 1,23Во него имаше секакви четиринож­ни животни, ѕверови, влекачи земни и птици небески. 13И дојде глас кон него: „Петре, ста­ни, заколи и јади!“ 14#4,14А Петар рече: „Никако, Господи, зашто никогаш не сум јадел погано или нечисто.“ 15#15,9; 1 Мојс 9,3-4; Мт 15,11; Ефес 2,19И повторно дојде глас кон него: „Она што Бог го очистил, ти не го сме­тај за нечисто!“ 16Тоа се повтори трипати, а садот пак се крена кон небото. 17И додека Петар беше во недоумица што значи тоа видение што го виде, ете ги луѓето, испратени од Корнилиј, кои откако се распрашаа и го најдоа домот на Симон, застанаа пред портата. 18Тогаш повикаа и прашаа: „Овде ли гостува Симон, наречен Петар?“ 19И додека Петар размислуваше за видението, Духот му рече: „Ете, те ба­раат тројца луѓе. 20#9,10-11; 11,12Туку стани, слези и оди со нив, не размислувајќи ништо; зашто Јас ги пратив!“ 21#10,21Штом слезе кај луѓето, испратени од Корнилиј кај него, Петар рече: „Јас сум тој, кого го барате. Зошто сте дош­ле?“ 22#Лк 1,6; 2,25А тие му одговорија: „Стотникот Корнилиј, човек праведен и богобојаз­лив, познат по своите добрини меѓу си­от јудејски народ, прими заповед од свет ангел да те повика во својот дом и да ги послуша твоите зборови.“ 23Тогаш Петар ги повика внатре и ги нагости. А утрината стана и отиде со нив; со него заминаа и некои браќа од Јопија. 24Следниот ден тие пристигнаа во Кесарија. А Корнилиј ги чекаше, по­ви­кувајќи ги своите роднини и блиски пријатели. 25#Мт 9,18Додека Петар влегуваше, Корнилиј му дотрча во пресрет, падна пред нозете негови и му се поклони. 26#14,15; Откр 19,10; 22,9А Петар го подигна и му рече: „Стани, и јас сум само човек.“ 27И така разговарајќи со него, влезе внатре, каде што најде мнозина соб­рани. 28#11,9; 15,9; Гал 2,12-16И им рече: „Вие знаете дека на чо­век Јудеец му е забрането да се дружи или да оди кај човек од друг род. Но ме­не Бог ми покажа ниеден човек да не го нарекувам поган или нечист. 29#10,20; 11,12Затоа, кога бев поканет, дојдов без двоумење. Сега ве прашувам, зошто ме повикавте?“ 30#Лк 24,4И Корнилиј одговори: „Пред че­ти­ри дена, сѐ до овој час постев, а во де­веттиот час се молев во својот дом. Одеднаш, пред мене застана човек во светла облека, 31#Лк 1,13и ми рече: ‚Корнилиј, твојата мо­литва е услишена, и за твоите милостини Бог Си спомна. 32Затоа прати некого во Јопија и по­викај го Симон, наречен Петар; тој сега престојува на гости кај Симон Ко­жа­рот, покрај морето#10,32 Во некои ракописи кон овој стих е додадено: Тој ќе дојде и ќе ти зборува..‘ 33Затоа јас веднаш пратив луѓе по те­бе, и ти добро направи што дојде. Сега, пак, ние сите стоиме пред Бога за да слушнеме сѐ што ти е од Бога за­по­ве­дано.“
Петровата беседа во куќата на Корнилиј
34 # 5 Мојс 10,17; Јов 34,19; 2 Лет 19,7; Рим 2,11; Гал 2,6; Ефес 6,9; 1 Птр 1,17 Тогаш Петар ја отвори устата и ре­че: „Навистина сфаќам дека Бог не гле­да на лице; 35#Рим 2,27; 3,29туку, напротив, Нему му е мил во секој народ оној кој има страхопочит кон Него и постапува праведно. 36#13,26; Ис 52,7; 57,19; Наум 2,1; Пс 147,18-20; Рим 10,12Тој им го прати на синовите Из­ра­елови словото, благовестувајќи мир преку Исус Христос, Кој е Господ на сите. 37#Лк 4,14; 23,5-7Вие знаете за сето она што се слу­чуваше по цела Јудеја, почнувајќи од Галилеја, по крштавањето што го про­поведаше Јован: 38#13,24; Ис 35,5; Лк 4,16-21; 7,22-23како Го помаза Бог со Дух Свети и со сила Исус од Назарет, и како Тој оде­ше вршејќи добри дела и исцелувајќи ги сите што беше ги нападнал ѓаволот, зашто Бог беше со Него. 39#1,22И ние сме сведоци за сѐ што на­пра­ви Тој во земјата Јудејска и во Еру­са­лим. Него Го убија, приковувајќи Го на крст. 40#1,3Него Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави, 41#1,22; 17,3; 22,14; Мк 16,14; Лк 24,30.42; Јн 21,12но не на сиот народ, туку само нам, предизбрани од Бога сведоци, кои јадев­ме и пиевме со Него по Неговото вос­креснување од мртвите. 42#2,36; 3,15; 4,10; 13,29-30; 17,31; 1 Птр 4,5И ни заповеда да им проповедаме на луѓето и да сведочиме дека Тој е од Бога определениот Судија над живите и мртвите. 43#4,10-12; 13,39; Лк 24,44; 24,47Сите пророци сведочат за тоа дека секој што ќе поверува во Него, ќе добие простување на гревовите преку Него­во­то име.“
Светиот Дух се излева над сите
44 # 11,15 Додека Петар уште ги зборуваше тие зборови, Дух Свети слезе над сите што го слушаа словото. 45#2,17-22.33; Рим 5,5; Тит 3,6А обрезаните верници, што беа дојдени заедно со Петар, се изненадија што дарот на Светиот Дух се излеа и над незнабошците, 46#2,11; 19,6зашто ги слушаа како зборуваат на разни јазици и Го возвеличуваат Бога. Тогаш Петар рече: 47#8,36; 11,17„Може ли некој да ја забрани водата за да не бидат крстени оние кои Го примија Духот Свети како и ние?“ 48#28,14И им заповеда да бидат крстени во името на Исус Христос. Потоа тие го замолија да остане кај нив неколку де­на.

Currently Selected:

Дела 10: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy