YouVersion Logo
Search Icon

Битие 1

1
ВО ПОЧЕТОКОТ
Бог го создава светот и човекот
1 # 2,4-25; Ис 42,5; Ер 10,11-12; Пс 8; 32,6-9; 73,15-17; 88,11; 89,2; 101,25; 103; Јов 38; Изреки 8,22-31; Јн 1,1-3; Дела 17,24; Кол 1,15-17 Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. 2#Ер 4,23Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата. 3#Ис 45,7; 60,19; 2 Кор 4,6; Откр 22,5И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И настана светлина. 4И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината. 5Бог светлината ја нарече ден, а тем­нината ја нарече ноќ. И настапи вечер, и настапи утро – прв ден. 6Потоа Бог рече: „Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!“ (И така стана). 7#Ез 1,22-25; Пс 148,4И создаде Бог свод; и ја одвои водата што е под сводот од водата што е над сводот. Така и стана. 8И сводот Бог го нарече небо. (И виде Бог дека тоа е добро). И настапи вечер и настапи утро – втор ден. 9#Ис 51,10; Јов 26,8-10; 38,8И Бог рече: „Нека се собере водата, што е под небото на едно место, и нека се појави копно!“ И стана така. (Водата што е под небото се собра на своите места и се појави копно). 10Копното Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека тоа е добро. 11#Пс 64,9-13И Бог рече: „Нека израсте од земјата зеленило – трева, што дава семе, пло­доносни дрвја кои во себе имаат семе (според својот род и вид)!“ И стана така. 12Земјата пушти од себе зеленило: трева што дава семе според својот род (и вид), а и (плодоносни) дрвја што раѓаат плод, чие семе е според нивниот род. И Бог виде дека тоа е добро. 13И настапи вечер, и настапи утро – трет ден. 14#Ер 31,35; Варух 3,33-35Потоа Бог рече: „Нека се појават светила на небескиот свод (за да ја ос­ветлуваат земјата), за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините; 15и нека бидат тие светилници на не­бескиот свод, за да ја осветлуваат земјата!“ И стана така. 16#Пс 135,7-9; Сир; 43,1-10Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта; ги создаде и ѕвездите; 17и ги постави Бог на небескиот свод да ја осветлуваат земјата, 18и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека тоа е добро. 19И настапи вечер, и настапи утро – четврти ден. 20Потоа рече Бог: „Водата нека се исполни со живи суштества, а низ не­бескиот свод над земјата нека полетаат птици!“ (И така стана). 21#Јона 2,1; Јов 40И Бог создаде големи риби и сека­ков вид животни влекачи, што живеат во водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според нивниот род. И виде Бог дека тоа е добро. 22#Мт 6,26; Лк 12,6И ги благослови Бог, велејќи: „Плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека се намножат на земјата!“ 23И настапи вечер, и настапи утро – петти ден. 24Пак рече Бог: „Нека изведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род!“ И стана така. 25#Ер 27,5; Пс 49,10-12И Бог создаде ѕверови земни, спо­ред родот нивни, и добиток според ро­дот негов, и секакви гадинки земни, според родот нивни. И Бог виде дека тоа е добро. 26#9,6; Мудр 2,23; Сир 17,1-4Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според Нашиот образ (и) според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небеските птици, (над ѕверовите) и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!“ 27#Мт 19,5; Мк 10,6; 1 Кор 11,7; Јк 3,9И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. 28#8,17; 9,1.7; Пс 8,6-8И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и ов­ладајте ги морските риби (и ѕверовите), и небеските птици (и секаков добиток, целата земја), и сите животни што лазат по земјата!“ 29#9,2-4И Бог рече: „Еве, ви дадов секакви билки што даваат семе по целата земја, и секакви дрвја што во себе имаат семе според својот род и вид; тоа да ви биде за храна! 30А на сите земни ѕверови, и на сите небески птици, и на сѐ што се движи (и лази) по земјата, во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија за храна.“ Така и стана. 31#Пс 103,24; Сир 39,33-35; 1 Тим 4,4И Бог виде дека сето она што го создаде е многу добро. И настапи вечер, и настапи утро – шести ден.

Currently Selected:

Битие 1: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy