YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 21

21
Ново небо и нова земја
1 # 3,12; 20,11; Ис 65,17; 66,22; Мт 19,28; 2 Кор 5,17; 2 Птр 3,13 И видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина, и морето го немаше веќе. 2#3,12; Ис 52,1; 61,10; Гал 4,26; Евр 11,10.16; 12,22Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бо­га, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж. 3#7,15; 3 Мојс 26,11-12; Ис 8,8; Ез 37,27; 2 Кор 6,16И чув висок глас од небото како збо­рува: „Ете го светиот шатор, све­ти­лиш­тето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе жи­вее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив – нивниот Бог. 4#7,17; Ис 25,8; 35,10; 65,19И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“ 5#4,2; Ис 43,19; Дан 8,26; 2 Кор 5,17И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.“ И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.“ 6#1,8; 2,8; 7,17; Ис 55,1; Ер 2,13; Јн 4,10.14; 7,37-38Потоа ми рече: „Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум. 7#2 Цар 7,14; Пс 88,26-27Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син. 8#19,20; 22,15; 1 Мојс 19,24; Ис 30,33; Ез 38,22; Пс 10,6; Мт 25,41; Рим 1,29А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и маѓесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур, тоа е втората смрт.“
Новиот Ерусалим
9 # 15,1; 17,1; 19,7; Јн 3,29 Тогаш дојде кај мене еден од се­дум­те ангели, што ги држеа седумте чаши, полни со седумте последни казни, ми прозборе и рече: „Дојди, ќе ти ја по­кажам невестата – жената на Јагнето.“ 10#21,2; Ез 40,2Па ме одведе преку Духот во една голема и висока гора и ми го покажа големиот град, светиот Ерусалим, кој слегуваше од небото – од Бога, 11#15,8; Ис 60,1-2и имаше Божја слава; светлината негова прилегаше на најскапоцен ка­мен, како светол камен јаспис; 12#2 Мојс 28,21; Ез 48,30-35#Ефес 2,20тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израилеви: 13спроти исток – три порти, спроти север – три порти, спроти југ – три порти, спроти запад – три порти. 14Ѕидовите на градот имаа дванаесет темели, и врз нив имињата на дванаесетте апостоли на Јагнето. 15#11,1; Ез 40,3.5Оној што зборуваше со мене имаше златна трска за да го измери градот и портите негови и ѕидовите негови. 16#Ез 48,16-17Градот беше четириаголен, а дол­жината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии#21,16 Околу 2400 километри.; должината, широчината и височината негова – еднакви. 17Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка која е и ангелска. 18Ѕидовите му беа изградени од јас­пис; а градот – од чисто злато, како чис­то стакло. 19#Ис 54,11-12Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел – јаспис, вториот – сафир, третиот – халкидон, четвртиот – смарагд, 20петтиот – сардоникс, шестиот – сард, седмиот – хрисолит, осмиот – ви­рил, деветтиот – топаз, десеттиот – хри­сопрас, единаесеттиот – хијацинт, дванаесеттиот – аметист. 21А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден би­сер; улиците на градот беа од чисто зла­то како проѕирно стакло. 22#1,8; Јн 2,19-21Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм. 23#Ис 60,19-20И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето. 24#Ис 60,3.5И спасените народи ќе одат по не­говата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест. 25#22,5; Ис 60,11; Зах 14,7А портите негови нема да се за­клу­чуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ. 26#Пс 71,10-11И ќе ја внесат во него славата и чес­та на народите; 27#3,5; 13,8; Ис 35,8; 52,1; Зах 13,1-2; Јн 8,44-45; 1 Кор 6,9-10; 2 Птр 3,13и нема во него да влезе ништо не­чисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето.

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy