Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Јаков 2

2
Верата е непристрасна
1 # 2,9; 5 Мојс 1,17; Јов 34,19; Дела 10,34 Браќа мои, држете се за верата во Исус Христос, нашиот Господ на славата, без да бидете пристрасни. 2Зашто, ако во вашето собрание влезе човек со златен прстен и раскошни алишта, а влезе и сиромав во валкани алишта, 3па се загледате во оној што носи раскошни алишта и му речете: „Ти седни овде на убаво место!“, а на сиромашниот му ре­чете: „Ти стој таму!“, или: „Седни овде, крај моето подножје!“, 4зарем со тоа не правите разлика помеѓу нив и не станувате ли пристрасни судии? 5#Мт 25,34; 1 Кор 1,26-28; 6,9-10; Гал 5,21Слушнете, возљубени мои браќа: не ги избра ли Бог сиромашните од овој свет за да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние кои Го љубат? 6А вие го посрамивте сиромавиот! Нели богатите ве угнетуваат и ве влечат по судови? 7#Дела 2,38; 10,48Нели тие хулат на вашето добро име, со кое се нарекувате? 8#1,25; 3 Мојс 19,18; Мт 19,19; 22,39; Мк 12,31; Лк 10,27; Јн 13,34-35; Рим 13,9Ако го исполнувате царскиот закон според Писмото: „Возљуби го ближниот како себеси“ – добро правите. 9#5 Мојс 1,17Но, ако сте пристрасни, пра­вите грев и Законот ве осудува како прес­тапници. 10#5 Мојс 27,26; Мт 5,19; Гал 3,10Зашто оној што го запазил целиот Закон, а згрешил само во едно, бидува виновен за сѐ. 11#2 Мојс 20,13-14; 5 Мојс 5,17-18; Мт 5,21.27; 19,18; Мк 10,19; Лк 18,20; Рим 13,9Бидејќи Оној што рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Ако, пак, не вршиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на Законот. 12#1,25Така зборувајте и така постапувајте, како луѓе што ќе бидат судени според за­ко­нот на слободата. 13#Мт 5,7; 18,32-35Зашто судот ќе биде безмилосен кон оној кој не покажува милост. Милоста торжествува над судот.
Без дела верата е мртва
14 # 1,25; 3,13; Мт 5,16.20; 7,21.26; Рим 2,6.15-16; 3,28; Гал 2,16; 5,6; Ефес 2,8-10; Кол 1,10; 1 Сол 1,3; 2 Сол 1,11 Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли таквата вера да го спаси? 15Ако некој брат или некоја сестра се голи и секој ден страдаат за храна, 16па некој од вас им рече: „Одете си со мир, згрејте се и наситете се!“, а не им го даде она што е потребно за телото – каква е ползата од тоа? 17#2,20.26Така е и со верата, ако нема дела, сама по себе е мртва. 18Но може некој да рече: „Ти имаш вера, а јас имам дела“. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас преку моите дела ќе ти ја покажам мојата вера. 19#Мт 8,29; Мк 1,24; 5,7; Лк 4,34Ти веруваш дека Бог е еден – добро правиш; но и демоните веруваат и треперат. 20Дали сакаш да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва? 21#1 Мојс 22,9.12; Ис 51,2; Мт 3,9Нели со дела беше оправдан нашиот татко Авра­ам, откако врз жрт­веникот го положи својот син Исак? 22#Јн 8,39.53; Гал 3,6-9; Евр 11,17Гледаш ли дека неговата вера содејствуваше заедно со неговите дела, и дека преку делата, верата се усовршуваше? 23#1 Мојс 15,6; Ис 41,8; 2 Лет 20,7; 1 Мак 2,52; Сир 44,20; Рим 4,3.9.22; Гал 3,6И се исполни Писмото, кое вели: „Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се на­рече Божји пријател. 24Гледате дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера. 25#Ис.Н. 2,4.15; 6,17; Евр 11,31Исто така, зарем со дела не се оправда и блудницата Раав, кога ги прими из­ви­дувачите и ги изведе по друг пат? 26#2,17.20Бидејќи, како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва.

Iliyochaguliwa sasa

Јаков 2: MAK2023

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia