Римјаните 15
15
Угоди му на својот ближен
1Ние, силните, сме должни да ги носиме слабостите на немоќните и да не си угодуваме себеси. 2#14,19Секој од нас нека му угодува на својот ближен со она што е добро, заради надградување. 3#Пс 68,9Зашто и Христос не си угоди Себеси, туку како што е напишано: „Подбивите на оние што Ти се подбиваа, паѓаат врз Мене.“ 4#4,23-24; 1 Мак 12,9; 2 Мак 15,9; 1 Кор 10,6.11; 2 Тим 3,16А сѐ што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж. 5#12,16; 1 Кор 1,10; Фил 2,2; 4,2А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус, 6та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос.
Благовестие за сите луѓе
7Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради Божјата слава. 8#Мт 15,24; Дела 3,25-26Зашто велам дека Христос Исус стана служител на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците; 9#2 Цар 22,50; Пс 17,49а незнабошците да Го прослават Бога за милосрдието, како што е напишано: „Затоа ќе Те исповедам меѓу незнабошците и ќе му пеам на Твоето име.“ 10#5 Мојс 32,43И понатаму се вели: „Развеселете се, незнабошци, со Неговиот народ!“ 11#Пс 116,1И уште: „Фалете Го Господ сите незнабошци, и прославете Го, сите народи!“ 12#Ис 11,10; Мт 12,21; Откр 5,5Исаија, исто така, вели: „Ќе се појави коренот Јесеев и Оној што ќе се издигне да владее над незнабошците, на Него ќе се надеваат незнабошците.“ 13А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.
Павловиот мисионерски потфат
14И самиот сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со добрина, исполнети со секакво знаење и дека можете да се поучувате еден со друг. 15#1,5Но ви пишав, браќа, нешто малку послободно – според благодатта што ми е дадена од Бога, 16#1,9; 11,13; 12,1; Фил 2,17за да бидам служител на Исус Христос меѓу незнабошците и свештенодејствено да го извршувам Божјото благовестие, та приносот на незнабошците, осветен од Светиот Дух, да стане благопријатен. 17#5,2И така, можам да се пофалам во Христос Исус со својот труд за Бога, 18#1,5зашто не се осмелувам да говорам за она што Христос не го извршил преку Мене со зборови и дела, 19#2 Кор 12,12со силата на знаци и чуда, со силата на Божјиот Дух, која ги води незнабошците кон послушност во верата, така што Христовото благовестие го распространував од Ерусалим и неговата околина, па дури до Илирик. 20#1 Кор 3,10; 2 Кор 10,15-16И така, силно бев поттикнат да го проповедам благовестието не таму каде што Христовото име беше веќе познато, за да не ѕидам врз туѓ темел, 21#Ис 52,15туку како што е напишано: „Оние на кои не им е јавено за Него, ќе видат; и оние што не беа чуле, ќе разберат.“
Павловите планови за патување во Рим
22Токму затоа и многупати бев спречен да дојдам кај вас. 23Сега, пак, бидејќи во овие краеви нема такво место, а многу години имам желба да дојдам кај вас, 24#1 Кор 16,6кога ќе тргнам за Шпанија, се надевам дека ќе ве видам на минување и дека натаму вие ќе ме испратите, но откако најпрво ќе ви се порадувам некое време. 25#Дела 19,21А сега одам во Ерусалим за да им послужам на светиите, 26#2 Кор 8,1; 9,2.12; Гал 2,10зашто Македонија и Ахаја одлучија да дадат некаков прилог за сиромашните светии во Ерусалим. 27#1 Кор 9,11; Гал 6,6Тие доброволно одлучија, но и должни им се. Бидејќи, ако незнабошците станаа соучесници во нивните духовни блага, тогаш се должни да им послужат и во телесните. 28#15,24И така, откако ќе го завршам ова и ќе им го предадам овој плод, преку вашата земја ќе заминам за Шпанија. 29А знам дека, кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со изобилен благослов на Христовото благовестие. 30#2 Кор 1,11Браќа, ве молам поради нашиот Господ Исус Христос и поради љубовта на Духот, помагајте ми со усилни молитви кон Бога за мене, 31#Дела 20,3за да се избавам од оние што не веруваат, кои се во Јудеја, и моето служење во Ерусалим да им биде благопријатно на светиите; 32#1,10та, преку Божјата волја, да дојдам кај вас со радост и да се успокојам заедно со вас. 33#2 Кор 13,11; Фил 4,9А Бог на мирот нека биде со сите вас. Амин!
Iliyochaguliwa sasa
Римјаните 15: MAK2023
Kuonyesha
Shirikisha
Nakili
Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023