YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 22

22
Реката и дрвото на животот
1 # Ез 47,1; Зах 14,8; Јн 4,10; 7,38 И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како крис­тал, која истечуваше од престолот на Бога и на Јагнето. 2#2,7; 1 Мојс 2,9; 3,22; Ез 47,12Сред главната улица и од двете стра­ни на реката – дрвото на животот, што раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите. 3#1 Мојс 3,22-24; Зах 14,11И нема веќе да има никакво прок­летство; престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во градот; Неговите слуги ќе Му служат 4#3,12; Пс 16,15; 42,3; Мт 5,8; 1 Кор 13,12; 1 Јн 3,2и ќе го гледаат лицето Негово, а името Негово ќе им биде на челата нивни. 5#5,10; 20,6; 21,23.25; Ис 60,19И ноќ нема да има таму, и не ќе има потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царува во вечни векови.
Исусовото враќање
6 # 1,1; 19,9; Дан 8,26 И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити. Господ, Бог на светите пророци, го испрати ангелот Свој, за да им покаже на Своите слуги што ќе стане наскоро. 7#1,3; 2,16‚Еве, доаѓам скоро; блажен е оној кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!‘“ 8#19,10И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. 9Но тој ми рече: „Стој, немој, зашто и јас сум слуга како ти, и браќата твои – пророци и оние што ги држат збо­ро­ви­те на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“ 10#1,3; 10,4И ми рече: „Не запечатувај ги пророчките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску! 11#Дан 12,10Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште. 12#2,16.23; Ис 40,10; 62,11; Ер 17,10; Пс 27,4; 61,12; Изреки 24,12; Рим 2,6; 2 Кор 11,15; 2 Тим 4,14И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови. 13#1,8.17; 21,6; Ис 41,4; 44,6Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот! 14#1,3; 2,7; 7,14; 22,2; 1 Мојс 2,9; 3,22Блажени се оние што ги исполнува­ат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите. 15#21,8; 4 Мојс 5,1-4; Рим 1,29; 1 Кор 6,9-10А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопокло­ни­ците и секој што сака да лаже и лаже. 16#2,28; 4 Мојс 24,17; Ис 11,1; Рим 1,3Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.“ 17#21,6; Ис 55,1; Јн 7,37И Духот и невестата велат: „Дојди!“ И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди!“ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека зе­ме од водата на животот дарум.
Заклучок
18 # 5 Мојс 4,2 И Јас му сведочам на секого кој ги слуша пророчките зборови на оваа кни­га. Ако некој нешто додаде кон нив, не­му Бог ќе му наметне казни опишани во оваа книга. 19#22,2.14; 1 Мојс 2,9; 3,22; Ез 47,12Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му го од­земе делот од книгата на животот, и од светиот град, и од она што е напишано во оваа книга. 20#2,16; 3,11; Дела 3,20-21; 1 Кор 15,23Зборува оној што го сведочи ова: „Да, ќе дојдам скоро!“ – Амин! „Да, дој­ди, Господи Исусе!“ 21#2 Сол 3,18Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy