YouVersion Logo
Search Icon

Лука 20

20
Исусовата власт
(Мт 21,23-27; Мк 11,27-33)
1Еден ден, додека Тој го поучу­ваше народот во храмот и го про­поведаше Евангелието, пристапија пр­восвештениците и книжниците со ста­решините 2#Јн 2,18; Дела 4,7и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“ 3А Тој им одговори и рече: „Ќе ве прашам и јас еден збор, и кажете ми: 4#11,16; Мт 3,6; Дела 10,37Дали крштевањето Јованово беше од небото, или од луѓето?“ 5#Мт 21,32А тие почнаа да размислуваат и да си зборуваат меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече – Зошто не му пове­рувавте? 6#Мт 14,5Ако, пак, речеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ каменува, би­дејќи е уверен дека Јован беше пророк.“ 7Затоа одговорија: „Не знаеме од каде е.“ 8Исус им рече: „Ниту Јас нема да ви ка­жам со каква власт го вршам тоа.“
Парабола за немилосрдните лозари
(Мт 21,33-46; Мк 12,1-12)
9 # Ис 5,1; Мт 25,14 И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си за­ми­на на подолго време. 10#2 Лет 36,15-16А во свое време испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од родот на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен. 11И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го посрамија, па го ис­пратија празен. 12Испрати и трет, а тие и него го ра­нија и го избркаа. 13#3,22Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам својот возљубен син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘ 14Но лозарите, штом го видоа, си раз­мислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и нам да ни остане наследството!‘ 15И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето? 16#Дела 13,46; 28,28Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“ 17#Пс 117,22; Ис 28,16; Дела 4,11; 1 Птр 2,7Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Ка­ме­нот што го отфрлија ѕидарите, стана ка­мен темелник‘. 18#Ис 8,14-15Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“
За данокот
(Мт 22,15-22; Мк 12,13-17)
19 # 19,47; 22,2; Мт 14,5; Дела 5,26 И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа пара­бола. 20#11,54; 16,15И дебнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на началството и на власта управникова. 21#3 Мојс 19,15; Пс 26,11; 50,15; Дела 9,2; 10,34; Гал 2,6; Јк 2,1И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш кој е кој, туку вистински поу­чуваш за патот Божји. 22#Рим 13,6Позволено ли ни е да му даваме да­нок на царот или не?“ 23А Тој го разбра нивното лукавство и им рече: „Зошто Ме искушувате? 24Покажете ми еден денариј: Чија слика и натпис стои таму?“ Тие одгово­рија: „На царот.“ 25#23,2; Рим 13,7Па им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ 26И не можеа да фатат нешто во Не­говите зборови пред народот, туку само се зачудија на одговорот Негов и за­молкнаа.
Прашање за воскресението на мртвите
(Мт 22,23-33; Мк 12,18-27)
27 # Дела 4,1-2; 23,8; 1 Кор 15,12 Тогаш пристапија некои од саду­ке­ите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа, 28#1 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напи­ша: Ако некому умре брат, кој имал же­на и умрел бездетен, брат му да ја земе жената и да го подигне потомството на својот брат. 29Си беа седум браќа. Првиот ја зеде жената и умре без деца. 30Жената ја зеде вториот, но и тој умре без деца. 31Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина не оставија деца и умреа. 32По сите нив, умре и жената. 33При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи се­думмина ја имаа за жена?“ 34#17,27; Мт 24,38Им одговори Исус и рече: „Си­но­ви­те од овој свет се женат и мажат; 35#Фил 3,11но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат; 36#1 Јн 3,2всушност, тие веќе не можат да ум­рат, затоа што се како ангели, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји. 37#2 Мојс 3,6; Дела 3,13; Рим 6,10-11А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го покажа и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ – Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов. 38#Дела 17,28; Рим 14,8-9А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи.“ 39#Мк 12,28А некои од книжниците одговорија и ре­коа: „Учителе, добро рече!“ 40#9,45И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат. А тој им рече:
Месијата и Давид
(Мт 22,41-46; Мк 12,35-37)
41„Како, пак, велат де­ка Христос е син Давидов? 42#Пс 109,1; Дела 2,34-35; 1 Кор 15,25 Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна, 43додека не ги положам неприја­те­ли­те Твои во подножјето на нозете Твои!‘ 44Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш може да му биде син?“
Исусовиот суд за книжниците
(Мт 23,1-36; Мк 12,38-40)
45И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на учениците Свои: 46#11,43„Чувајте се од книжниците што ми­луваат да одат во долги облеки и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и да се први на гозбите; 47што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“

Currently Selected:

Лука 20: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy