YouVersion Logo
Search Icon

Дела 22

22
1„Мажи браќа и татковци! Послушајте ја сега мојата одбрана пред вас.“ 2А кога слушнаа дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече: 3#1 Лет 28,9; Гал 1,14; Фил 3,6„Јас сум Јудеец, родум од Тарс Киликиски, но воспитан во овој град кај нозете Гамалиилови, поучен точно спо­ред Законот на татковците и ревнител за Бога, како што сте и вие сите денес. 4#8,3; 9,1-2; 1 Кор 15,9; Гал 1,13.23До смрт ги гонев јас приврзаниците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени. 5#26,9-11За тоа може да посведочи прво­свеш­теникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата и одев во Да­маск, да ги доведам во Ерусалим и оние кои беа таму врзани, за да бидат каз­не­ти.
Павле раскажува за своето обраќање
(Дела 9,1-19; 26,12-18)
6Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од не­бото ме осветли силна светлина. 7Јас паднав наземи и слушнав глас, кој ми зборуваше: ‚Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘ 8#2,22Јас, пак, одговорив: ‚Кој си ти, Гос­поди?‘ А Тој ми рече: ‚Јас сум Исус од Назарет, Кого ти Го гониш.‘ 9Оние, кои беа со мене, ја видоа свет­лината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа. 10Тогаш реков: ‚Што да правам, Гос­поди?‘, А Господ ми рече: ‚Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде речено сѐ, што ти е одредено да правиш.‘ 11И бидејќи од болскотот на таа свет­лина не можев да гледам, ме поведоа за рака оние, кои беа со мене, и така ме одведоа во Дамаск. 12А некој си Ананија, маж бла­го­чес­тив според Законот, со добро име меѓу сите Јудејци во Дамаск, 13дојде кај мене, застана и ми рече: ‚Брате Савле, прогледај!‘ И јас во тој миг прогледав и погледнав кон него. 14#3,14; 7,52; Гал 1,15 Тој ми рече: ‚Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да слушнеш глас од устата Негова, 15зашто ќе Му бидеш сведок пред си­те луѓе за она што си видел и слушнал. 16И сега, зошто се задржуваш? Ста­ни, крсти се и очисти ги гревовите свои, повикувајќи го името на Господ Исус.‘
Павле раскажува како бил испратен кај оние кои не се Јудејци
17А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес, 18Го видов како ми вели: ‚Побрзај, из­лези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го примаат твоето сведоштво за Ме­не!‘ 19Јас, пак, одговорив: ‚Господи, тие знаат дека јас ги затворав и биев по си­на­гогите оние, кои веруваа во Тебе; 20#7,58и кога се проливаше крвта на Сте­фан, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘ 21#Ер 1,5И ми рече: ‚Оди! Јас те праќам да­леку – кај незнабошците.‘“
Павле и римскиот заповедник
22 # 21,36; 25,24 И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа го издигнаа гласот свој и почнаа да викаат: „Тргни го од земјата таков! Тој не треба да живее!“ 23И бидејќи тие вревеа, мавтаа со алиштата свои, та креваа прав во воздухот, 24заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него. 25#16,37Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски гра­ѓанин, и тоа без пресуда?“ 26Кога го слушна тоа стотникот, оти­де да го извести заповедникот, па му ре­че: „Што мислиш да правиш? Овој чо­век е римски граѓанин!“ 27Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски гра­ѓанин ли си ти?“ Тој одговори: „Да.“ 28А заповедникот рече: „Тоа гра­ѓан­ско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле пак рече: „А јас сум се родил како таков.“ 29И веднаш отстапија од него оние, кои сакаа да го испитуваат. А заповед­ни­кот, кога дозна дека е тој римски гра­ѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.
Павле пред врховниот суд
30На вториот ден, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Ју­дејците, го ослободи од оковите и запо­веда да дојдат првосвештениците и це­лиот нивен Синедрион, па го доведе долу Павле и го исправи пред нив.

Currently Selected:

Дела 22: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy