Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Информација за планот

Библијата е живаПримерок

La Biblia está viva

5 ДЕН ОД 7

Библијата ја пробива темнината

Суму не сакаше да има ништо со христијанството. Но, во 2017-та година, најдобрата пријателка на Суму го сподели своето сведоштво во нејзината црква во Нов Зеланд. Суму се појави да ја поддржи ... и постојано се враќаше таму. Таа го даде својот живот на Исус подоцна истата година, непосредно пред да се пресели во Индија.


Пловењето во нова вера во нова земја без христијанска заедница беше исцрпувачко, и Суму на крајот стана толку депресивна што секој ден се мачеше да стане од кревет.


„Бев толку осамена и ми беше навистина тешко да се поврзам со луѓето. Изгубив многу од својата автономија и независност кога се преселив во Индија, и многу токсични мисли ми влегоа во умот. Но, дури откако успеав да се поврзам со Светото Писмо преку апликацијата „Библија“ од YouVersion, можев да го сменам начинот на кој размислувам“.


YouVersion ѝ обезбеди на Суму начин да остане поврзана со другите христијани и да учи од нив преку библиските планови. И од 2018-та година, таа заврши над 428 од овие планови за читање.


Секогаш кога Суму има прашање, таа ја отвора својата апликација „Библија“ од YouVersion и бара планови на таа тема. И колку повеќе планови чита, толку повеќе нејзината вера расте.


„Некои денови ќе започнам со 11 планови само за да се обидам да се потопам во вистината. Тоа е можност да научиш од луѓето што биле во твоја кожа и да добиеш охрабрување од нив. Научив дека не сум сама во моите борби. Можам да слушнам за луѓе кои поминале низ депресија и излегле како победници, и ми помогна да сфатам дека и следбениците на Исус се обидувале да си го сочуваат менталното здравје“.


Сега, секогаш кога Суму се чувствува осамена, депресивна или изолирана, таа може да се држи до Божјите ветувања и да ја улови секоја мисла што ја има против она што Исус го вели за неа.


„Понекогаш, кога сте во депресија, ви треба само збор. Апликацијата беше „скратениот пат“ што ми помогна да ја разберам Библијата и мојата вера. Технологијата е толку кул алатка што можеме да ја користиме за да се поврземе со нашата вера. Мислам дека не би била тука да немав начин да бидам поврзана преку Христа, бидејќи тие времиња беа навистина мрачни и Тој беше единствениот извор на светлина што го имав - и сѐ уште го имам“.


Поради моќта на Божјиот Збор, изолацијата може да се трансформира во врска со Бога, а надежта може да се открие среде неволји.


Размисли за приказната на Суму за миг, а потоа помини некое време разговарајќи со Бога за состојбата во која моментално се наоѓаш. Додека го правиш тоа, замоли го Бог да ти открие што е вистинито во врска со твојата ситуација, а потоа пребарај го Светото Писмо за Неговите Зборови на надеж и охрабрување. Дозволи Неговата светлина да ја пробие секоја темнина во твојот живот.


Ден 4Ден 6

Опис за овој план

La Biblia está viva

Уште од почетокот на времето, Божјиот Збор активно ги обновува срцата и умовите - и Бог сѐ уште не завршил со ова. Ајде да ја прославиме оваа живото-преродбена моќ на Светото Писмо во овој специјален 7-дневен план, со то...

More

Овој оригинален Библиски план е составен и овозможен од YouVersion.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност