Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Библијата е живаПримерок

La Biblia está viva

6 ДЕН ОД 7

Библијата носи надеж

Гана* била побожна муслиманка сѐ додека не ја открила живото-трансформирачката моќ на Исус во 2016-та година. Но, откако се преобратила во христијанка, била напуштена, избегната и исфрлена од нејзината заедница и семејството. Во еден момент, нејзините деца биле одземени од неа и испратени во друга земја.


И иако Гана одбила да се откаже од Исус, таа се нашла без цврст систем за поддршка за да ѝ помогне во нејзината вера да се приближи до Исус. Осамена и депресивна, дури размислувала да изврши самоубиство. Но, на крајот се сретнала со некој што ја преземал апликацијата „Библија“ од YouVersion на нејзиниот телефон.


Отпрвин Гана не била заинтересирана, но подоцна таа почнала да го чита Стихот на денот во зори за да може да размислува за неговото значење и да го користи како водич за нејзиниот ден. И со текот на времето, се случило нешто неочекувано…


„Стиховите станаа живи и живееја во мене. Ме научија како да се однесувам со луѓето на здрав начин и ми помогнаа да се излечам од депресијата. Иако бев напуштена, најдов утеха во секое време кога ја читав Библијата. Секогаш кога го читам Стихот на денот, на некој посебен начин ме крева и ми дава надеж. Како Бог секогаш да ми зборува директно преку стиховите.“


Гана сега бара можности да го сподели Стихот на денот каде и да оди. Таа објавува стихови на Интернет за да ја охрабри својата заедница и зборува за Светото Писмо на работа со своите соработници и клиенти.


Нејзината приказна е само еден пример за тоа што Божјиот Збор може да направи кај сите нас. Ситуациите може да се сменат, емоциите да варираат, луѓето може да нѐ разочараат или напуштат - но Словото Божјо останува засекогаш. И поради тоа, можеме да доживееме мир и надеж што ги надминува нашите околности. Затоа што, кога ќе му дозволиме на Божјиот Збор да влезе во нашите срца, тој ќе остане таму.


Денес, замоли го Бог да го оживее Неговиот Збор во тебе преку оваа молитва:


Боже, Ти ме создаде и Ме знаеш. Само Ти имаш моќ да го промениш мојот живот. Затоа, денес Те замолувам да го усогласиш мојот живот со Твојот Збор. Без разлика со што се соочувам, дај ми храброст да го следам верно Твојот Збор за да можам да ја објавам Твојата вистина и љубов кон луѓето што ги ставаш во мојот живот. Направи корените на мојата вера да растат длабоко додека се приближувам кон Тебе. Во името на Исус, амин.


*Името е сменето за да се заштити идентитетот на лицето.


Ден 5Ден 7

Опис за овој план

La Biblia está viva

Уште од почетокот на времето, Божјиот Збор активно ги обновува срцата и умовите - и Бог сѐ уште не завршил со ова. Ајде да ја прославиме оваа живото-преродбена моќ на Светото Писмо во овој специјален 7-дневен план, со то...

More

Овој оригинален Библиски план е составен и овозможен од YouVersion.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност