YouVersion Logo
Search Icon

Исаија 59

59
Осуда на социјалните неправди
1 # 50,2 Ете, раката на Господ не се скусила, та да не може да спасува, и увото Негово не отврднало, та да не мо­же да слуша. 2#50,1; 57,17; 5 Мојс 31,17-18; Ер 5,25Но беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша. 3#1,15; Пс 5,10; Јов 27,4; Изреки 6,17Зашто рацете ваши се осквернети со крв, а прстите ваши – со беззаконие; ус­тата ваша говори лага, јазикот ваш ис­кажува неправда. 4#Пс 7,14; Јов 15,35Никој не го крева гласот за правда, и никој не се застапува за вистина: се надеваат на суетното и говорат лага, зачнуваат зло и раѓаат беззаконие; 5#14,29; Пс 57,2-9; Јов 8,14; Мт 3,7несат змиски јајца и ткаат пајажина; кој ќе ги изеде јајцата нивни – умира, ако, пак, ги скрши – отровна змија ќе исползи – од нив. 6Пајажините нивни не ги бива за об­лека, нема да се покријат со изработката своја; делата нивни се дела неправедни, а насилството е во рацете нивни. 7#51,19; Пс 13,3; Изреки 1,16; Рим 3,15-17Нозете нивни трчаат кон зло, брзаат да пролеваат невина крв; мислите нив­ни – се мисли нечесни; по патеките нив­ни – опустошување и погибел. 8#48,22; 57,21; Изреки 2,15; 10,9; Лк 1,79Тие не го знаат патот на мирот и на патеките нивни нема правда; патиштата им се искривени, и никој, кој оди по нив, не знае за мир.
Народот ги исповеда своите гревови
9 # Ер 8,15; Амос 5,18-20; Јов 30,26; Јн 8,12 Затоа е и далеку од нас справед­ли­воста, правдата не стигнува до нас: че­каме видело, а тоа темнина, – светлина, а одиме во мрак. 10#5 Мојс 28,29; Ер 13,16; Соф 1,17; Јов 5,14; 12,25; Плач 3,6Го пипкаме ѕидот како слепи, одиме со пипкање како без очи; на пладне се сопнуваме како во мрак, меѓу живите сме како мртви. 11#38,14; Ер 8,15; Наум 2,7Сите рикаме како мечки и стенкаме како гулаби, чекаме суд, а него го нема, – спасение, но тоа е далеку од нас. 12#Ер 7,9; 14,7; Ос 5,5; Пс 50,4; Јов 16,8Зашто престапите наши пред Тебе се многубројни, гревовите наши све­до­чат против нас; со нас се престапите на­ши, беззаконијата наши ги знаеме. 13#Ер 7,8Ние изневеривме и се одрековме од Господ и отстапивме од нашиот Бог; го­воревме клевета и насилство, зач­ну­вав­ме и раѓавме од срцата наши лажливи зборови. 14#Амос 3,10; Пс 54,10-11И справедливоста отстапи назад, а правдата застана далеку; зашто вистината се сопна на плоштадот, чесноста не можеше да влезе.
Господ ќе го избави Својот народ
15 # Јов 1,1.8; 2,3 И исчезна вистината, а кој се одда­ле­чува од злото, се изложува на ограбување. И Господ го виде тоа; и на очите не Му беше мило што нема правда. 16#40,10; 51,5; 63,5; Ер 4,25; Пс 63,4И виде дека немаше човек, се чу­де­ше дека немаше застапник; тогаш Не­говата рака Му помогна и правдата Не­гова Го поддржа. 17#61,10; Мудр 5,17-23; Ефес 6,14-17; 1 Сол 5,8И ја облече врз Себе правдата како оклоп, а на главата Своја го стави шле­мот на спасението; и се облече во ко­шу­ла на одмазда како во облека, се покри со ревност како со наметка. 18#66,6; 5 Мојс 32,43; Наум 1,2Според делата, според делата ќе им даде Тој на противниците Свои – со ја­рост, на непријателите Свои – со одмазда, на островите ќе им го даде заслу­же­ното. 19#24,14-15; 45,6; Мал 1,11; Пс 101,15И ќе се уплашат на запад од името на Господ, на исток – од славата Негова. Ако непријателот надојде како река, – духот на Господ ќе го истера. 20#41,14; Зах 9,9; Рим 11,26И ќе дојде Искупителот за Сион и за синовите Јаковови, кои се одвратиле од нечесноста, вели Господ. 21#51,16; 2 Цар 23,2; Ер 1,9; Рим 11,27И еве го заветот Мој со нив, вели Господ: Духот Мој, Кој е врз тебе, и зборовите Мои, што ги вложив во устата твоја, нема да излезат од устата тво­ја, од устата на потомството твое и од устата на потомците на твоето потом­ство, вели Господ, отсега и довека.

Currently Selected:

Исаија 59: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy