Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Јаков 3

3
Внимавај на јазикот
1 # Рим 12,7; 1 Кор 12,28-29; Ефес 4,11 Браќа мои, не станувајте мнозина учители, зашто знаете дека ќе добиеме поголемо осудување. 2#1,4Сите ние многу грешиме. А ако некој во зборови не греши, тој е совршен маж, способен да го заузда и целото тело. 3#Пс 31,9Ете, кога на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело. 4Па, ете, и корабите, иако се навистина големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака. 5Па така, и јазикот е мал орган, но се фали со големи работи. Ете, мал оган, а колку голема шума запалува; 6#Мт 5,22; 12,36-37; 15,11.18-19и јазикот – светот на неправдата – е оган; јазикот е така поставен меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го разгорува течението на животот, а тој самиот, пак, е запален од пеколот. 7Секаков вид ѕверови и птици, влекачи и морски животни, се скротува и се припитомува од човечкиот род, 8#Пс 139,3; Рим 3,13но јазикот, тоа зло што не мирува, полно со смрто­носен отров, никој од луѓето не може да го скроти. 9#1 Мојс 1,26-27; 5,1; 1 Кор 11,7Со него Го благословуваме Бога и Отецот и со него ги колнеме луѓето создадени според Божјото подобие. 10Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде. 11Испушта ли изворот од истиот отвор слатка и горчлива вода? 12Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Та­ка, од ниеден извор не извира и солена и слатка вода.
Мудроста озгора и земната мудрост
13Кој е меѓу вас мудар и разумен? Преку доброто однесување нека ги покаже своите дела во кротоста на мудроста. 14Но, ако во своите срца имате гор­члива завист и себичност, не фалете се и не лажете против вистината: 15#1,5.17; 1 Кор 2,14тоа не е мудрост која слегува одозгора, туку земна, душевна, демонска; 16бидејќи, каде што има завист и себичност, таму има безредие и сѐ е лошо. 17#2,13; Мт 5,7.9; Гал 5,22-25; Евр 12,11; 1 Птр 3,4; 3,10-11.16А мудроста што е озгора, најнапред е чиста, а потоа мирна, кротка, спремна да послуша, полна со милост и добри пло­дови, непристрасна и нелицемерна. 18#Ис 32,17; Мт 5,9; Евр 12,11Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците.

Iliyochaguliwa sasa

Јаков 3: MAK2023

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia