YouVersion Logo
Search Icon

Исаија 60

60
Нов ден за Ерусалим
1 # 2,5; 40,5; 51,17; 52,2; 58,8-10; Варух 5,3; Откр 21,11 Дигни се, заблескај Ерусалиме, зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе. 2#9,1; 59,19; 2 Мојс 24,16; Мт 2,2.9Зашто, ете, темнина ќе ја покрие земјата, и мрак – народите; а над тебе ќе засветли Господ, и славата Негова ќе се јави над тебе. 3#2,2-4; 49,6; Тов 13,13; Откр 21,24И народите ќе дојдат кон твоето ви­дело, царевите – кон светлината што из­грева над тебе. 4#49,18-22; 66,20; Варух 5,5-6Крени ги очите и погледај наоколу: сите тие се собираат, идат кај тебе; тво­ите синови ќе дојдат оддалеку, и твоите ќерки на раце ќе се носат. 5#61,6; Агеј 2,7; Пс 71,10; 118,32; Тов 13,11Тогаш ќе видиш и ќе се зарадуваш, и срцето твое ќе затрепери и ќе се ра­шири, зашто богатството на морето ќе потече кон тебе, имотот на народите ќе дојде кај тебе. 6#2 Мојс 2,15; 3 Цар 10,1; Мт 2,11Множество камили ќе те покријат, едногрби камили од Мидјан и од Ефа; сите тие ќе дојдат од Сева, ќе донесат злато и темјан и ќе ја објавуваат славата Господова. 7#56,6-7; 1 Мојс 25,13; Ез 27,21Сите кедарски стада ќе бидат соб­ра­ни кај тебе; овните невајотски ќе ти по­служат: ќе излезат на жртвеникот Мој како благоугодна жртва, а Јас ќе го прославам домот на Мојата слава. 8#49,21; Ос 11,11Кои се тие што летаат како облаци, и како гулаби – кон гулабарниците свои? 9#43,6; 51,5; 55,5; 3 Цар 10,22; Пс 47,7Да, Мене Ме чекаат островите и пред нив – таршишките кораби, за да ги пренесат синовите твои оддалеку и со нив – сребро нивно и злато нивно, во името на Господ, твојот Бог, и на Све­тецот Израилев, зашто Тој те прослави.
Ерусалим ќе биде обновен
10 # 49,17; 54,8; Зах 6,15 Тогаш синовите на туѓинци ќе ги градат ѕидовите твои, и нивните цареви – ќе ти служат; зашто во гневот Свој те казнував, но во благоволението Свое бев милостив кон тебе. 11#45,1; Откр 21,25-26Твоите порти секогаш ќе бидат от­ворени, нема да се затвораат ни дење, ни ноќе, за да се принесува кај тебе имотот на народите и да се доведуваат нивните цареви. 12#Ер 12,17Зашто народот и царствата, кои нема да сакаат да ти служат, ќе загинат, и таквите народи сосема ќе бидат ис­тре­бени. 13#35,2; 41,19; 3 Цар 5,18-19; 20,23Славата на Ливан ќе дојде при тебе со кипарис, бор и кедар заедно, за да го украси местото на Моето светилиште, – а Јас ќе го прославам подножјето на но­зете Свои. 14#1,26; 49,23; Пс 86,3; Откр 3,9И ќе дојдат кај тебе со покорност синовите на оние, што те измачуваа, ќе ти се поклонуваат пред нозете твои си­те што те презираа; ќе те наречат град на Господ, Сион на Светецот Израилев. 15#51,11; 62,4.12; 65,18; Пс 47,2Затоа што беше изоставен и намра­зен, така што никој не минуваше преку тебе, – Јас ќе те направам вечна слава, и радост од род во род. 16#41,14; 49,23.26Ти ќе се наситуваш од млекото на народите, и ќе смукаш од царски гради, и ќе познаеш дека Јас, Господ, сум твој Спасител и твој Искупител, Силниот Јаковов. 17#1,26; 3 Цар 14,26-27; Пс 147,3Место бакар ќе ти испраќам злато, место железо – сребро, и место дрво – бакар, а место камења – железо; и ќе го поставам мирот за твој управител и правдата – за твој надзорник. 18#11,9; 59,7; 62,7; Откр 21,12.14Нема повеќе да се слуша за насилство во земјата твоја, ниту опус­то­шу­ва­ње и разурнување – во пределите твои; и ѕидовите свои ќе ги нарекуваш спасение и портите свои – слава. 19#24,23; Зах 2,5; Лк 1,78; Откр 21,23; 22,5Нема повеќе сонцето да ти биде ви­дело на денот, ниту сјајот на ме­се­чи­на­та ќе ти свети; Господ ќе ти биде вечна светлина, и твојот Бог – твоја слава. 20#Откр 21,4Нема да заоѓа веќе твоето сонце, ниту твојата месечина ќе потемнува, зашто Господ ќе ти биде вечна светлина; ќе се свршат дните на твоето тагување. 21#29,23; 54,13-14; 57,13; 61,3И сиот народ твој ќе биде праведен, засекогаш ќе ја наследи земјата, – фи­данка од она што сум го посадил, дела на рацете Мои, за Мое прославување. 22Од мал народ ќе се намножат илјади, од најслабиот – силен народ. Јас, Господ, ќе побрзам да го завршам тоа навреме.

Currently Selected:

Исаија 60: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy