Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Римјаните 14

14
Не суди го својот брат
1 # 15,7; 1 Кор 8,7-13 Слабиот во верата прифатете го, но без расправии за мислењата! 2Еден верува дека може да јаде сѐ, а слабиот во верата јаде само зеленчук. 3#Кол 2,16-21Кој јаде, нека не го презира оној што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној што јаде, бидејќи Бог го прифатил. 4#Мт 7,1; Јк 4,11-12Кој си ти да му судиш на туѓ слу­га? Тој стои или паѓа пред својот господар. А ќе стои исправено, зашто Бог има моќ да го исправи. 5#Гал 4,10; Кол 2,16Некој го разликува едниот ден од другиот, а за некој сите денови се исти. Секој нека биде наполно уверен во своето мислење. 6Кој ги разликува деновите, ги разликува за Господ; и кој не ги разли­кува деновите, за Господ не ги разликува. Кој јаде, за Господ јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господ не јаде и Му благодари на Бога. 7#Гал 2,20Зашто никој од нас не живее за себе и никој не умира за себе; 8#Лк 20,38; 1 Кор 3,23; Гал 2,20; 1 Сол 5,10туку, ако живееме – за Господ живееме и ако умираме – за Господ умираме. Според тоа, живееме ли, умираме ли – Господови сме. 9#Дела 10,42Зашто Христос затоа и умре и воскресна и оживеа, за да господари и над мртвите и над живите. 10#Мт 25,31-46; Дела 17,31; 2 Кор 5,10А ти, зошто го осудуваш својот брат? Или, пак, ти, зошто го презираш својот брат? Сите ќе застанеме пред Христовиот суд. 11#Ис 45,23; 49,18; Ер 22,24; Ез 5,11; Фил 2,10-11Зашто е напишано: „Јас сум жив, вели Господ, зашто пред Мене ќе се свитка секое колено и секој јазик ќе Го славослови Бога.“ 12#Гал 6,5; Евр 4,13И така, секој од нас ќе Му положи на Бога сметка за себе. 13#1 Кор 8,13Затоа, да не се судиме еден со друг, туку подобро расудувајте вака: не поставувај му на својот брат препка или соблазна. 14#Мт 15,11; Дела 10,15; Тит 1,15Знам и уверен сум во Господ дека ништо не е нечисто само по себе; освен ако некој смета дека нешто е нечисто, за него тоа е нечисто. 15#1 Кор 8,9-13А ако твојот брат се ожалости поради тоа што го јадеш, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не погубувај го со твоето јадење оној за кого Христос умре. 16И така, не дозволувајте да се хули на она што е добро според вас! 17#1 Кор 8,8; Гал 5,22; 1 Сол 1,6Зашто царството Божјо не е во јадење и пиење, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух. 18Бидејќи, оној кој Му служи на Христос со овие работи, тој Му е угоден на Бога и е почитуван од луѓето. 19#12,17-18; 15,2; 1 Сол 5,11И така, да го бараме она што служи за мир и за заемно надградување. 20#Тит 1,15Не уривај го Божјото дело заради јадење! Навистина сѐ е чисто, но лошо е за оној човек, кому јадењето му е спрепнување; 21#1 Кор 8,13подобро е да не јадеш месо, да не пиеш вино и да не правиш ништо од кое твојот брат би можел да се спрепне, или да се соблазнува, или, пак, да изнемоштува. 22Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога. Блажен е оној кој не се осудува себеси за она што го одобрува. 23А ако јаде оној што се сомнева, осуден е; зашто не јаде со вера; а сѐ што не се прави со вера, грев е.
Славословие
24На Оној што може да ве зацврсти, согласно моето благовестие и мојата про­по­ве­д за Исус Христос, согласно откривањето на тајната која била скриена од вечни времиња, 25а која сега се јави и, преку про­роч­ките Писма, според заповедта на вечниот Бог, им стана позната на сите народи, за да ги доведе во послушност кон верата – 26на Единствениот, мудар Бог, преку Исус Христос, нека е слава довека. Амин!

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia

Video ya Римјаните 14