YouVersion Logo
Search Icon

Битие 2

2
1Така се довршија небото и земјата и сето нивно воинство. 2#2 Мојс 20,11; 31,12-17; Евр 4,4-5.10Седмиот ден Бог ги заврши делата Свои, што ги направи; и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои, што ги создаде. 3И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде. 4Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото. 5А уште не беа никнале полски гр­мушки и земни тревки, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек кој ќе ја обработува земјата, 6но се креваше пара од земјата и ја оросуваше површината на целата земја. 7#Пс 103,20-30; Јов 34,14-15; Проп 3,20; 12,7; Мудр 15,8-11; 1 Кор 15,45-49И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.
Градината во Едем
8И Господ Бог насади рајска градина на исток; и таму го насели човекот што го создаде. 9#Изреки 3,18; Откр 2,7; 22,14И Господ Бог направи да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото. 10#Ез 47,1; Откр 22,1-2Од Едем извираше река за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше на други четири реки. 11Името на едната е Пишон; таа тече околу целата Хевилска земја, каде има злато. 12Златото на таа земја е добро; таму има и бделиум и камен оникс. 13А на втората река името ѝ е Гион; таа тече околу целата земја Куш. 14Името, пак, на третата река е Хиде­кел#2,14 Тигар таа тече на исток од Асирија. Четвртата река е Еуфрат. 15И го зеде Господ Бог човекот (кого го создаде), го насели во Едемската градина, за да ја обработува и да ја чува. 16И му заповеда Господ Бог на човекот, велејќи: „Од секое дрво во гра­дината можеш да јадеш, 17#Мудр 1,12-15; Рим 6,23освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.“ 18#24,67; Изреки 18,23И Господ Бог рече: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!“ 19Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите небески птици, и ги доведе кај човекот за да види како ќе ги нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името. 20И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на небеските птици, и на сите полски ѕверови; но за човекот не се најде помошник, сличен на него. 21#15,12Затоа Господ му прати на човекот длабок сон; па кога заспа, му извади едно ребро, и местото го пополни со месо. 22#1 Кор 11,8-9; 1 Тим 2,13Од реброто, што го зеде од човекот, Господ Бог создаде жена и ја доведе кај човекот. 23#Песна 2,16; 6,3А човекот рече: „Еве тоа е коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот (свој)!“ 24#Мал 2,15; Мт 19,5; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31Затоа човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја; и (обата) ќе бидат едно тело. 25И беа обајцата голи, Адам и жената негова, и не се срамеа.

Currently Selected:

Битие 2: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy