YouVersion Logo
Search Icon

Лука 21

21
За дарот од една вдовица
(Мк 12,41-44)
1Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаат сво­ите прилози во ризницата на храмот. 2Виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти, 3#2 Кор 8,12па рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица од сите повеќе приложи; 4сите овие дадоа прилози на Бога од својот вишок; таа, пак, пушти од својата немаштија – сиот имот што го има­ше.“
Исус го најавува разурнувањето на храмот
(Мт 24,1-2; Мк 13,1-2)
5И додека некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и заветни дарови, Тој им рече: 6#19,44; Ер 7,12-15; 26,1-19; Ез 8–11; Мих 3,12; Мт 26,61; 27,40; Мк 14,58; Дела 6,14„Ќе дојде време во кое од сето ова што го гледате нема да остане ниту камен, што не ќе биде урнат.“
Блиски и далечни знаци на Судот
(Мт 24,3-8; Мк 13,3-8)
7 # 17,20; Дела 1,6 И Го прашаа, говорејќи: „Учителе, а кога ќе биде тоа и каков е знакот дека тоа почнува да се случува?“ 8#17,23; Ер 14,14; 1 Јн 2,18Тој рече: „Внимавајте да не ве прелажат! Зашто мнозина ќе дојдат под Мое име и ќе зборуваат дека сум Јас, и дека времето се приближи. Но, не одете по нив! 9#Дан 2,28А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба најнапред да се случи, но крајот е вед­наш.“ 10#Ис 19,2; 2 Лет 15,6Тогаш им рече: „Ќе се крене народ против народ и царство против царство; 11а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има страотни појави и големи знаци на небото.
Претходните прогонства и сведоштво
(Мт 10,17-22; Мк 13,9-13)
12 # 12,11; Јн 16,2 А пред сето тоа ќе стават раце на вас и ќе ве гонат, предавајќи ве во синагогите и затворите, и ќе ве водат пред цареви и управници, заради Моето име. 13#24,48; Дела 1,8; Фил 1,12-13И тоа ќе ви биде вам за сведоштво. 14#12,11-12И затоа врежете во вашите срца, да не размислувате однапред што ќе одговорите, 15#Јн 14,18; Дела 6,10зашто Јас ќе ви дадам уста и муд­рост, на која не ќе можат да ѝ против­речат ниту да ѝ се противстават сите ваши противници. 16#11,49Ќе бидете предадени исто така и од родители, и од браќа, и од роднини и од пријатели, а некои од вас ќе бидат и убиени; 17#Јн 15,18-21и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име. 18#12,7; 1 Цар 14,45; Мт 10,30; Дела 27,34Но, ниту влакно од главата ваша нема да загине; 19#8,15; Мт 10,22; Евр 10,36; Откр 2,7со трпение спасувајте ги ду­шите свои.“
Исус го најавува разурнувањето на Ерусалим
(Мт 24,15-21; Мк 13,14-19)
20 # 19,43; 23,28-31 „А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, тогаш знајте дека е блиску неговото запустување. 21#17,31Тогаш, оние што се наоѓаат во Ју­де­ја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него, 22#5 Мојс 32,35; Ис 34,8; Ер 46,10; Ос 9,7зашто тоа е времето на одмазда, во кое ќе се исполни сѐ што е напишано. 23#1 Кор 7,26Но тешко на бремените и доилките во тие дни, зашто голема мака ќе има по земјата, и гнев врз овој народ; 24#5 Мојс 28,64; Ис 63,18; Ер 21,7; Пс 78,1; Дан 8,13; 9,26; 1 Езд 9,7; 1 Мак 3,45.51; Рим 11,25; Откр 11,2 и ќе паднат од сечилото на мечот, и ќе бидат одведени во ропство меѓу сите народи; а Ерусалим ќе го газат незна­бошци, сѐ додека не се исполнат времињата на незнабошците.“
Доаѓањето на Синот Човечки
(Мт 24,29-31; Мк 13,24-27)
25 # Ис 13,10; Ез 32,7; Јоил 2,10; 3,3-4; Пс 45,2-3; 2 Птр 3,10; Откр 6,12-13 „И ќе има знаци на сонцето, и на месечината и на ѕвездите, а на земјата – тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите; 26#Ис 34,4; Агеј 2,6.21луѓето ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небесни ќе бидат разнишани. 27#Дан 7,13; 7,14; Мт 26,64; Евр 10,37; Откр 1,7И тогаш ќе Го видат Синот Чо­веч­ки како доаѓа на облаци, со голема сила и слава.
Наближувањето на Царството Божјо
(Мт 24,32-35; Мк 13,28-31)
28 # 1,68; Рим 8,23; 13,11; Кол 1,14 А кога ќе почне тоа да станува, ис­правете се и подигнете ги главите свои, зашто се приближува вашето избавување.“ 29И им ја кажа оваа парабола: „Погледнете ја смоквата и сите дрвја; 30кога ќе видите дека потеруваат, са­ми знаете дека летото е веќе близу. 31#9,27; 10,11Па така, кога ќе видите дека станува ова, знајте дека се приближи цар­ството Божјо. 32Вистина ви велам, нема да помине овој род, додека не се исполни сето тоа. 33#16,17; Мт 5,18Небото и земјата ќе минат, но зборовите Мои нема да минат.“
Неопходно е да се биде буден
34 # 8,14; 17,27-28; Изреки 23,20; Мт 24,48-50; Мк 4,19; 1 Сол 5,3.6-7 „Само пазете се: вашите срца да не бидат натежнати од прејадување и пи­јанство, и тегобни грижи за овој живот, за да не ве затекне оној ден ненадејно; 35#Ис 24,17зашто тој ќе дојде како стапица за сите што живеат по целата земја; 36#18,1; Мт 24,42; 25,13; 1 Птр 4,7; Откр 6,17бидете будни во секое време и мо­ле­те се, за да се удостоите да го избегнете сето она што треба да се случи и да застанете пред Синот Човечки!“
Последните денови на Исус во храмот
37 # 19,47; 22,53; Мк 11,1.11.19; Јн 18,20 Дење Тој беше во храмот и поучу­ваше, а ноќе излегуваше и ноќеваше во гората наречена Маслинова. 38И сиот народ доаѓаше наутро кај Него во храмот, за да Го слуша.

Currently Selected:

Лука 21: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy