YouVersion Logo
Search Icon

Дела 21

21
Павле се враќа во Ерусалим
1И штотуку се одделивме од нив отпловивме. Пловејќи стигнав­ме право во Кос, а на вториот ден во Ро­дос, и оттаму во Патара. 2Таму откако најдовме кораб, кој заминуваше за Феникија, се качивме и отпловивме. 3#11,19; Мк 3,8; Лк 6,17Штом го наѕревме Кипар и го оставивме одлево, запловивме кон Сирија. Се симнавме во Тир, зашто таму тре­ба­ше коработ да се растовари. 4#20,22-23И кога ги најдовме учениците, таму останавме седум дена. Тие, поттикнати од Духот, му велеа на Павле да не вле­гува во Ерусалим. 5А кога изминаа деновите, излеговме и тргнавме на пат, а сите нѐ испраќаа со жените и децата сѐ до крајот од градот. На брегот, пак, паднавме на колена и се помоливме. 6#20,36-37И штом се простивме еден со друг, влеговме во коработ, а тие се вратија дома. 7А ние го завршивме пловењето од Тир и стигнавме во Птолемаида. Таму ги поздравивме браќата и кај нив ос­та­навме еден ден. 8#6,5; 8,40; 18,22Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Кеса­рија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, и останавме кај него. 9Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа. 10#11,28Ние престојувавме кај нив многу дни. Тогаш од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав; 11#20,23; Лк 18,32и кога дојде кај нас, го зеде Пав­ло­виот појас, па ги врза рацете свои и но­зете и рече: „Тоа го вели Духот Свети; така ќе го врзат Јудејците во Ерусалим оној маж, на кого што му припаѓа овој појас, и ќе го предадат во рацете на нез­набошците.“ 12Штом го чувме тоа, и ние и та­мош­ните го молевме да не се качува во Еру­салим. 13#5,41; 20,24; Лк 21,12Но Павле одговори: „Што правите, та плачете и го нажалувате срцето мое? Јас сум готов не само да бидам врзан, туку и да умрам во Ерусалим за името на Господ Исус.“ 14#Лк 22,42А бидејќи тој не се премисли, ние замолкнавме и рековме: „Нека биде волјата Господова!“ 15Откако изминаа деновите се подготвивме за пат и се искачивме во Еру­салим. 16Со нас дојдоа и некои ученици од Кесарија, кои нѐ одведоа кај некој си Мнасон, од Кипар, ученик од самиот почеток. Кај него требаше да престојуваме на гости.
Павле во посета кај Јаков
17Кога пристигнавме во Ерусалим, браќата нѐ примија со радост. 18На вториот ден Павле влезе со нас кај Јаков; дојдоа и сите старешини. 19#15,3-4.12И откако ги поздрави, Павле им раскажа сѐ по ред што направил Бог меѓу незнабошците преку неговата служба. 20А тие, кога слушнаа, Го славеа Бога и му рекоа: „Гледаш, брате, колку де­се­тици илјади Јудејци поверуваа, и сите тие станаа ревносни приврзаници на За­конот. 21#Гал 5,1А за тебе многу им е зборувано дека ги учиш сите Јудејци, кои се меѓу незнабошците, да отстапуваат од Мој­сеј, велејќи им да не ги обрезуваат чеда­та свои, и да не постапуваат по оби­ча­ите. 22И што да се прави сега? Бездруго ќе дојде многу народ, зашто ќе слушнат дека си дошол. 23Направи, пак, што ти велиме: кај нас има четворица мажи, кои се под завет. 24#18,18; 1 Кор 9,20Земи ги, очисти се со нив и плати им да си ги истрижат главите, и сите да разберат дека она што го слушнале за тебе, не е ништо, туку дека и ти сам жи­вееш според Законот и го пазиш. 25А за незнабошците што поверуваа ние пишавме, откако решивме, да не па­зат ништо такво, туку само да се воз­др­жуваат од идолски жртви, од крв, од удавено и од блудство.“ 26Тогаш Павле ги зеде тие луѓе, и, от­како се очисти со нив, на вториот ден влезе во храмот и го објави денот, во кој се навршуваат деновите на очистувањето и во кој ќе се принесе жртва за секого од нив.
Павле уапсен во храмот
27 # Мт 26,59 А кога требаше да се свршат се­дум­те дена, азиските Јудејци, штом го ви­доа во храмот го побунија целиот народ и ставија раце на него, 28викајќи: „Луѓе Израилци, помог­не­те! Овој човек насекаде учи против на­ро­дот, против Законот, против ова мес­то; а освен тоа уште и Елини воведе во храмот, та го оскверни ова свето мес­то.“ 29#20,4; 2 Тим 4,20Бидејќи пред тоа во градот го беа виделе со ефесјанецот Трофим и мислеа дека Павле го вовел во храмот. 30Целиот град се раздвижи, и народот се насобра. И кога го фатија Павле, го извлекоа надвор од храмот; и веднаш вратата беше затворена. 31И кога сакаа да го убијат, пристигна вест до заповедникот на четата дека цел Ерусалим се побунил. 32А тој веднаш зеде војници и офице­ри и се спушти кон нив; тие, кога ги ви­доа заповедникот и војниците, преста­наа да го тепаат Павле. 33Тогаш заповедникот се приближи, го фати и заповеда да го врзат со двојни ланци, па праша: кој е тој и што направил? 34Од народот едни викаа едно, други – друго. А тој не можејќи да ја дознае вистината поради силната врева, запо­веда да го одведат во тврдината. 35А кога стигнаа до скалите, вој­ни­ци­те требаше да го носат, поради насилие­то од народот; 36#Лк 23,18бидејќи многу народ ги следеше и викаше: „Погуби го!“
Павле ја искажува својата одбрана
37Кога сакаа да го воведат во тврдината, Павле му рече на заповедникот: „Можам ли да ти кажам нешто?“ А тој рече: „Зарем знаеш грчки? 38#5,36-37Не си ли ти оној Египќанин, кој пред неколку дни крена бунт и одведе во пустина четири илјади мажи разбој­ници?“ 39#9,11; 22,3А Павле одговори: „Јас сум Јудеец од Тарс, граѓанин на тој мошне познат град; те молам, дозволи да му проговорам на народот.“ 40#12,17; 13,16А кога заповедникот го допушти тоа, Павле застана на стапалата, му мавна со рака на народот, и, откако настана длабока тишина, почна да зборува на еврејски, велејќи го следново:

Currently Selected:

Дела 21: MK2006D

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

YouVersion uses cookies to personalize your experience. By using our website, you accept our use of cookies as described in our Privacy Policy