Chapa ya Youversion
Ikoni ya Utafutaji

Јаков 1

1
Поздрав
1 # 5,14-15; Рим 1,1; Фил 1,1; 1 Птр 1,1 Јаков, слуга на Бога и на Господ Исус Христос, испраќа поздрав до дванаесетте племиња, кои живеат раселени.
Вера и мудрост
2 # 1,12; 1 Птр 1,6 Браќа мои, сметајте дека е голема радост кога ќе паднете во разни искушенија, 3#Лк 8,15; Рим 5,3-4; 1 Птр 1,7знаејќи дека испитувањето на вашата вера поттикнува истрајност: 4#1,17; 3,2; Мт 5,48; 19,21а вашата истрајност нека се покаже совршена за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток. 5#3,13; Изреки 2,3-6; Јн 11,22Ако, пак, некому од вас му не­достига мудрост, нека ја бара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без укор – и ќе му се даде. 6#Мт 7,7; Мк 11,24; Ефес 4,14Но да бара со вера, без и најмалку да се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, што ветрот го издига и растура; 7таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ. 8#4,8Тоа е колеблив човек, непостојан во сите свои патишта.
Сиромаштија и богатство
9 # 1 Кор 1,26-29; 11,21-22 Братот кој е на скромна положба нека се фали со својата возвишеност, 10#Ис 40,6-8; Пс 101,4.11; 1 Птр 1,24а богатиот – со својата скромност, бидејќи тоа е минливо како цвет од тре­ва; 11зашто сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и нејзиниот цвет отпаѓа, и убавината на неј­зи­ниот лик исчезнува. Така и богатиот ќе овене на своите патишта.
Човечкото искушение и Божјиот дар
12 # Мт 5,3; Лк 6,20; 1 Кор 9,25; 2 Тим 4,8; Откр 2,10 Блажен е оној човек кој поднесува искушение, бидејќи откако ќе биде про­верен, ќе го добие венецот на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го љубат. 13#Сир 15,11-13Никој, кога е искушуван да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог не може да биде искушуван од злото, и Тој никого не искушува, 14#Рим 7,7-8; 1 Јн 2,16-17но секој е искушуван од сопствената по­хота која го влече и мами. 15#4,17; Рим 5,12; 6,23Потоа похотата зачнува и раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. 16Не лажете се, браќа мои возљубени. 17#Мал 3,6; Мт 7,11; 1 Јн 1,5Секое дадено добро и секој совршен дар е одозгора, слегува од Оте­цот на светлините, во Кого нема про­мена ниту сенка од измена. 18#3,14; 5,19; Јн 17,17; Ефес 1,13; Кол 1,5; 2 Тим 2,15; 1 Птр 1,22-25Тој нѐ роди по Својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.
Да се слуша и извршува словото
19 # 2 Мојс 34,6; Проп 7,9; Сир 5,11 И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а бавен за зборување и бавен за гнев, 20#2,21-25; 5,16; Мт 5,6.10.20; 6,33бидејќи човечкиот гнев не ја из­вр­шува Божјата правда. 21#Мт 11,29; Рим 13,12; Ефес 4,22.25; Кол 3,8; 1 Птр 2,1Затоа, оставаете ја секоја нечистота и насобрана злоба, и со кроткост примете го всаденото слово, кое може да ги спаси вашите души. 22#Мт 7,24; Рим 2,13Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се себеси. 23Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето лице во огледало; 24ќе се погледне, па ќе си замине и веднаш заборава каков бил. 25#2,12.14; Јн 13,17; Рим 8,2; Гал 6,2Но оној што се задлабочува во совр­ше­ниот закон на слободата, и останува во не­го, и не е заборавлив слу­шател, туку исполнител на дела, тој ќе биде блажен во своето дејствување. 26#Пс 33,13; 38,1; 140,3Ако некој од вас мисли дека е по­бо­жен, а не го зауздува својот јазик, туку го мами своето срце, неговата побож­ност е безвредна. 27#4,4; Ис 1,11-17.23; Ер 5,28; Ез 22,7; Зах 7,10Чиста и непорочна побожност пред Бога и Отецот е оваа: да се грижиш за сираци и вдовици во нивните маки и да се запазиш неосквернет од светот.

Iliyochaguliwa sasa

Јаков 1: MAK2023

Kuonyesha

Shirikisha

Nakili

None

Je, ungependa vivutio vyako vihifadhiwe kwenye vifaa vyako vyote? Jisajili au ingia